Македонија
Димовски: Македонија преку примери ја докажа важноста од толеранција и меѓусебно разбирање

Државниот секретар во МНР, Виктор Димовски, во своето обраќање на 17 Самит на Меѓународната организација на Франкофонијата ја нагласи подготвеноста на Република Македонија активно да биде вклучена и да ги промовира принципите и вредностите на оваа втора по бројност меѓународна организација.
„Република Македонија со сопствениот пример покажува дека е можен придонес кон мирот, толеранцијата, дијалогот и меѓусебното разбирање на регионален и поширок меѓународен план“, истакна Димовски.
Подвлекувајќи го значењето на францускиот јазик како фундамент на конективноста, Димовски се заложи за заеднички ангажман за охрабрување идните генерации да ги респектираат вредностите, солидарноста, мултилингвизмот и диверзитетот во функција на поефективна реализацијата на стратешките приоритети на Франкофонијата во претстојниот период.
На Самитот кој се одржа под мотото „Да се живее заедно во солидарност, споделување на хуманите вредности и почитување на различностите – извор на мир и просперитет во франкофронскиот простор”, шефовите на држави и влади и претставниците на МНР на земјите членки усвоија Заедничка декларација и избраа нов Генерален секретар на организацијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Гужва на границите, на Табановце и Богородица се чека по 20-тина минути

Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен.
Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце” времето на чекање за влез и излез е околу 20 минути, за. На ГП „Богородица” времето на чекање за излез знесува околу 20 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата, информира АМСМ.
Поради пожар во националниот Парк Јасен, пак, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Маџирмаало 11, општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Дел од Зелениково денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од село Зелениково, општина Зелениково.