Свет
(Видео) Ураганот Мајкл однесе најмалку шест човечки животи
Спасувачките екипи ги продолжуваат своите спасувачките операции во САД кога ураганот Мајкл, кој достигна четврта категорија, го разори Мексико Бич на Флорида. Бројот на жртви денеска се зголеми на шест лица.
Спасувачите се обидуваат да ги пронајдат стотиците луѓе што не ги послушаа наредбите за евакуација во Мексико Бич на Флорида и останаа во своите домови.
Ураганот Мајлк, кој удри во северозападниот дел на американската сојузна држава Флорида, оштети многубројни домови, беше толку моќен што разурна стотици објекти, откорна стотици дрвја и зад себе остави вистински пустош.
Припадниците на американската војска во туристичкото место Мексико бич пронајдоа 20 лица што го преживеале силниот налет на ураганот, изјави гувернерот на оваа сојузна држава, Рик Скот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Украина: Непријателот постигнува тактички успеси
Украинската армијa призна дека руските сили напредуваат во нивната офанзива во североисточниот дел на регионот Харков.
Руските сили се обидуваат да се пробијат во тој регион, што предизвика тревога во Киев и кај западните сојузници за потенцијална голема офанзива врз Харков – вториот по големина во Украина, кој се наоѓа на само триесет километри од руската граница.
„Непријателот моментално постигнува тактички успеси“, објави украинскиот Генералштаб.
По освојувањето на неколку села во областа Харков, во моментов се водат борби во близина на градот Вовчанск, кој се наоѓа на само пет километри од руската граница, пишува ДПА.
Украина тврди дека Русија бележи големи загуби, но дека и покрај тоа испраќа бројни сили во Вовчанск, кон кој се движат пет баталјони. Русија веќе го окупираше Вовчанск на почетокот на војната.
Русија започна уште еден пробив кон регионот Харков на 10 мај. Во последните два дена освоила девет села, тврди руското Министерство за одбрана.
Свет
(Виде) Авион кружел со часови, па слетал лизгајќи се по пистата
Двајца патници и пилотот останаа неповредени по итно слетување на аеродромот во Њукасл во Австралија без опрема за слетување поради механички дефект.
Авионот со часови кружел над аеродромот и согорувал гориво пред принудно да слета на стомакот, со кренати тркала, со исклучени мотори, пишува Си-ен-ен.
На снимката се гледа како авионот се приближува кон пистата без распоредена опрема за слетување и како мирува по лизгањето. Според „7News Australia“, тој се лизнал околу 500 метри пред конечно да застане. Амбулантните возила беа на готовност, забележани се како трчаат да им помогнат на патниците во авионот.
Началникот на полицијата на Нов Јужен Велс, Вејн Хемфри, го пофали 53-годишниот пилот за успешното слетување велејќи дека никој не е повреден.
„Тоа беше одличен резултат, пилотот го направи тоа навистина добро. Го слушав, ми звучеше многу смирено“, рече тој.
Според Си-ен-ен, авионот неколку часа кружел околу аеродромот за да согорува гориво. Оние во контролната соба, кои управуваа со авионот, аплаудираа кога видоа како безбедно слета, додаде Хемфри.
Приватниот авион требаше да лета 26 минути од Њукасл до Порт Маквари, околу 400 километри северно од Сиднеј.
Регион
Земјотрес ја погоди Албанија: се стресе во близина на границата со Црна Гора
Земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала синоќа ја погоди Албанија.
Земјотресот се случил во 2.20 часот по локално време.
Епицентарот на земјотресот бил на 28 километри од Скадар.
Со оглед на тоа што земјотресот бил со помал интензитет, се претпоставува дека нема повредени и поголема материјална штета.