Македонија
Царовска: Со усогласување на законите и јакнење на институциите побрзо ќе ја спроведеме Истанбулската конвенција
Усогласувањето на законите со кои треба да се спречи насилството врз жените и семејното насилство, како и сите други мерки што државата треба да ги направи за да ја имлементира Истанбулската конвенција, беа тема на денешниот координативен состанок во Владата на Република Македонија.
На состанокот на кој воведно обраќање имаше министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, присуствуваа преtставници од поголемиот дел од министерствата, од државните институции, меѓународните организации и граѓанскиот сектор.
„Eден од стратешките определби и приоритети на Владата на Република Македонија е да ги исполни предвидените активности во владината програма, односно да го реализира Акциски план за спроведување на Истанбулската конвенција. На овој начин сите заеднички ќе направиме напори за развивање и подобрување на националното законодавство за борба против насилството врз жените, но исто така ќе дејствуваме превентивно во подигнување на јавната свест, како и воспоставување на институционални механизми за заштита на жртвите на родово базираното насилство“, истакна министерката Царовска.
Владата на 9 октомври го усвои Акцискиот план за спроведување на конвенцијата за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство во Републка Македонија за периодот 2018-2020 година. Овој Акциски план претставува сеопфатна мултиинституционална политика за борба против насилството врз жените и овие политики треба да се гледаат како елемент на демократското и транспарентното владеење засновано на владеење на правото.
Во насока на унапредување и унифицирање на системот за постапување со случаи на семејно насилство, изготвени се и усвоени стандарди и процедури за семејно насилство во соработка со граѓанскиот сектор. МТСП досега отвори 4 регионални центри за лица жртви на семејно насилство во Скопје, Кочани, Битола и во Свети Николе, а ја прошири и дејноста на Центарот за лица жртви на трговија со луѓе и со жртви на сексуално насилство каде што згрижувањето трае до 6 месеци.
МТСП во соработка со граѓанскиот сектор, финансира Центар за лица жртви на семејно насилство, Кризен центар 24/48 часа и Национална мобилна СОС-линија, кои се менаџирани од страна на граѓански здруженија. Министерството за труд и социјална политика изборот го прави по пат на јавен повик на годишно ниво. Министертвото инвестира и во објект во кој ќе биде сместен Центар за советување на жртви на насилство во општина Куманово. Исто така, во состав на здравствени установи во Куманово, Тетово и Скопје, отворени се и 3 центари за жртви на сексуално насилство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

