Забава
Со прочистувачите на воздух добивате до 97% почист воздух, дознајте ги сите придобивки и каде може да ги набавите
Со почетокот на есента и подготовките за грејната сезона, загриженоста од загадувањето станува актуелна тема на разговор помеѓу луѓето во Македонија. Иако често се дискутира темата, луѓето ретко преземаат нешто за да го заштитат својот дом и работно место со цел да се подобри квалитетот на воздух. Со напредокот на технологијата, има решение за овој проблем. Веќе по пристапни цени во продажните салони на „Нептун“ ширум Македонија може да ги набавите овие апарати и да добиете до 97% почист воздух во вашиот простор на живеење и/или деловен простор.
Нивото на загадување на воздухот во просторијата може да биде до трипати поголемо од она надвор!
Ова главно е поради правта, бактериите и вирусите што се пренесуваат помеѓу луѓето, чадот од готвење, чадот од цигари, домашни миленичиња и слично. Луѓето генерално поминуваат поголем дел од денот дома или на работното место, па поголемата изложеност и воедно опасност од загадениот воздух е во затворен простор.
Прочистувачите на воздухот го отстрануваат загадениот воздух во вашиот дом!
Прочистувачот на воздухот е уред што го отстранува загадувањето на воздухот во просторијата. Прав, полен, миленичиња, мувла и други штетни честички можат да дејствуваат како алергени. Прочистувачите ги отстрануваат овие честички, како и дел од бактериите, вирусите и штетните материи. Корисни се за луѓе кои страдаат од алергии и за астматичари, а исклучително се корисни кај семејства со мали деца. Децата се помалку отпорни на загадениот воздух и штетноста кај нив влијае повеќе.
Дали прочистувачите на воздухот навистина работат?
Да, прочистувачите на воздух навистина работат! По кратко користење, само отворете го филтерот за да ги видите налепените честички на него. Без овој филтер, правта би била во вашите бели дробови.
Секој прочистувач има наведена површина на прочистување што ја покрива
Секој прочистувач на воздух доаѓа со одреден рејтинг за стапката на чист воздух (CADR). Затоа пред да купите прочистувач, треба да проверите колку метри квадратни може да прочисти и да биде соодветен за вашата просторија (дом или работен простор).
Одвлажнувачи наспроти навлажнувачи на воздухот
Дополнително на прочистувачите на воздух постојат и други видови апарати за подобрување на квалитетот на воздух. Одвлажнувачите и навлажувачите на воздухот вршат сосема друга функција. Навлажнувачите ја зголемуваат влагата во воздухот, додека одвлажнувачите го прават спротивното, ја намалуваат влагата. Навлажнувачот се користи ако нивото на влажност е под 30%, додека одвлажнувачот се користи доколку нивото на влажност е поголемо од 50%. Препорачаното ниво на влажност во просторијата е помеѓу 30% и 50%. Апартите што ги има во „Нептун“ имаат мерачи на влажност на воздухот за да знаете кога е препорачливо да ги вклучите.
Доколку имате влага, мувла, полен или прав во собата, набавете одвлажнувач
Доколку вашата соба е постојано со влага, мувла, полен, прав, набавете одвлажнувач на воздухот за да го намалите нивото на влажност и со тоа да спречите одгледување на мувлата. Високото ниво на влажност е совршена средина за мувла, полен и прав.
Дознајте повеќе за уредите за квалитет на воздух и погледнете ги одличните понуди во сите „Нептун“ продажни салони ширум Македонија и на овој ЛИНК.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(ФОТО) И на 40 години во врвна форма: Роналдо повторно ги воодушеви фановите
Кристијано Роналдо повторно ги воодушеви фановите со фотографија објавена на Инстаграм, на која позира без маица во црни боксерки, покажувајќи ја одличната физичка форма и на 40-годишна возраст.
„По сауна“, напиша кратко Роналдо под фотографијата направена во теретана. Ова не е првпат фудбалската ѕвезда да објави вакви фотографии, со кои редовно ја истакнува дисциплината, тренинзите и начинот на живот по кои е препознатлив.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо никогаш повторно не го гледал „Титаник“
Актерот Леонардо ди Каприо ги шокираше фановите со признанието дека никогаш повторно не го погледнал „Титаник“, филмот што во 1997 година го лансираше во светска слава и ја обележа цела една генерација.
Ди Каприо за тоа зборуваше во разговор со Џенифер Лоренс во емисијата Actors on Actors, пренесува „Варајети“. За време на опуштениот разговор, Лоренс директно го праша: „Дали некогаш повторно го погледна ‘Титаник’?“
Ди Каприо без размислување одговори: „Не. Не сум го гледал.“
Лоренс се изненади и му рече: „Па, треба да го гледаш! Се кладам дека сега би можел да го гледаш, навистина е добар.“
„Јас всушност не ги гледам моите филмови. Ти ги гледаш ли твоите?“ ја праша Ди Каприо колешката.
„Не“, одговори Лоренс низ смеа. „Никогаш не сум снимила нешто како ‘Титаник’. Да сум, сигурно ќе го гледав. Еднаш бев многу пијана и го пуштив ‘American Hustle’. Се прашував: ‘Дали јас сум добра актерка?’ Го пуштив филмот… и не се сеќавам на одговорот.“
Ди Каприо слично признание дал и претходно. Во август, за списанието „Есквајр“, изјави дека ретко ги гледа своите филмови, но дека постои еден исклучок.
„Тоа е ‘Авијатичарот’. Тој филм ми беше особено важен“, рече актерот, присетувајќи се на соработката со режисерот Мартин Скорсезе и на неговиот долгогодишен интерес за ликот на Хауард Хјуз.
Филмот „Титаник“, во режија на Џејмс Камерон, стана еден од најуспешните филмови во историјата, а Ди Каприо во него глумеше заедно со Кејт Винслет.
„‘Титаник’ беше голем експеримент за Кејт и за мене“, изјави Ди Каприо уште во 2016 година. „Не можевме ни да замислиме колку голем ќе стане филмот. Сè тоа нè изненади.“
Тој додаде дека по тој успех морал да забави и да се врати на своите актерски цели.
„Знаев дека од мене се очекува нешто одредено, но сакав да останам верен на себе и на причината поради која воопшто почнав да глумам“, порача Ди Каприо.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.

