Македонија
Министерството за здравство: Набавени се вакцини за сезонски грип
Министерството за здравство преку јавна набавка обезбеди 28.000 дози вакцини за заштита од сезонски грип за 2018/2019 година. Од таму велат дека станува збор за четиривалентна вакцина, која е најнова и висококвалитетна и заштитува од четири вида инфлуенца и е препорачана од Светската здравствена организација и Европската медицинска агенција.
„Годинава првпат се набавуваат вакцини против сезонски грип кои се бесплатни за лицата над 65 години со просечна и потпросечна пензија, како и за оние без пензија. Министерството за здравство во оваа постапка задолжително во условите побара документи со кои се потврдува квалитетот на вакцините. За оваа набавка, Министерството испланира 13.333.333 денари, но по спроведената електронска аукција, постигната е цена во вкупен износ од 8.666.665 денари. Со тоа,при набавката на вакцините постигната е најниската цена на чинење, со што Министерството заштеди околу 75 илјади евра“, соопштија од Министерството.
Четиривалентната вакцина е производство на француската фармацевтска компанија „Санофи Пастер“.
Од Министерството наведуваат дека вакцинацијата е единствена превентивна заштитна мерка против грип и се препорачува за лицата постари од 65 години, особено хронично болните, здравствените работници, лицата со кардиоваскуларни и респираторни заболувања, како и воопшто за лицата со намален имунитет.
Вакцинацијата ќе се одвива во Центрите за јавно здравје во државата. Количините ќе бидат распределени според потребите на населението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Две сообраќајни несреќи и одрон на автопатот Скопје – Велес после патарината Сопот
На автопат Скопје – Велес после патарина Сопот пред тунелите на Башино село поради одрон на левата коловозна лента сообраќајот се одвива по десната коловозна лента се, и испратени служба од ПС за БПС Велес, извести АМСМ.
Во меѓу време на истото место случени се две сообраќајни незгоди со матријална штета повредени нема, сообраќајот се одвива по една коловозна лента, додаваат од АМСМ.
фото: архива
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, објектите на Дом за Малолетни Деликвенти. (општина Бутел)
Македонија
Непречен сообраќај низ државата, по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

