Свет
За шведската левица, секоја коалициска спогодба со популистите е објава на војна
Шефот на шведската Левичарска партија, Јонас Сјостед, изјави дека тој и неговата партија ќе го сметаат секој потенцијален договор за коалиција меѓу модератите и популистичките Шведски демократи за објава на војна. Коментарот на Сјостед, кој е претседател на Левичарската партија од 2012 година, е предупредување за лидерот на Умерената партија, Улф Кристерсон, за кој се верува дека најверојатно ќе ја формира новата влада, пренесува „Нихетер идаг“.
Говорејќи на прес-конференци, Кристерссон истакна дека четирите партии кои ја сочинуваат сојузниќката коалиција- модератите, либералите, Централната партија и Христијанските демократи- нема да формираат влада, поттикнувајќи шпекулации за потенцијалните преговори со популистичките Шведски демократи кои освоија 17,5 отсто од гласовите на изборите. Коментирајќи ја можноста популистите да влезат во коалициска влада, Сјостед рече:
„Ако се случи таква влада, ние ќе го сметаме тоа за објава на војна и имаме намера да ја от6фрлиме таквата влада.“
Коментарите на лидерот на крајната левица, чија партија освои дополнителни седум пратенички места на изборите, доаѓаат по неколку насилни напади од крајнолевичарските екстремисти врзШведските демократи пред и по изборите. Во еден случај, кампањскиот шатор на Шведските демократи во Гетеборг беше запален од лица облечени во црно облека при што беше уништен изборен материјал. Непосредно по изборите, непознати лица се обидоа да го запалат домот на еден општински политичар на демократите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Украина до НАТО: Поканете не’ во Алијансата следната недела
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, ги повика колегите од земјите-членки на НАТО да упатат покана до Украина да и се приклучи на западната воена алијанса за време на состанокот во Брисел следната недела, се наведува во текстот на писмото што го видел „Ројтерс“.
Писмото е уште еден обид за притисок на Киев да обезбеди покана за членство во НАТО, што е дел од Планот за победа за ставање крај на војната започната со руската инвазија на Украина во 2022 година, изнесена од претседателот Володимир Зеленски минатиот месец.
Украина вели дека прифаќа дека не може да влезе во НАТО додека војната не заврши, но повикот сега ќе му покаже на рускиот претседател Владимир Путин дека една од неговите главни цели, спречувањето на Киев да стане членка на НАТО, е неостварлива.
НАТО најави дека Украина ќе се приклучи на алијансата и дека е на неповратен пат кон членство. Но, Алијансата не издаде официјална покана, ниту постави временска рамка.
Дипломатите на НАТО велат дека во оваа фаза нема консензус меѓу членкитево врска со поканата за Украина. За таква одлука ќе биде потребна согласност од сите 32 земји-членки на НАТО.
Сибиха во своето писмо, напишано на англиски, тврди дека ова е вистинско време да се случи тоа: Сметаме дека треба да се упати повик во оваа фаза, нагласува.
Свет
Романскиот суд требаше да одлучи дали ќе ги поништи изборите, одлуката е одложена
Врховниот суд на Романија денеска ја одложи за 2 декември одлуката за поништување на резултатите од првиот круг од претседателските избори, откако исходот покрена сомнеж за странско мешање.
Тоа значи дека судот ќе ја соопшти својата одлука ден по парламентарните избори во недела.
Независниот екстремно десничарски политичар Калин Георгеску (62), кој според анкетите го поддржаа помалку од десет отсто од гласачите, победи во првиот круг и обезбеди место во вториот на 8 декември. Неговата победа може да ја разниша романската политика и да ја доведе во прашање прозападната насока на земјата.
Романските власти соопштија дека имаат докази за вмешаност на непријателски актери во изборната кампања, а Врховниот суд во четвртокот нареди пребројување на 9,46 милиони гласачки ливчиња и објави дека ќе го разгледа барањето на поразениот конзервативен кандидат за поништување на првиот круг.
Неизвесноста предизвика политички хаос и конфузија додека земјата со 19 милиони жители се подготвува за парламентарните избори в недела на кои се очекува десницата да расте.
Свет
Шарл Мишел повеќе не е шеф на Европскиот совет
Новиот претседател на Европскиот совет, Антонио Коста, силно се залага за единството на Европската унија и истовремено за зачувување на нејзината различност.
„Само заедно можеме да обезбедиме стабилност, безбедност и мир на нашиот континент“, рече Коста на церемонијата на предавање.
Актуелниот претседател на Европскиот совет, белгискиот либерал Шарл Мишел, му ги предаде должностите на португалскиот социјалист Антонио Коста, кој во недела на 1 декември официјално ја презема функцијата претседател на Европскиот совет. Мишел на Коста му го врачи ѕвоното со кое претседателот на Европскиот совет го означува почетокот на состанокот на самитот на лидерите на земјите-членки.
„Само заедно можеме да постигнеме гласот на Европа да се слушне на меѓународната сцена, бидејќи единството е крвотокот на Европската унија, но не смееме да ги игнорираме нашите разлики во мислењата или да ги третираме како проблем“, рече Коста.
„Таа разновидност е совршено природна, таа нè збогатува и ја претставува силата на Европа“, рече Коста, кој се покажа како вешт политичар, одржува деликатна рамнотежа меѓу партнерите и има репутација на успешен градител на консензус, особина неопходна. за функцијата претседател на Европскиот совет.
Европскиот совет е најважното политичко тело на ЕУ, кое ги собира шефовите на држави или влади, ги одредува стратешките правци и политиките на Унијата и кои одлуки се носат со консензус.
Должноста на претседателот на Европскиот совет беше воведена со Договорот од Лисабон, кој стапи на сила на 1 декември 2009 година.
Мандатот на претседателот на Европскиот совет трае две и пол години, може да се обнови еднаш, што беше случај со сите претседатели на Европскиот совет до сега, сите отслужија два мандата, вкупно пет години, што се совпаѓа со мандатот на Комисијата и на Европскиот парламент.
Коста, 63-годишен социјалист, беше премиер на Португалија од 2015 до 2024 година, министер во неколку влади, градоначалник на Лисабон, член на Европскиот парламент.
Коста беше избран за претседател на Европскиот совет во јуни годинава, а пред да ја преземе функцијата ги посети сите главни градови, освен Букурешт и Софија, а разговараше и со лидерите на земјите-членки.
„Се чувствувам сигурен откако разговарав со европските лидери во последните неколку недели, кои имаат чувство на итност и се фокусирани на колективна акција инспирирана од креативноста и прагматизмот“, рече Коста.
Коста во својот говор истакна дека Европската унија се заснова на вредности – човечко достоинство, слобода, владеење на правото, демократија и еднаквост – и дека нејзината цел е да обезбеди мир и просперитет.
Зборувајќи за војната што трае повеќе од илјада дена на европско тло кога Русија ја нападна Украина, Коста рече дека „сите копнееме по мир“.
„Но, мирот не може да значи мир на гробишта, не може да значи капитулација, мирот не смее да ја награди агресијата. Мирот во Украина мора да биде праведен и траен и заснован на меѓународното право, кое го вклучува правото на народите на самоопределување, правото на народите сами да си ја изберат иднината и почитувањето на територијалниот интегритет и државните граници“, рече Коста.
Тој додаде дека ЕУ мора да биде посилна, поефикасна, поотпорна со поголема автономија во областа на безбедноста и одбраната, додека постојано работи на трансатлантското партнерство.
Тој нагласи дека проширувањето кон Западен Балкан и источните соседи е „моќна алатка за мир, безбедност и просперитет и геополитички императив“, нагласувајќи дека и ЕУ и земјите кандидати мора да работат понапорно и побрзо без вештачки рокови, но и без непотребни пречки.
Коста му се заблагодари на претседателот во заминување Шарл Мишел, велејќи дека „Европа му должи сè“.
Петте години на Мишел на чело на Европскиот совет беа обележани со затегнати односи и конкуренција од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Мишел ја напушта таа позиција со далеку помал рејтинг од неговите претходници Херман Ван Ромпуј и Доналд Туск.
Коста е првиот шеф на европска институција кој нема европско потекло. Неговиот дедо е од индиската држава Гоа, која некогаш била португалска колонија, а неговата баба по татко има француско-мозамбичко потекло.
Мозамбик исто така бил португалска колонија. Коста има т.н „Задгранично државјанство на Индија“, што е форма на дозвола за постојан престој и работа во Индија врз основа на индиско потекло.