Свет
Се самоуби крадец на вредна колекција вино – се фрли од луксузен хотел на Менхетн

Поранешниот личен асистент на извршниот директор на „Голдман Сакс“ се самоуби скокајќи од хотел на Менхетн истиот ден кога требаше да се појави во федералниот суд, каде што е обвинет за кражба на ексклузивна колекција вина од неговиот поранешен шеф.
Николас де Маер е обвинет за крадење висококвалитетно вино вредно над 1,2 милион долари од колекцијата на својот поранешен шеф Дејвид М. Соломон, кој сега е главен извршен директор на „Голдман Сакс“.
Тој требал да се појави вчера во федералниот суд во 14.30 часот. Но, само осум минути подоцна полицијата примила повик дека тој се фрлил од хотелот.
Де Маер (41) скокнал од 33. кат на луксузниот хотел „Карлајл“, каде што престојувал. Властите соопштија дека тој бил прогласен за мртов на местото на настанот.
Полицијата го испитува случајот како самоубиство.
Додека бил личен асистент на Соломон, Де Маер, место да го испорача виното до визбата на Соломон во источен Хемптон, на Лонг Ајленд, тој украл стотици шишиња што ги продал на дилер од Северна Каролина.
Меѓу огромната колекција највредни биле седум шишиња Domaine de la Romanée-Conti, француско пино-ноар од Бургундија, произведено од едно од најпознатите лозја во светот. Рецензентите вината што може да достигнат десетици илјади долари за шише ги опишаа како течно кадифе. Соломон ги купил шишињата за 133.650 долари.
Де Маер беше уапсен на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес во јануари, но до неодамна живееше во Охајо. Тој се соочуваше со казна од 10 години затвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Жестоки судири на авганистанско-пакистанска граница

Жестоки судири синоќа избувнале на границата меѓу Пакистан и Авганистан, откако талибанците извршиле напад врз пакистански воени пунктови, јавуваат светските медиуми.
Екслацијата, како што пишува „Гардијан“ повикувајќи се безбедносни претстаници од двете земји, доаѓа по воздушниот напад што пакистанските сили го извршија оваа надела. Силите на талибанскиот режим во Авганистан, како одмазда вчера почнале со напади врз пакистанските трупи долж границата, тврдејќи дека зазеле два гранични пункта во јужната провинција Хелманд, информација што ја потврдиле локалните власти.
Пакистанските безбедносни претставници ги потврдиле судирите со талибанците на неколку гранични локации, наведувајќи дека нивните сили возвратиле енергично.
„Вечерва, талибанските сили почнаа да пукаат кон неколку гранични точки. Ние возвративме со артилерија на четири локации по должината на границата. Нема да толерираме никаква агресија од авганистанските талибанци на нашата територија. Пакистанските сили одговорија со силен оган, ефикасно таргетирајќи неколку авганистански гранични пунктови“, изјавил претставник на пакистанската влада за „Гардијан“.
Пакистанската армија, како што се наведува, употребила артилерија, тенкови, како и лесно и тешко оружје во своите контранапади.
Ескалацијата доаѓа откако во четвртокот беа пријавени две експлозии во авганистанскиот главен град Кабул и уште една во југоисточен Авганистан. Министерството за одбрана, управувано од талибанците, го обвини Пакистан за кршење суверенитетот на земјата во врска со овие два напади.
Свет
Трамп утре ќе се сретне со семејствата на заложниците кои ги држи палестинската милитантна група Хамас

Американскиот претседател Доналд Трамп утре изутрина ќе се сретне со роднини на заложниците кои ги држи палестинската милитантна група Хамас, по што ќе одржи говор во Кнесетот.
Белата куќа соопшти дека Трамп ќе отпатува во египетското одморалиште Шарм ел-Шеик подоцна утре на „мировна церемонија за Блискиот Исток“ по повод договорот што го посредуваше меѓу Израел и Хамас.
Според распоредот на Белата куќа, „Ер форс уан“ треба да тргне од Вашингтон денеска попладне и да слета во израелскиот крајбрежен град Тел Авив утре во 9:20 часот по локално време.
Потоа се очекува Трамп да одржи говор во Кнесетот, израелскиот парламент, во 11 часот, по средбата со семејствата на заложниците во рамките на Кнесетот.
Во 13 часот американскиот претседател ќе отпатува за Египет, со пристигнување во Шарм ел-Шеик во 13:45 часот. Мировната церемонија е планирана да почне во 14:30 часот, според распоредот.
Се очекува Трамп да замине подоцна истиот ден и да се врати во Вашингтон.
Свет
Израел ќе го насочи фокусот кон уништување на тунелите во Газа

Министерот за одбрана на Израел, Исраел Кац, изјави дека и наредил на израелската армија (ИДФ) да се подготви за уништување на сите тунели на Хамас во Појасот Газа.
– Главниот предизвик за Израел по фазата на враќање на заложниците ќе биде уништувањето на сите терористички тунели на Хамас во Газа – директно од страна на ИДФ и преку меѓународен механизам што ќе се воспостави под водство и надзор на САД, напиша тој на Х.
– Ова е основното значење на спроведувањето на договорениот принцип за демилитаризација на Газа и разоружување на Хамас, изјави Кац, додавајќи дека „и наредил на ИДФ да се подготви за извршување на задачата.“
Не е јасно како ИДФ ќе ги уништи тунелите на Хамас во деловите на Газа што не се под контрола на армијата според договорот за прекин на огнот.