Забава
Се продава парче од месечината
Лунарниот метеорит со тежина од 5,5 килограми, кој беше пронајден минатата година во северозападна Африка, ќе се продава на аукција организирана од компанијата RR Auction со седиште во Бостон. Метеорит може да се купи за најмалку половина милион долари на интернет аукција, која трае до 18 октомври.
,,Ова е еден од најважните метеорити што може да се набави насекаде во светот, како и еден од најголемите делови на Месечината кој некогаш бил на продажба”, изјавија од компанијата RR Auction.
Каменот кој е класифициран под технички назив NWA 11789, познат и како ,,Буагаба”, беше пронајден во дел од Африкаската држава Мавританија. Метеоритот е составен од шест делови кои заедно се спојуваат како делови од сложувалка. Најголемиот е тежок 2,7 килограми.
Повеќето лунарни метеори што досега биле пронајдени, не биле поголеми од овошје или голф-топки, изјави Џеф Ноткин, ѕвезда на телевизијата емисија ,,Метеорит Мен” и претседател на фирмата Аеролите Метеоритис, која продава месечев камен.
,,Штом го видовме знаевме дека е нешто невообичаено”, рече Ноткин, додавајќи дека ова е пронајдок што се случува еднаш во животот.
Но е и еден од ретките лунарни метеорити, како што велат експертите, со ,,нецелосна фузија на кората”. Неа ја создава силна топлина која го ,,пржи” каменот додека се спушта низ атмосферата.
,,Камен е всушност тостиран однадвор”, вели Ноткин.
,,Метеорит би било добро да заврши во некој историски музеј, но не треба да бидеме изненадени доколку некој од колекционерите нив го присвои”, изјави Роберт Ливингстон од компанијата RR Auction.
Ова е единствениот начин каменот од Месечината да дојде во рацете на колекционерите, бидејќи другите делови што ги тдонесоа астронаутите се во сопственост на американската држава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Ја скрати косата, а потоа го облече најкраткиот фустан: Сидни Свини повторно ги привлече сите погледи
Актерката Сидни Свини веќе некое време е во фокусот на јавноста. Таа неодамна го шокираше светот со својата неверојатна трансформација, а сега најде начин повторно да ја воодушеви јавноста на филмскиот фестивал SCAD Savannah во Џорџија.
Се чини дека нејзината филмска кариера само се подобрува, бидејќи доби награда за улогата во биографскиот филм „Кристи“. За оваа посебна вечер, таа одлучи да носи асиметричен бел мини фустан кој ја нагласува нејзината витка фигура, како и долгите нозе.
Креацијата од дизајнерката Стела Мекартни и уникатно прикажува ново поглавје во животот на младата актерка. Својот стајлинг го комплетираше со бели чевли, но и шминка во нежни тонови кои ја истакнуваа нејзината природна убавина.
Покрај бројните прашања во врска со нејзината филмска работа, Сидни одговори и на оние поврзани со пластичната хирургија. Таа нагласи дека не е заинтересирана за козметички процедури и дека се плаши од игли. Затоа, нема намера да го менува својот природен изглед.
Како што вели, сака да старее природно.
фото: принтскрин
Забава
Длабокото деколте за малку ќе направеше проблем: таа успеа навреме да спречи скандал…
Најголемите имиња во модната и филмската индустрија ги здружија силите за шоуто Vogue: World. Бројни познати лица, како што се Кендал Џенер, Никол Кидман, Џулија Гарнер и многу други, ја презедоа модната писта.
Откако првиот дел од спектаклот заврши во студиото на Paramount Pictures во Лос Анџелес, ѕвездите ја продолжија вечерната забава во познатиот Chateau Marmont.
Меѓу гостите беше и млада ѕвезда во подем. Станува збор за ќерката на легендарната манекенка Кејт Мос – Лили Мос, која блесна не само на модната писта за време на шоуто Vogue: World, туку и за време на вечерниот настан.
За специјалната вечер таа носеше црн сатенски фустан кој го надополни со кожни чизми. Впечатливо беше и длабокото деколте, што речиси и предизвика проблем на оваа русокоса.
Lila Moss
est descendue au Château Marmont à L.A. pic.twitter.com/H6UcG7zjl9— ALPAJOCO (@alpajoco) October 27, 2025
За среќа, таа успеа навреме да спречи скандал, и го држеше материјалот.
Својот стил го комплетираше со брановидна фризура што паѓаше по градите, но и со шминка во земјени тонови што само малку го нагласуваше нејзиното младо лице.
Lila Moss hits Chateau Marmont in a tiny mini dress as she joins Lizzo and Nina Dobrev at star-studded Vogue World afterparty https://t.co/PJz0mZhH3W
— Daily Mail Celebrity (@DailyMailCeleb) October 27, 2025
фото: принтскрин
Забава
Неочекуван благослов во ноември: еден знак добива сè што некогаш сакал
Во ноември, ѕвездите носат неочекуван благослов – еден знак конечно добива сè што сакал и ужива во изобилство награди.
Многумина чекаат можности што доаѓаат сами по себе, но овој ноемвриски хороскопски знак чувствува како желбите се претвораат во реалност побрзо отколку што некогаш мислеле. Енергијата на ѕвездите испраќа бран позитивни промени и неочекувани награди. Тој знак е – Шкорпија.
Период полн со награди за Шкорпиите
Шкорпиите кои трпеливо работеа на своите планови сега добиваат јасни резултати. Проектите што беа заглавени или идеите што чекаа сега го добиваат својот момент. Ѕвездите испраќаат јасни сигнали дека напорот конечно е препознаен, а внатрешната сила помага да се искористи секоја можност на вистински начин.
Како се манифестира благословот
Шкорпиите забележуваат како работите природно одат во нивна корист – неочекуваните средби, признанијата и малите награди доаѓаат спонтано. Ова не е само чувство, туку вистинска промена во секојдневниот живот: полесно донесување одлуки, поголема концентрација и чувство на контрола врз судбината.
Резултатот што се чувствува
Редовното усогласување со енергијата на ѕвездите носи стабилност и задоволство. Шкорпијата чувствува како соништата се претвораат во реалност и ужива во плодовите на претходните напори. Ова е период кога среќата и упорноста одат рака под рака, а внатрешниот мир носи дополнителна сила за идните цели.
фото: принтскрин

