Македонија
СДСМ бара од Мицкоски да одговори на повикот за помирување
Мицкоски не одговори на повикот за помирување и национално обединување, го интересира само стариот принцип на мешање на извршната во судската власт, реагира Социјалдемократскиот сојуз на Македонија по прес-конференцијата на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.
„Раководството на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски е навикнато на стариот принцип на интервенции на извршната врз судската власт. Тие ништо не научиле и како да заборавиле дека помина времето кога нивниот поранешен, а сега осуден премиер, рецитира изрекување притвори и судски пресуди. Македонија има независно и професионално судство, ниту Мицкоски, ниту Груевски ниту кој било друг не може да интервенира врз судските одлуки“, се вели во реакцијата на СДСМ.
Владејачакта партија побара од Мицкоски и раководството да одговорат дали се за национално обединување и дали се за членство во ЕУ и НАТО.
„Конечно, ако раководството на ВМРО-ДПМНЕ одлучи и понатаму, по секоја цена, да ја блокира иднината, го повикуваме секој пратениик да се издигне на висина на овој историски момент и да гласа за членство на Македонија во НАТО и ЕУ и за подобар живот за сите граѓани.
Ако тоа не се случи, мнозинството во Собранието ќе изгласа предвремени избори, на кои ќе бидат обезбедени потребните две третини во Собранието“, смета СДСМ.
Премиерот Зоран Заев, претходно, денеска, од собраниската говорница повика на помирување за настаните од 27 април.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Променливо облачно претпладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.
Македонија
Гаши на Националниот молитвен појадок во САД
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast) во Вашингтон.
Се работи за традиционален и значаен настан што ги обединува политичките, верските и општествените претставници, истакнувајќи ги вредностите на дијалогот, взаемното почитување и моралната одговорност во лидерството.
На оваа церемонија се обрати и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Од Собранието велат дека учеството на Гаши претставува можност за зајакнување на пријателските односи и за афирмирање на улогата на Република Северна Македонија како активен, присутен и почитуван партнер во меѓународната соработка.

