Забава
(Видео) Во Париз со часови се чека за влез во подземните гробници, забранет влез во тунелите за деца и луѓе со срцеви заболувања

Вљубениците на катакомбите бараат скриени влезови во подземната мрежа на тунели, обидувајќи се да се спуштаат низ канализација и подруми на стари куќи. Околу 20 метри под плоштадите и улиците, бетон, бучавата и сјајот на Париз, се наоѓаат поземни гробници кои датираат од крајот на 18 век, меѓусебно поврзани со тесни ходници.
Со цел да се ослободат од пренатрупаните гробишта во Париз и да се спречи ширењето на инфекции и зарази, властите одлучиле дека коските од заедничките гробници треба да се пренесат токму тука во овие подзамни гробници, па се претпоставува дека денеска тука има околу 6 милиони останки. Меѓу нив се и некои од важните имиња на Француската револуција.
Во текот на Втората светска војна ваквите тунели се користеле за тајни средби и непречено движење, а денес приказната е дека тука живеат припадници на криминална група.
Сепак, и покрај сето тоа, младите луѓе во Париз се обидуваат да најдат начини да го заобиколат главниот влез, и често се обидуваат да влезат во подземни тунели, и најчесто ги користат канализациските отвори, па дури понекогаш пробуваат и низ подрумите на старите куќи.
Оние пак кои сакаат тоа да го напраат на легален начин треба да одат на плоштадот „Denfert-Rocherau“ каде што ќе бидат пречекани со предупредување дека доле има „мртви луѓе, па ако не се плашите од духовите од минатото, можете да поминете низ само дел од париските тајни“.
За влез во тунелите се чека со часови, а лушето се спуштаат низ пат кој се направен од 130 подземни скали. Инвалидите, луѓето со проблеми со срцето или белите дробови, како и децата, имаат забранет влез во тунелите. Исто така, пред влегувањето луѓето се предупредуваат да си понесат и јакна бидејќи температурат во тунелите е постојано иста, односно таа изнесува 14 степени целзиусови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Три хороскопски знаци излегуваат од сите долгови до 5 ноември

Според професионалниот астролог Керол Стар, три хороскопски знаци наскоро би можеле да излезат од своите финансиски проблеми, бидејќи Венера, планетата на парите, останува во својот омилен знак до 5 ноември.
Сепак, како што нагласува Стар, промените нема да дојдат сами по себе. Финансиското подобрување е можно само ако овие знаци вложат труд и ги разбијат шемите што ги држат заглавени.
Бик
Биковите се познати по својата стабилност и не сакаат ненадејни промени, особено кога станува збор за пари. Иако често се сметаат за финансиски сигурни, 2025 година не беше лесна година за нив. Без разлика дали станува збор за пад во кариерата, зголемување на трошоците или општа стагнација, многу Бикови го чувствуваат притисокот.
Стар советува да престанете да бидете самозадоволни и да барате нови решенија. Ова може да значи прекинување на врската што ве исцрпува или подобро организирање на вашите лични финансии. Клучот е да преземете мали, но решителни чекори што можат да направат голема разлика.
Јарец
Јарците се меѓу најдисциплинираните знаци на Зодијакот кога станува збор за пари. Тие ретко трошат импулсивно и често размислуваат неколку чекори однапред. Сепак, токму оваа претпазливост може да биде пречка за нив сега. Според Керол Стар, Јарците во моментов трошат премалку и не инвестираат мудро.
Понекогаш е потребно да трошите пари за да профитирате на долг рок. Ако инвестирањето во акции не ви звучи привлечно, размислете за инвестирање во вашето знаење, здравје или личен развој. Ова може да ви донесе задоволство, но и поголема заработка во иднина.
Лав
Лавовите сакаат да уживаат и честопати сакаат да си се препуштат, но токму во тоа лежи проблемот. Во последно време сте биле премногу опуштени кога станува збор за трошење. Пакетите се натрупуваат, а картичката се користи без многу размислување. Иако повременото препуштање не е лошо, рамнотежата е клучот за долгорочно финансиско здравје.
Керол Стар ве советува да почнете да ги следите вашите трошоци и подобро да ги распределувате вашите приходи. Ако сакате да ја завршите оваа година финансиски посилни, започнете сега. Ограничете ги импулсивните купувања и бидете искрени со себе за тоа што навистина ви треба.
фото: принтскрин
Забава
Без триење или хемикалии: неколку едноставни трикови за чистење изгорена тава

Отстранувањето на тврдокорни дамки и остатоци од храна може да биде вистински предизвик. Сепак, не мора веднаш да се откажете од вашата омилена тава, бидејќи со неколку докажани состојки, можете да ја зачувате.
Една од најчесто користените состојки за оваа работа е сода бикарбона. Сè што треба да направите е да го посипете дното на тавата со сода бикарбона, да додадете малку вода и да ја оставите да отстои, а потоа да ја исчистите како и обично.
Содата бикарбона помага во отстранувањето на изгорените наслаги, а е добра и во борбата против непријатните мириси.
Оставете кесичка црн чај да отстои во тава со топла вода околу 15 минути. Танините во чајот помагаат да се омекнат изгорените наслаги. Потоа нежно истријте ја тавата со сунѓер или мека четка.
Овој природен трик е едноставен и ефикасен.
Посипете го дното на тавата со крупна сол и додадете малку билно масло. Истријте ја површината со крпа или сунѓер. Солта делува како природен абразив за отстранување на бигор, додека маслото помага во разградувањето на маснотиите. По чистењето, измијте ја тавата со топла вода и сапун.
Овие едноставни трикови ќе ви обезбедат тавата повторно да сјае без употреба на груби хемикалии или триење што одзема многу време.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Од секси долна облека во елегантен фустан: Ирина Шајк ги засени сите во своето најубаво издание

Познатата Ирина Шајк е една од супермоделите што неодамна блеснаа на годишната ревија на „Викторија сикрет“, а ниту овој пат не разочара. Освен што е една од најбараните модели, таа ја носи и титулата една од најголемите модни икони на денешницата.
Покрај тоа што ги импресионира сите на пистата, таа шармира со својот моден избор на забавата по „Викторија сикрет фешн шоу 2025“, организирана во познат клуб во Њујорк.
View this post on Instagram
Ирина се пресоблече од својата секси долна облека во елегантен фустан, кој совршено ѝ прилегаше на фигурата. Фустанот, изработен од сатен во шампањ боја, нежно паѓаше сè до подот, а е уште позаводлив поради фактот што Ирина не носеше градник.
Минималистичкиот фустан е вистинско освежување за Ирина Шајк и совршено одговара за оваа или слична пригода. Го комбинира со сребрени сандали со ремчиња и ефектни метални белезици и прстени.
Интересно е што немаше лак за нокти докажувајќи уште еднаш дека го сака природниот изглед.
Покрај тоа, таа избра потемна шминка и соодветна фризура – нејзината „мокра“ коса даваше впечаток на опуштеност и го врамуваше нејзиното лице, а целата комбинација дополнително ја збогати со бела чанта преку рамото.
Со овој моден избор Ирина Шајк уште еднаш докажа дека едноставноста е, всушност, најубавиот украс.
фото: принтскрин