Забава
Историски споменик во САД осамна со гугл-очи
Историски споменик во Џорџија доби гугл-очи. Некој сметал дека споменикот на американскиот генерал Натаниел Грин во Савана, Џорџија, треба да добие поинаков изглед. Па така, во четвртокот белиот мермерен обелиск од 50 стапки добил гугл-очи, коишто ` даваат комичен изглед на статуата, објави Си-ен-ен.
Градските власти велат дека овој потег воопшто не е за смеа.
,,Кој го стори тоа?! Некој ѝ ставил гугл-очи на нашата историска статуа. Можеби изгледа смешно, но да им се наштети на нашите историски споменици и на јавниот имот не е воопшто смешно, всушност, тоа е криминал”, коментираат градските власти на Савана на фејсбук-страницата.
Објавата на градот беше споделена повеќе од 29 000 пати и повеќе од 8 000 луѓе коментирале за овој настан.
Кетура Грин, портпаролката на полицискиот оддел во Савана, изјави дека властите биле предупредени за гугл-очите на споменикот откако локалните медиуми виделе слика на социјалните медиуми.
,,Очите беа брзо отстранети и не е предивикана штета на статуата”, вели Грин.
Полицајците напишале извештај за настанот и ќе се прегледуваат камерите поставени во близина, со цел да се види дали е снимено кој го сторил тоа.
Генералот Натаниел Грин е еден од најреномираните генерали на Револуционерна војна и талентиран воен стратег. Тој бил командант на Јужниот дел на Континенталната армија и направил стратегија со која Британците биле спречени да го окупираат Југот.
Тој починал во близина на Савана на 19 јуни 1786 година. Споменикот на Грин во Савана бил подигнат во 1953 година. Неговите остатоци се погребани под споменикот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) „Ај кју“ со Pay the Price го продолжуваат музичкиот континуитет
Дуото составено од Бојан и Марија го продолжуваат својот музички пат со песни испеани на англиски јазик, а најнова во низата е песната „Pay the Price“. Музиката и аранжманот е целосно дело на Бојан, а текстот го напишаа заедно со Марија и уште една нивна редовна соработничка од Лондон.
Песната опишува едно типично секојдневие на партнери кои живеат заедно и низ шармантен и духовит начин ги доловува ситуациите кои се предизвици на партнерите.
Песната е снимена во Лондон во студиото во кое творат последните неколку години и на оваа песна ја продолжија соработката со ко-продуцентите од Шведска и Италија.
Забава
(Видео) Враќање во иднината со Јован Јованов и Елвир Мекиќ
Јован Јованов и Елвир Мекиќ повторно ги споија своите гласови и енергија, 16 години откако ја испеаја „Слаба точка“.
Музички позрели од претходно, а сепак со истата страст, тие ја снимија песната „Адреналин“, која ќе биде вистински хит, а ќе почнете да си ја пеете и да играте во нејзин ритам уште на првото слушање.
Премиерата на песната е закажана за 01.11.2025 (сабота) во 15:00 часот.
Забава
Заборавете на црното: овој капут е хит за зимата и тешко е да се победи
Оваа сезона ќе се оддалечиме од вечниот класик – црниот капут, кој е неопходен дел од зимскиот гардеробер, и ќе носиме таков што е малку потежок за одржување, но ја воздигнува секоја комбинација во студените денови.
Постигнувањето елегантен зимски изглед често се сведува на едно клучно парче облека – совршениот капут. Бидејќи ја дефинира целата силуета, добриот капут ви овозможува да носите речиси сè под него, а сепак да изгледате беспрекорно. Токму затоа модните експерти посветуваат посебно внимание на изборот на идеалниот модел секоја сезона.
Оваа зима еден стил и една боја особено се издвојуваат и привлекуваат внимание со својата ненаметлива софистицираност, а тоа е кремастиот капут.

Фактот дека капутите во оваа боја се вистински хит го потврдија многу познати личности, вклучувајќи ги Селена Гомез, Ема Вотсон и други, кои избраа вакви капути за разни пригоди во изминатите неколку недели, а истиот тренд го прифатија и многубројни инфлуенсери.
Одлична алтернатива на белата
За разлика од чисто белата, кремастите нијанси нудат помек и потопол изглед и создаваат посуптилен контраст на потемните бои внесувајќи доза елеганција, што е тешко да се победи.

Секако, клучниот предизвик со овој тренд е одржувањето. Бидејќи кремастите палта се чувствителни на нечистотија, се препорачува да се чуваат за суви денови и за посебни пригоди, а за дождливи и ветровити денови потемните модели се сепак попрактичен избор.
Свежо, елегантно и несомнено софистицирано, кремастото палто е парче што веднаш го воздигнува секој зимски гардеробер. Од популарни брендови до дизајнерски класици – понудата е побогата од кога било досега оваа сезона.
фото: принтскрин

