Соопштенија
Николовски: ВМРО-ДПМНЕ кога ќе има шанса да ја води Владата, ќе постигне подобар договор со Грција
Тивкото мнозинство на референдумот кое одлучи со пасивен отпор да остане дома, а не да гласа, упати силна порака до сите, а тоа е дека секогаш е подобро да преговарате подолго и да постигнете добар договор отколку тоа да го направите брзо и да донесете лош договор кој луѓето нема да го прифатат, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на конференцијата на ЕПП со наслов „ЕУ-Западен Балкан – како заедно да ја изградиме нашата заедничка иднина?“
„Беа направени многу грешки за да стигнеме до тука, имаше најмалку четири главни настани и грешки што беа направени од страна на Владата, тоа се злоупотреба на проблемот за добивање политички поени и за лични интереси. Второ, опозицијата беше целосно исклучена од процесот. Трето, се напушти рамката на преговори во Обединетите нации и понатаму прифаќањето на промена на Уставот“, рече тој.
Оваа Влада, додаде Николовски, дојде со многу ветување, повеќето во врска со владеењето на правото, борбата против корупцијата и економијата. Овие приказни, рече тој, беа и се убави и тие го кажуваат во Брисел тоа што сакате да го чуете, но реалноста е сосема спротивна.
„Тие зборуваат само за прашањето за името како изговор за корупција, злоупотреба на моќ и лоши економски резултати. Второ, опозицијата беше целосно исклучена во текот на целиот процес и Владата преговараше сама. Немаше ниту волја да разговара и да сподели со нас. Некој може ќе каже дека тоа е политичка одлука. Се согласувам. Но, Владата потпиша договор кој без ВМРО-ДПМНЕ не може да се спроведе. Се обидовме да бидеме конструктивни во сите процеси, баравме информации кои речиси никогаш не ги добивавме, дававме предлози што никогаш не беа сфатени сериозно. Кога се разговараше за референдумот, ја предложивме формата на прашањето, предложивме две одделни прашања. Дали се согласувате Македонија да влезе во ЕУ и, второто, дали се согласувате со договорот со Грција. На тој начин луѓето може слободно да одговараат на двете. Прашањето што Владата го постави на референдумот беше повеќезначно и една од главните причини што луѓето останаа дома и не гласаа. И тој предлог беше одбиен“, рече Николовски.
Според него, прифаќањето на промената на Уставот беше црвената линија што ниту една друга влада не ја помина, а тоа е една од главните причини зошто луѓето не го прифаќаат договорот.
„Исто така, не смее да се заборави дека Владата направи масовно полнење кутии, повеќе од 3,5 отсто ливчиња беа незаконски ставани во гласачките кутии. Математиката укажува на тоа дека постојат места каде што гласале луѓе на секои 2,4 секунди, или на секои 5 секунди или на секои 9 секунди. Тоа не е можно. Побаравме комисија во Собранието и обвинителот да го истражат ова, а Владата го отфрли барањето истиот ден, што покажува дека има што да скријат. Сега мора да се соочиме со реалноста. Македонија има европска иднина и ние веруваме во тоа. Знаеме дека тоа е преку договор со Грција. Но, ние мора да бидеме реални. Договорот мора да биде таков што може да биде прифатен од македонскиот народ“, рече Николовски.
Затоа, истакна тој, ВМРО-ДПМНЕ верува дека кога ќе имаме шанса да ја водиме владата, ќе можеме да постигнеме подобар договор со Грција, договор што ќе биде балансиран и во корист на Македонија, не само во корист на Грција. „Овој договор мора да се соочи со реалноста и граѓаните да може да живеат со него. Свесен сум дека Грција ќе се вклучи во изнаоѓање подобар договор бидејќи е и од нејзин интерес да има стабилен регион и да има договор што ќе може да биде прифатен. Договор што ќе ги почитува правата на Македонците да имаат своја држава и свој идентитет. Тоа е договор кој може да биде прифатен и да биде во полза на сите“, рече Николовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Таткото троши – ќерката плаќа: смена на улогите во новата реклама за картичката за деца на Халкбанк
Замислете кога во одреден момент со парите би управувале децата. Тие да можат да одлучат што да се купи, а што не или колку може да се потроши за чоколади и за слатки. Тие да кажат дали овој месец ќе заштедат или ќе го потрошат целиот буџет.

Во ваква улога се најдоа познатиот македонски актер Сашко Коцев и неговата 9-годишна ќерка Јоана, на снимањето на рекламата за првата платежна картичка за деца на Халкбанк. Станува збор за иновативен производ, наменет за деца од 9 до 15 години, кој ним им овозможува да стекнат финансиски навики, додека родителите имаат целосна контрола на тоа каде и колку трошат нивните деца.
Рекламата за картичката Халки се случува во слаткарница. Таткото е возбуден и сака да нарача сè од менито, но за тоа мора да побара дозвола од ќерката. Таа, од друга страна, е смирена и рационална и не дозволува да се претера со нарачките, но и конзумирање на слатко. На крајот, ќерката ја плаќа сметката со својата Халки картичка.
„Целта на кампањата е на забавен начин, со доза хумор, да покажеме дека децата знаат да се однесуваат одговорно кон финансиите доколку им се дозволи и им се покаже како да го прават тоа. Практично, идејата за креирање на првата картичка за деца и тинејџери до 15 години во Македонија е токму тоа – да им помогне да научат како да располагаат со одредена сума пари, да го планираат неделниот или месечниот џепарлак и да стекнат навики за штедење. Секако, со помош и со контрола на родителите“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.
Mastercard Junior дебитната картичка овозможува низа поволности како повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во Македонија и во странство, бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот или старателот на сметката на детето. Исто така, родителот има можност за поставување лимити на платежната сметка на детето, блокирање на картичката преку електронско банкарство во случај на губење, СМС инфо без надоместок на мобилниот број на законскиот застапник/старател и можност за дигитализирање на картичката на Google Pay или Apple Pay.
Процедурата за аплицирање за картичката за деца е едноставна и може да се направи во сите филијали на Халкбанк, а сите апликации до крајот на март годинава се ослободени од трошоци за издавање на картичката.
(ПР)
Соопштенија
ЕДС официјален поддржувач на Олимпискиот комитет за спортскиот циклус 2026
Со потпишувањето на спонзорски договор со Олимписки комитет на Северна Македонија, ЕДС официјално станува дел од Олимпиското семејство како Официјален поддржувач за време на клучниот спортски циклус во 2026 година.
ЕДС ќе даде поддршка на Олимпискиот комитет во период што опфаќа неколку од најзначајните меѓународни спортски настани, меѓу кои Зимските олимписки игри Милано–Кортина 2026 и Медитеранските игри во Таранто.
Со оваа соработка, ЕДС ја потврдува својата заложба за поддршка на спортот, младите и вредностите што ги промовира олимпиското движење – фер-плеј, извонредност, посветеност и заедништво.
„Ова партнерство за нас претставува многу повеќе од спонзорство. Тоа е јасна поддршка на вредностите што ги делиме со олимпиското движење – дисциплина, истрајност и стремеж кон извонредност. Горди сме што, преку соработката со Олимпискиот комитет на Северна Македонија, ќе бидеме дел од еден значаен спортски циклус и ќе придонесеме кон промоција на домашниот спорт на меѓународната сцена,“ изјави главниот извршен директор на ЕДС, Александар Сарџовски.
Спонзорството ја зацврстува позицијата на ЕДС како општествено одговорна компанија, која континуирано инвестира во иницијативи со долгорочна вредност за заедницата и придонесува кон позитивен општествен развој.
ПР
Соопштенија
Лото и Џокер на само еден клик од тебе – играј онлајн и пробај ја среќата во зимските денови
Во зимските денови, кога се поминува повеќе време дома, Државна лотарија им овозможува на граѓаните практична можност за забава и добивки. Сите љубители на игрите на среќа може да ја испробаат својата среќа преку едноставната и сигурна платформа за играње лото и џокер онлајн на официјалната веб-страница loto.mk.
Со само еден клик, секој може да го уплати своето лото-ливче брзо и сигурно, без потреба од чекање во редици. Резултатите се проверуваат на едноставен начин, а платформата е достапна секогаш и секаде, овозможувајќи им на корисниците да играат кога сакаат и каде сакаат.
Започнувањето на годината со можност за големи добивки претставува дополнителен поттик граѓаните да си ја испробаат среќата. Играњето лото онлајн не е новитет, туку веќе докажана и практична алатка што им овозможува на играчите лесно и сигурно да бидат дел од возбудата на најпознатата игра на среќа во земјата.
Државна лотарија со оваа дигитална алатка ја потврдува својата посветеност кон создавање едноставни и достапни решенија што ја збогатуваат секојдневната забава на граѓаните. Онлајн уплатата претставува уште еден начин компанијата да биде поблиску до своите играчи, овозможувајќи им удобност, сигурност и можност за големи добивки – токму во моментите кога сакаат да се забавуваат.
Игрите на среќа се наменети само за лица над 18-годишна возраст. Државна лотарија постојано потсетува дека играњето треба да биде одговорно и умерено, со јасна порака дека тие се пред сè форма на забава што може да донесе возбудливи добивки.
Државна лотарија, како општествено одговорна компанија, ја афирмира својата посветеност кон одговорното играње, обезбедувајќи средина што е сигурна и контролирана. Со тоа се гарантира дека игрите на среќа остануваат во рамките на целта за која се создадени – предизвик, забава и возбуда.
ПР

