Економија
Шаховскиот клуб „Алкалоид“ повторно на Европскиот клупски куп 2018 – трета година по ред во ист состав
Шаховскиот клуб „Алкалоид“ продолжува со настапите на Европскиот клупски куп, кој оваа година се одржува од 11 до 18 октомври во Порто Карас, Грција.
Во 2016 година ШК „Алкалоид“ го освои Европскиот клупски куп и ја понесе титулата европски шампион! Турнирот се одржа од 6 до 12 ноември 2016 во Нови Сад, Србија. ШК „Алкалоид“ ја освои титулата со 12 бода во седум меча (пет победи и два нерешени меча, без пораз!). Европското клупско злато е освоено во годината кога клубот одбележа 40 години од своето формирање.
Во 2017 година ШК „Алкалоид“ продолжи со успешен настап на Европскиот клупски куп и во Анталија, Турција, 7-15. 10. 2017 година, го освои второто место, вицешампионската позиција. Исклучителен екипен резултат со освоени 11 бода (пет победи, еден нерешен меч и еден пораз). Успехот беше уште поголем имајќи предвид дека беше комплетиран со четири златни и еден сребрен медал за индивидуални резултати по табли: Ding Liren сребро на прва табла, Dmitry Andreikin злато на трета, Yu Yangyi злато на четврта, Dmitry Jakovenko злато на петта и Yuriy Kryvoruchko злато на шеста табла.
Во 2018 година боите на клубот продолжуваат да ги бранат стандардните 6 врвни светски велемајстори од Кина, Русија и од Украина, заедно со двајцата најдобри македонски играчи: Ding Liren, Yu Yangyi, Dmitry Jakovenko, Dmitry Andreikin, Eljanov Pavel, Yuriy Kryvoruchko, Трајко Недев и Филип Панчевски. Капитен на екипата е Драгољуб Јаќимовиќ. Со тоа на одличен начин продолжува да се негува тимскиот дух на екипата, кој се покажува како исклучително значаен фактор во успешните настапи претходните години. Редоследот на играчите е според моментниот рејтинг, а конкретниот распоред по табли официјално се објавува на самиот почеток на натпреварите.
Вообичаено, конкуренцијата е многу силна: Odlar Yurdy – Азербејџан (минатата година освоија бронзен медал) AVE Novy Bor – Чешка, Mednyi Vsadnik St. Petersburg. За одбележување е учеството на светскиот шампион, норвешката спортска ѕвезда, велемајсторот Магнус Карлсен, во составот на Valerenga Sjakklubb.
Претставување на екипата:

Ding Liren
Велемајстор, Кина
Ding Liren (роден 1992), член на Кинеска репрезентација со која освојува златен медал на олимпијадите во 2014 и 2018 година, како и на Светското екипно првенство 2015 и 2017 година.
Ding е трикратен шампион на Кина (2009 – на 16-годишна возраст, 2011 и 2012 година).
Во септември 2017 стигнува до финалето на Светскиот куп, со што се квалификува за Турнирот на кандидатите за предизвикувач на светскиот првак. Тој е првиот кинески шахист во историјата што постигнал ваков успех. Во март 2018 на Турнирот на кандидатите се пласира на 4. место (од 8 учесници).
Во 2017 година, на Европскиот клупски куп освои сребрен медал за индивидуален резултат на прва табла за екипата на ШК „Алкалоид“. Во август 2018 година ја поминува рејтинг-границата од 2800 поени искачувајќи се на 4. место на светската ранг-листа! На Шаховската олимпијада, што заврши пред неколку дена во Батуми, Грузија, Ding Liren заедно со Yu Yangyi ја предводеше репрезентацијата на Кина (играјќи на прва, односно втора табла) до второ олимписко злато. Притоа Динг освои и златен медал за најдобар индивидуален резултат на прва табла.

Yu Yangyi
Велемајстор, Кина
Yu Yangyi (роден 1994), член на Кинеската репрезентација со која освојува златен медал на олимпијадите во 2014 и 2018. За екипата на ШК „Алкалоид“ на Европскиот клупски куп освојува златен медал за индивидуален резултат, и тоа во 2015 на шеста табла, а во 2017 на четврта табла. Исклучително брзо напредува и со актуелен рејтинг 2765 е 12. рангиран играч во светот.

Andreikin Dmitry
Велемајстор, Руска Федерација
Andreikin Dmitry (роден 1990), член на Руската шаховска репрезентација; светски јуниорски првак за 2010 година и шампион на Русија за 2012 година, два пати член на шампионска екипа на Европскиот клупски куп (2009, 2010), два пати (2008 и 2012) златен медал за индивидуален резултат на Европскиот клупски куп. Во 2017 година на Европскиот клупски куп освои златен медал за индивидуален резултат на трета табла за екипата на ШК „Алкалоид“. Во август 2018 повторно ја освојува титулата шампион на Русија!

Jakovenko Dmitry
Велемајстор, Руска Федерација
Jakovenko Dmitry (роден 1983), член на Руската репрезентација; европски шампион за 2012 година; светски јуниорски првак до 18 години во 2001 година; со руската репрезентација првак на Европскиот екипен шампионат за 2007 година и носител на сребрен олимписки медал за 2012 година, два пати златен медал за индивидуален резултат на Олимпијада (2008 и 2012), два пати член на шампионска екипа на Европскиот клупски куп (2005, 2006). Во 2017 година на Европскиот клупски куп освои златен медал за индивидуален резултат на петта табла за екипата на ШК „Алкалоид“.

Eljanov Pavel
Велемајстор, Украина
Eljanov Pavel (роден 1983), стандарден член на Украинската репрезентација, со која има освоено две олимписки злата; во 2015 година на Светскиот куп низ систем на меѓусебни елиминации од 128 учесници на стартот стигна до полуфинале, во кое беше поразен од победникот на турнирот, два пати член на шампионска екипа на Европскиот клупски куп (2009 и 2010).

Kryvoruchko, Yuriy
Велемајстор, Украина
Kryvoruchko Yuriy (роден 1986) член на Украинската шаховска репрезентација; шампион на Украина за 2013 година и континуирано член на ШК „Алкалоид“ во последните 7 години; 2015 година втор најдобар индивидуален резултат на Европскиот клупски куп. Во 2017 годинаж на Европскиот клупски куп освои златен медал за индивидуален резултат на шеста табла за екипата на ШК „Алкалоид“.

Недев, Трајко
Велемајстор, Македонија
Недев Трајко (роден 1973), член на Македонската шаховска репрезентација, со која освојува сребрен медал за индувидуален резултат на Олимпијата 1996 и Европското екипно првенство 2003 година. Шампион на Македонија 1997, 2000 и 2011.

Панчевски, Филип
Интернационален мајстор, Македонија
Панчевски Филип (роден 1988), член на Македонската шаховска репрезентација. Шампион на Македонија 2010, 2012, 2014, 2016.

Драгољуб Јаќимовиќ
Велемајстор, Капитен,
Јаќимовиќ Драгољуб (роден 1964), како член на Македонската шаховска репрезентација, освојува златен медал за индивидуален резултат на Олимпијадата 2000. Долгогодишен селектор на репрезентацијата. Капитен на екипата на ШК „Алкалоид“ од 2009 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Партнерство за енергетската иднина“: Потпишан Меморандум меѓу Министерството за енергетика и УНДП“
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) денеска потпишаа Меморандум за соработка со кој се воспоставува јасна и долгорочна рамка за заедничко делување во областа на енергетиката, енергетската ефикасност, обновливите извори на енергија и одржливиот развој.
Меморандумот го потпишаа министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, и постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Северна Македонија, Армен Григорјан. Со Меморандумот се зајакнува институционалната соработка меѓу двете страни и се отвора простор за координирани активности насочени кон праведна и инклузивна енергетска транзиција, зајакнување на енергетската независност и отпорност на државата, како и исполнување на националните и меѓународните климатски цели.
„Овој Меморандум претставува силна потврда на нашата заложба за модерна, одржлива и праведна енергетска транзиција. Преку партнерството со УНДП добиваме дополнителна експертиза и поддршка за креирање и спроведување политики кои носат конкретни придобивки за граѓаните, економијата и животната средина“, изјави министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.
Соработката ќе се реализира во согласност со националните приоритети и Програмскиот документ на УНДП за Република Северна Македонија за периодот 2026–2030, со посебен фокус на добро управување, транспарентност и активно вклучување на јавноста во процесите на донесување одлуки поврзани со енергетиката.
„УНДП останува посветен партнер на институциите во Северна Македонија во унапредувањето на одржливиот развој. Овој Меморандум создава силна основа за заедничка работа во енергетскиот сектор, со фокус на чиста енергија, намалување на емисиите и инклузивен јавен дијалог“, истакна постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан.
Меморандумот предвидува заеднички активности во развојот на енергетскиот сектор, рударството и управувањето со минералните ресурси, намалување на емисиите на стакленички гасови преку зголемена примена на обновливи извори и мерки за енергетска ефикасност, како и поддршка во изработката и спроведувањето на национални стратегии, законодавство и акциски планови во областа на енергетиката.
Особено значаен сегмент од соработката е насочен кон јакнење на институционалните, техничките и човечките капацитети, преку градење експертиза и подобрување на процесите за креирање и спроведување јавни политики, како и кон унапредување на транспарентноста и инклузивниот јавен дијалог, со посебно внимание на младите, жените и ранливите групи граѓани. Во рамки на партнерството е предвидена и заедничка организација на национални и меѓународни настани, форуми и иницијативи посветени на одржливиот развој и енергетската транзиција.
Меморандумот е склучен на период од четири години, со можност за продолжување, и претставува значаен чекор кон продлабочување на соработката меѓу Министерството за енергетика и УНДП во насока на одржлива и сигурна енергетска иднина за Северна Македонија.
Економија
Новата Ford Puma Gen-E финалист на европскиот натпревар AUTOBEST 2026!
Ford Puma Gen-E е избрана за финалист на престижниот избор AUTOBEST 2026 – признание што ја потврдува визијата на Ford за иновативна, ефикасна и достапна мобилност.
Како нова електрифицирана генерација на омилениот кросовер, Puma Gen-E комбинира динамичен дизајн, напредни технологии и практичност создадена за секојдневието. Со фокус на одржливост и паметни решенија, моделот нуди возбудливо искуство во градот и надвор од него, без компромис во удобноста и перформансите.
Ова признание од AUTOBEST е уште една потврда дека Ford Puma Gen-E поставува нови стандарди во својата класа.
👉 Вашиот глас е важен!
Поддржете ја Ford Puma Gen-E и гласајте во изборот AUTOBEST 2026 на https://autobest.org/.
AUTOBEST е еден од најрелевантните и највлијателни европски автомобилски избори, основан со цел да ги претставува интересите на реалните возачи низ целиот континент. Жирито на AUTOBEST го сочинуваат реномирани автомобилски новинари од повеќе од 30 европски земји, кои заедно претставуваат над 90% од европскиот автомобилски пазар.
Финалистите и победниците на AUTOBEST се сметаат за репер во европската автомобилска индустрија, а самото учество во финалната селекција претставува значајно признание за квалитетот и визијата на еден модел.
(ПР)
Економија
Мицкоски: 300 компании се предвидени да бидат поддржани со грантовите во вкупен износ од 25 милиони евра
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе се обезбедат грантови за адаптирање на компаниите кон зелена трансформација и заштита на животната средина, изјави:
„Да работиме, практично Инова агенцијата, околу овозможување и обезбедување грантови за компаниите, посебно во делот на енергетската трансформација. Имав и таму едно многу интересно обраќање. Да, за енергетската трансформација, но треба да сме многу внимателни. Затоа што не сум сигурен, а тоа се сложија и голем број од учесниците на тие панели, дека со таа енергетска трансформација, ние можеме на долг рок да генерираме базна енергија којашто е потребна на индустријата за потребите на самата индустрија. Тоа треба да се одвива чекор по чекор, затоа што секоја избрзана постапка може да направи штета по индустријата и по државата. Но, колку за информација за компаниите, некаде околу 300 компании се предвидени да бидат поддржани со овие грантови во вкупен износ од 25 милиони евра и наскоро ќе има и за тоа објава во јавноста и јавен повик.“

