Македонија
(Видео) Кирацовски: Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да не подлегнуваат на притисоци и закани и да гласаат по сопствено убедување
Пратеникот и генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, на денешната прес-конференција упати апел до сите пратеници, вклучително и оние од ВМРО-ДПМНЕ, да ги прочитаат предложените измени потенцирајќи дека е време сите оние што се за НАТО и ЕУ заеднички да преземат одговорност во име на граѓаните што ги избрале, да ги поддржат процесите во Собранието и уставните измени да бидат усвоени.
„Ги повикувам пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да не подлегнуваат на притисоци и закани и да гласаат по сопствено убедување следејќи ја мнозинската волја на граѓаните“, изјави Кирацовски.
Пратеникот од СДСМ додаде дека во согласност со врвните стратешки приоритети на Македонија, членството во ЕУ и НАТО, по доставениот предлог до Собранието од страна на Владата за пристапување кон измени на Уставот на Република Македонија, како еден од последните чекори од преспанскиот договор, кои се и јавно објавени и достапни до целата јавност, секој пратеник и секој граѓанин може да ги види и да се увери во вистината.
Со предлог-измените се потврдува сето она што го говоревме изминатиот период – идентитетот, јазикот и македонската посебност се загарантирани и трајно заштитени, вели Кирацовкси и додава дека оттука сите лажни вести и измислени конструкции за наводно загрозување на македонскиот јазик, македонскиот идентитет и македонската историја паѓаат во вода.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

