Свет
Британски блогер стави знак „Тука е закопан нацист“ врз гробот на Бандера
Британскиот блогер Греам Филипс објави видео на кое ги симнува знамињата од гробот на украинската националистичка икона Степан Бандера во Минхен и на нивно место поставува знак на кој пишува „Тука е закопан нацист”, пренесува РТ.
Бандера, кој соработувал со нацистите за време на Втората светска војна, почина во Минхен во 1959 година, а неговиот гроб стана место за аџилак за неговите обожаватели. Надгробната плоча и крстот на неговиот гроб беа украсени со украински знамиња, банери на украинската радикална група и со свеќи. Филипс ги отстранил и го ставил знакот: „Тука е закопан украинскиот нацист Степан Бандера”.
Тој ги објасни своите постапки на Твитер велејќи дека само ја „коригирал” надгробната плоча за да биде во согласност со германското законодавство.
Многу коментатори го пофалија потфатот на блогерот, нарекувајќи го Филипс храбра личност и вистински антифашист, додека други го критикуваа, па дури и му се закануваа. Некои тврдат дека упатувањето на блогерот на германскиот закон било ирелевантно бидејќи во него не се вели ништо за светилиштата и само забранува употреба на свастики и други нацистички симболи. Тие рекоа дека Филипс извршил злосторство со сквернавање на гробот и дека треба да одговара за тоа.
Бандера беше водач на Украинската востаничка армија (УПА), која соработуваше со нацистите и се бореше против полската Армија Крајова и Црвената армија во Западна Украина за време на Втората светска војна. УПА е одговорна за смртта на 106 000 Полјаци, главно жени и деца, во Волинија и Источна Галиција за време на безмилосната кампања на етничко чистење. Тој ја напуштил Украина откако неговата кауза не успеала и се преселил во Минхен, каде што бил убиен во 1959 година.
И покрај извршените злосторства, Бандера се смета за иконска фигура не само од украинските националисти туку и од властите во Украина. Во 2010 година Бандера беше дури и официјално прогласен за „Херој на Украина”, но одлуката подоцна беше укината од судот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

