Соопштенија
Трпески: Кривичната пријава против мене е поднесена врз основа на неточни наводи
Поранешниот директор на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија, Славе Трпески, во реакција до јавноста целосно го демантира денешното соопштение на Министерството за внатрешни работи за поднесена кривична пријава против него, истакнувајќи оти наводите со кои се алудира дека незаконски унапредил 128 службеници се неточни и невистинити.
„Најодговорно потврдувам дека ниту сум изготвил ниту сум потпишал ниту едно Решение за унапредување на било кој државен службеник вработен во Агенцијата за катастар на недвижности, во перидот додека ја обавував функцијата директор на Агенцијата за катастар на недвижности. Донесување на решенија за распоредување на државни службеници врз основа на Законска обврска за усогласување со новиот Закон за административни службеници за кои се обезбедени согласности од Министерството за финансии, Министерството за информатичко општество и администрација и Секретаријатот за рамковен договор, најнеспособниоот директор во историјата на катастарот го пријавува како кривично дело за кое денес 11. Октомври државен празник министерството поднесува кривична пријава против мене“, вели Трпески во реакцијата.
Според него се работи за политичка хајка, бидејќи од медиумите дознал за кривичната пријава и тврди дека во изминатиот период Министерството за внатрешни работи од него не побарало никакви изјави, документација или појаснувања за предметот кој го воделе.
„Политичката хајка против мене е со цел да се покрие слабата работа на актуелното раководство на македонскиот катастар како и општата пост-референдумска состојба во Републиката. Во ситуација кога актуелниот директор на катастарот Борис Тунџев спротивно на Законот за администрација унапреди повеќе од 50 раководни службеници, го растури целиот профионален менаџерски тим обучуван од Шведскиот и Холандскиот катастар а кој тим го донесе катастарот да биде најдобар во регионот и 17 во Свет а ИТ сектор комплетно го распушти со што го доведува во прашање Електронскиот катастар а со тоа и сопственоста на граѓаните и хипотеките на Банките, директор кој истовремено е и Судски вештак и го крши како законот за катастар на недвижности, законот за избрани и именувани лица, Законот за спречување на судир на интереси и уште којзнае колку други закони, директор кој спротивно на законот ослободува граѓани и приватни фирми од плаќање на надоместоци на катастар и директно го оштетува буџетот, директор кој распиша тендер во висина од 260.000 евра за Адресен Ресистар со услови што ги исполнува само неговата фирма и фирмите на неговите бизнис партнери а со барање да се собираат податоци за Општина Кисела Вода, податоци кои веќе се собрани и обработени со предходен тендер, како и за уште многу други кривични дела за кое во деновиве што следат ќе поднесам кривични пријави до Јавното обвинителство, СДСМ одлучи да прави политички прогон против лица докажани во својата струка и барани од светски меѓународни организации без ниту еден доказ се со цел да се оттргне вниманието од актуелната политичка ситуација во земјата“, потенцира Трпески.
Тој најавува дека со оглед на тоа што со оваа кривична пријава неосновано се нарушува неговата чест и углед, ќе следува поднесување на кривични пријави за сите инволвирани лица, а за, како што ја нарекува, политичката хајка ќе бидат запознаени и сите меѓународни институции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Фондацијата „Трајче Мукаетов“ ја објави листата на добитници на стипендии за учебната 2025/2026
Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје во насока на реализирање на своите програмски определби, а врз основа на Правилникот за критериумите, постапката и користењето на средствата на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје за студенти на Фармацевтскиот факултет – Скопје, според програмата за работа на Фондацијата за 2025 година и одлуката на Управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје бр. 02-46/1 од 02.12.2025 година за усвојување на конечната ранг листа на стипендисти студенти по фармација за учебната 2025/2026 година на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје врз база на предложената прелиминарна ранг листа од Комисијата за распределба на стипендии за студенти по фармација ја објавува конечната ранг листа на стипендисти студенти по фармација за учебната 2025/2026 година на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје:
Студенти од трета година на студиска програма за магистер по фармација
1. Теа Колевска
2. Каменка Николова
3. Гала Стојановска
4. Христина Марковска
5. Марија Димитрова
6. Евгенија Ристеска
7. Стефан Трајковски
8. Мила Стојановска
9. Адела Маловска
Студенти од четврта година на студиска програма за магистер по фармација
1. Јоана Илиевска
2. Марија Трпеска
3. Андријана Коцевска
4. Ива Јуришиќ
5. Давид Додевски
6. Анастасија Димитријевиќ
7. Ангела Ѓоргиевска
8. Теона Гаџоска
9. Ангела Јованоска
10. Ана Димитриевска
11. Сара Алексовска
Конечната ранг листа на стипендисти на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје е усвоена од страна на Управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје, по предложената прелиминарна ранг листа од Комисијата за распределба на стипендии за студенти по фармација во состав: Проф. Др. Зоран Стерјев – Претседател на комисијата, Проф. Др. Ана Поцева Пановска, Проф. Др. Ѓоше Стефков, Г-дин Бојан Георгиев, и Г-ѓа Наташа Вучидолова Ристовска – членови на комисијата.
Извршната канцеларија на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје ќе ги контактира сите стипендисти за потпишување на Договори за стипендирање.
Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје во насока на реализирање на своите програмски определби, а врз основа на Правилникот за критериумите, постапката и користењето на средствата на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје за студенти на Медицинскиот факултет – Скопје според програмата за работа на Фондацијата за 2025 година и одлуката на Управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје бр. 02-48/1 од 02.12.2025 година за усвојување на конечната ранг листа на стипендисти студенти по медицина за учебната 2025/2026 година на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје врз база на предложената прелиминарна ранг листа од Комисијата за распределба на стипендии за студенти по медицина ја објавува конечната ранг листа на стипендисти студенти по медицина за учебната 2025/2026 година на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје:
Студенти од трета година на општа медицина
1. Наталија Николовска
2. Андреј Тодоров
3. Инес Негриеска
4. Моника Нановска
5. Борјана Трајкова
6. Емили Обочки
7. Бистра Младеновска
8. Дијана Пенова
9. Катерина Бицеска
10. Дарко Палиќ
Студенти од четврта година на општа медицина
1. Евгенија Ристова
2. Матеј Јорданоски
3. Славјана Иваноска
4. Софија Тодороска
5. Даниел Зарев
6. Борис Фенев
7. Денис Новчевиќ
8. Петар Стефановски
9. Карла Карина Арнаудова
10. Михаела Слезенковска
Конечната ранг листа на стипендисти на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје е усвоена од страна на Управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје, по предложената прелиминарна ранг листа од Комисијата за распределба на стипендии за студенти по медицина во состав: Проф. Др. Светозар Антовиќ – Претседател на комисијата, Проф. Др. Јулија Живадиновиќ Богдановскa, Проф. Др. Димче Зафиров, Доц. Др. Васил Папестиев, Г-ѓа Надица Танчева и Г-ѓа Наташа Вучидолова Ристовска – членови на комисијата.
Извршната канцеларија на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје ќе ги контактира сите стипендисти за потпишување на Договори за стипендирање.
(ПР)
Соопштенија
Фондацијата „Трајче Мукаетов“ додели 40 нови стипендии за учебната 2025/2026
Осумнаесетта година по ред Фондацијата „Трајче Мукаетов“ доделува 40 стипендии за студенти на Фармацевтскиот и на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје.
Изборот на стипендистите за учебната 2025/2026 година, кој е во согласност со објавениот јавен конкурс, е одобрен од Управниот одбор на Фондацијата по предлог-прелиминарната листа од комисиите за распределба на стипендии, составени од претставници на Фондацијата и на двата факултета, како и од претставници од редовите на студентите.
За новата академска година се доделуваат 40 нови стипендии, од кои 20 за студенти на Фармацевтскиот и 20 за студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ oд Скопје. И оваа година Фондацијата ќе додели еднократна парична награда од 1.200 евра во денарска противвредност за првенците на генерација на двата факултета. Добитници на оваа награда се Исидора Давитковска од Фармацевтскиот факултет (со просек 9,77) и Јована Цветановска од Медицинскиот факултет (со просек 9,98), стипендисти на Фондацијата „Трајче Мукаетов“.

„Во време кога вештачката интелигенција станува неизбежен дел од секојдневието, важноста на човечкиот фактор, а особено на квалитетното образование, станува пресудна. Затоа, образованието не смее да се сведе само на стекнување технички вештини, туку треба да мотивира, да поттикнува критичко размислување, креативност и способност за решавање комплексни проблеми. Во вакви специфични времиња исполнети со огромни предизвици, особено за младите, вистинска чест е да се биде дел од континуирана позитивна приказна на едукација, научна посветеност и врвни резултати во сферата на здравството и фармацијата. Благодарение на високата селективност при ангажирањето стручен кадар и на континуираните вложувања во развој и едукација, денес ’Алкалоид’ конкурентно и достоинствено се носи на глобалниот фармацевтски пазар“, изјави г. Живко Мукаетов, Претседател на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ и Генерален директор на компанијата „Алкалоид“ АД Скопје.


Во осумнаесет години постоење, Фондацијата „Трајче Мукаетов“ стипендирала вкупно 739 студенти по фармација и по медицина при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје и инвестирала близу 151 милион денари по основ на стипендии и на еднократни парични награди за првенците на генерација.
Oд ноември 2022 година износот на стипендијата изнесува 7.000 денари во текот на 12 месеци и се пресметува линеарно на постојните и на новите стипендисти, сѐ до нивното формално завршување на студиите.
(ПР)
Соопштенија
„Минт инс“ и Болницата „Плодност“ со нова заедничка иницијатива: подарок за секое новороденче и сигурен почеток на иднината
Во време кога секое семејство бара сигурност и стабилност на свој начин, Минт Инс ја претставува својата најнова иницијатива посветена на најмалите и највредни членови на семејствата. Во партнерство со Болницата „Плодност“, компанијата им посветува посебно внимание на моментите кога започнува најважното животно патување: родителството.

Со секое новороденче во „Плодност“, Минт Инс ќе подари меко и квалитетно бебешко бањарче, создадено за првите топли и безгрижни семејни мигови. Но вистинската вредност доаѓа со можноста што следува: детско штедно осигурување кое обезбедува стабилен финансиски почеток.
Како дополнителна поддршка, компанијата овозможува и бонус од 12.000 денари за секое семејство што ќе се одлучи за ова осигурување, како иницијален чекор кон иднината на детето.


„Родителството е најголемата радост, но и најголемата одговорност. Веруваме дека секое дете заслужува сигурен почеток, а секое семејство поддршка во првите чекори. Нашата иницијатива е мал, но искрен придонес кон тоа,“ велат од Минт Инс.
Партнерството со „Плодност“ претставува продолжување на стремежот на компанијата да биде присутна таму каде што се создава нов живот и нови почетоци. Оваа програма ја нагласува визијата на Минт Инс: да стои зад секоја важна животна одлука, уште од првиот ден.


Повеќе информации за детското штедно осигурување и бонус-пакетот се достапни во сите претставништва на Минт Инс и на официјалната веб-страница.
(ПР)

