Свет
Саудиска aвиокомпанија не му дозволила влез во авионот на патник во шорцови
Авион на „Сауди Арабијан ерлајнс“ одбила да пушти во својот авион патник што носел шорцови затоа што би можел да ги навреди нивните муслимански патници, пренесува „Брејтбарт“.
Џордан Бишоп, соработник на магазинот „Форбс“, планирал да лета од Џакарта до Истанбул преку Ријад со националниот превозник на сунитската исламска држава, меѓутоа кога се обидел да се качи на летот во главниот град на Индонезија, бил повлечен од страна на еден член на екипажот, кој му рекол:
„Не можете да летате со ‘Сауди’ облечен во шорцови“.
Кога го замолиле да облече панталони, што тој ги немал, му било кажано дека не му е дозволено да влезе во авионот.
„Кога стана јасно дека немам друга опција, освен да најдам панталони, тргнав низ терминалот додека не најдов киоск за продажба на сарони. Го купив првиот што го видов, се вратив на гејтот и го врзав околу половината како здолниште“, вели Бишоп.
„Сауди Арабијан ерлајнс“ е национална авиокомпанија на Саудиска Арабија, која ја следи конзервативната интерпретација на сунитскиот ислам наречен вахабизам. Во август 2017 година авиопревозникот го привлече светското внимание кога издаде строг кодекс за облекување за патниците наведувајќи дека ќе одбие да превезува жени со разголени нозе или раце или ако носат премногу тенка или премногу тесна облека, како и мажи што носат шорцови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

