Македонија
Царовска: Развиваме механизам за родовата рамноправност да биде дел од националните политики
Македонија работи активно на постигнување на родовата еднаквост и заштитата од дискриминација. Развиваме национален индекс за родова еднаквост, во кој ќе биде вклучен индикатор за мерење на родовата рамноправност, со кој ќе се прави споредба со ЕУ и нејзините земји членки, истакна министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, на неформалниот појадок во Виена во организација на австриското претседателство на Советот на ЕУ.
Министерката додаде дека со воспоставувањето е-обуки на цела администрација и воведувањето родово одговорно буџетирање ќе се направи механизам со кој родовата рамноправност нема да се гледа како изолирано прашање, туку како дел од сите национални политики што се носат во државата.
Како што информираат од МТСП, на наформалниот состанок во Виена министрите дискутирале за прашањето „Како дигитализацијата придонесува за еднакво граѓанско и политичко учество на девојчињата и момчињата?“
Според ресорното Министерство, напредокот во родовата еднаквост се гледа и од статистичките податоци.
„Во Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика, во 2016 година од вкупниот број корисници на интернет, 48,7 отсто биле жени и 51,3 отсто мажи, а овој број во 2017 година се зголемил 76,8 отсто за жени и 81 отсто за мажи. Расте и свесноста на девојчињата и жените за школувањето. Тоа го покажуваат и бројките на застапеност на девојките во високото образование со 31 отсто наспроти бројот на момчиња 22 отсто. Бројот на девојки што дипломирале на природните математички науки е поголем од бројот на момчиња (2,8 отсто во 2016 година девојки наспроти 1,8 отсто во 2016 година момчиња). Во техничките науки, пак, бројот на дипломирани жени (5,07 отсто во 2016 година) е помал од бројот на дипломирани студенти од машки пол (8,2 отсто во 2016 година)“, појаснуваат од МТСП.
Оттаму додаваат дека на состанокот во Виена министерката Царовска се сретнала со австриската федерална министерка за жени, семејство и млади, Жулиен Богнер Штраус, како и со Силви Дурер, директорка на швајцарската Федерална канцеларија за родова еднаквост.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Првични резултати на ДИК: Орце Ѓорѓиевски освои 93.207 гласови, Амар Мециновиќ 58.994
Според првичните неофицијални резултати на ДИК, кандидатот на Левица за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ, освои 58.994 гласа, а кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски 93.207 гласа.
Ова се податоци од 97, 66 отсто обработени избирачки места. Во нив се запишани 462.161 избирач, а излегле да гласаат 161.965 гласачи или 35,05 отсто.
Македонија
(Видео) Филипче: Следуваат сериозни кадровски промени во СДСМ
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција по завршувањето на вториот круг од локалните избори, најави сериозни кадровски и политички промени во рамки на партијата.
„Овие избори се јасен патоказ за СДСМ, а секако и јасен патоказ за мене како претседател на партијата јасно е какви промени треба да се направат, и политички и кадровски. Како што веќе најавив, во следните денови ќе следуваат промени. Ќе се одржат седници на Извршниот и на Централниот одбор на кои ќе бидат презентирани и усвоени тие кадровски решенија“, рече Филипче.
Претседателот Филипче исто така најави и дека партијата ќе свика Конгрес на кој ќе се разговара за идните политики и насоката во која СДСМ ќе се движи во следниот период.
Македонија
(Видео) Победата на Орце Ѓорѓиевски се слави пред Белата палата
Победата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски се слави пред Белата палата.
Од обработени 97,69% досега, тој има освоено 57,40%, односно 93.313 гласови, пред кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, кој освои 36,40% од гласовите, односно за него гласале 59.178 луѓе.

