Македонија
„Екогерила“: Заев да понесе одговорност за неспособноста на локалната власт во Тетово

Голем број иритирани граѓани и приватни бизниси во текот на вчерашниот ден реагираа во врска со проблем со водата за пиење во Тетово, која има специфична миризба на хемикалии, информираат во соопштение од движењето „Екогерила“.
Оттаму додаваат дека во моментот немаат веродостојни информации за тоа што навистина се наоѓа во водата за пиење, иако станува збор за проблем со кој Тетово често со соочува, а граѓаните се збунети и во паника.
Од движењето го осудуваат молкот и неодговорноста од градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи, која, како што велат, во ваква хаотична ситуација не успева да го адресира и разјасни проблемот со водата.
„Екогерила“ бара и директна одговорност од премиерот Зоран Заев, како што наведува, за последователните скандали што се случуваат во Тетово како резултат на неспособноста во работењето на Општината и на градоначаничката Арифи.
„На раководни позиции се поставуваат неспособни и некомпетентни луѓе за задачите и должностите што треба да ги извршуваат, па се јавуваат проблеми со водата за пиење, со ѓубрето, нечистотијата во градот, узурпација на јавните простори, финансиска нетранспарентност, градски сообраќај, паркинг, итн.“, се наведува во соопштението на движењето.
Од „Екогерила“ бараат од Владата да ѝ ги одземе надлежностите на Општина Тетово поради неможноста да се справи со градот и со секојдневните проблеми со кои се соочуваат и додаваат дека доколку неподносливата ситуација продолжи, одговорот на граѓаните ќе биде жесток.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Времето денеска променливо облачно со повремен локален дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд.
Според информациите од УХМР, ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец над 70 километри на час.
Минималните температури ќе се движат од 2 до 8, а максималните од 10 до 20 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура во главниот град ќе биде 6, а максималната 18 степени.
Македонија
Обвинителството бара да се продолжи притворот на осомничените за пожарот во Кочани

Основното јавно обвинителство Кочани побара од Судот да се продолжи притворот за сите осомничени во истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи на 16 март, а во кој загинаа 61 лице, а повеќе од 100 се повредени. За тројца од осомничените, Обвинителството бара мерката притвор да се замени со куќен притвор.
„Во текот на денешниот ден до Основниот суд Кочани достави предлози за продолжување на мерките за обезбедување – притвор и куќен притвор за сите осомничени во истрагата за пожарот во кочанската дискотека. Само за тројца осомничени, согласно фазата на обезбедување докази и исполнетоста на законските основи се предлага замена за мерката притвор во куќен притвор. Тоа се двајца осомничени од Државниот пазарен инспекторат и еден припадник на обезбедувањето на дискотеката“, соопштија од Обвинителството.
Од таму додаваат дека продолжуваат истражните дејствија во повеќе правци и во неколку институции со цел испитување на евентуална одговорност, за што јавноста ќе биде известена веднаш по донесувањето на соодветна јавнообвинителска одлука.
Македонија
Во недела посебен сообраќаен режим во Скопје

СВР Скопје известува дека 13.04.2025 (недела) со почеток во 10.00 часот, поради одржување на улична трка, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.
Трасата на движење ќе започне од бул.„Илинден“ пред фонтана Лотус (старт и цел) право долж бул.„Илинден“ до крстосница со бул.„8-ми Септември“ каде се врти полукружно назад по бул.„Илинден“ до целта фонтана Лотус, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници.