Свет
Израелски тинејџер казнет за уринирање во поранешниот нацистички логор Аушвиц

Полски суд му изрече парична казна на еден 19-годишен израелски тинејџер кој признал дека уринирал врз еден споменик во поранешниот нацистички логор на смртта Аушвиц-Биркенау, пренесува „Локал“. Момчето, кое било идентификувано само како Зеев К., го извршил делото кон крајот на март и бил уапсен истиот ден, но ослободен откако го признал.
„Судот утврди дека обвинетиот е виновен за делото за кое е обвинет и изрече парична казна од 5 000 злоти (1 160 евра)”, рече Дарија Пичорц од окружниот суд во Краков.
Зеев К. не бил присутен за изрекувањето на пресудата во регионалниот суд во Освиец, каде што се наоѓа Аушвиц, но се согласил да ја плати казната. Водичот од музејот и неколку други луѓе биле сведоци на прекршокот.
Споменикот за кој станува збор е лоциран помеѓу урнатините на двата крематориуми во поранешниот камп на смртта, основан од нацистичка Германија по окупацијата на Полска за време на Втората светска војна. Аушвиц-Биркенау стана симбол на геноцидот на европските Евреи од нацистичка Германија, од кои еден милион загинаа во логорот во периодот од 1940 до 1945 година. Повеќе од 100 000 други, меѓу кои и нееврејски Полјаци, Роми, советски воени затвореници и антинацистички борци, исто така, починале таму.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израел: Ќе ги засилиме нападите врз Иран

Министерот за надворешни работи на Израел, Израел Кац изјави дека земјата ќе го зголеми интензитетот на нападите врз стратешките цели во Иран, вклучително и оние во главниот град Техеран.
Најавата доаѓа по израелскиот ракетен напад врз нуклеарниот реактор во Арак и иранскиот напад врз болницата Сорока во јужен Израел.
„Премиерот и јас дадовме наредба на ИДФ да го зголеми интензитетот на нападите врз стратешките цели во Иран и врз владините цели во Техеран, со цел да се елиминираат заканите за државата Израел и да се поткопа режимот на ајатолахот“, рече Кац на социјалната мрежа „Икс“.
Нападот на болницата предизвика низа реакции во израелската политичка елита, нагласувајќи дека станува збор за цивилен објект. Од друга страна, иранските државни медиуми тврдат дека целта била воена база на израелската армија која се наоѓа во непосредна близина на болницата.
Свет
(Видео) Иран за нападот врз израелската болница: Целта беше воена база

Иранските државни медиуми објавија дека цел на ракетниот напад утринава не била болницата Сорока во Бершева, туку воената инфраструктура на израелската армија во нејзина близина.
Според агенцијата ИРНА, нападот бил насочен кон командно-разузнавачкиот центар на израелската армија (IDF C4i) и воениот разузнавачки камп лоциран во технолошкиот парк Гав-Јам Негев, веднаш до болницата и кампусот на Универзитетот Бен Гурион.
Massive damage to Soroka Medical Center in Beersheba, following the impact of a ballistic missile fired by Iran. pic.twitter.com/8rXhGeuk0z
— OSINTdefender (@sentdefender) June 19, 2025
„Воената инфраструктура беше директна и прецизна мета, а болницата беше само изложена на ударниот бран“, се наведува во извештајот.
Претходно денеска израелското Министерство за надворешни работи соопшти дека болницата Сорока била погодена од иранска балистичка ракета. Болницата се наоѓа во градот Бершева и обезбедува здравствена заштита на припадниците на сите заедници – Евреи, муслимани, христијани и арапски бедуини, објави Министерството.
Израел рече дека ќе продолжи да дејствува за да го заштити сиот свој народ, од сите сфери на животот.
Нападот на болницата е дел од поширокиот ирански ракетен напад на израелска територија, како дел од ескалацијата на конфликтот меѓу двете земји. Според достапните информации, дел од цивилното население во моментот на нападот се наоѓало во реонот на болницата. Во нападот се ранети десетици луѓе.
Свет
Израел нападна ирански нуклеарен реактор

Израелската армија го нападна нуклеарниот реактор во Арак (т.н. тип на тешка вода), западно од Техеран, објавија иранските државни медиуми и неколку телевизиски станици.
Нападот се случи откако претходно истиот ден Израел го повика населението да ја евакуира областа.
Израелската војска потврди дека го гаѓала објектот во Арак, на околу 400 километри западно од иранската престолнина, велејќи дека тоа е дел од напорите да се уништи иранската нуклеарна инфраструктура.
Иранските власти тврдат дека евакуацијата не била завршена во моментот на нападот, пренесува новинската агенција ИСНА. Но, други извори тврдат дека сите цивили успеале да се засолнат пред нападот. Според истите извори, нема опасност од радиоактивно зрачење.