Соопштенија
Демократската фракција: Асиметричен договор потпишан од неовластено лице не може да биде основа за промена на Уставот

Од Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ ги повикуваат и охрабруваат пратениците, а пред сè, како што велат, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери во Собранието, да ја поддржат и доследно да ја испочитуваат волјата на повеќе од 2/3 од граѓаните на Република Македонија, кои не се согласиле со содржината на договорот од Преспа.
„Не може и не смее еден неконзистентен и асиметричен договор потпишан од неовластено лице, како и неуставен акт со многу противуставни одредби, кој е потпишан и ратфициран со свесно погазување на процедура при негово донесување и ратификација, да биде основа за промена на Уставот на нашата држава“, велат од Демократската фракција.
Оттаму нагласуваат дека откако граѓаните го кажале својот став, сега се на ред пратениците да го испочитуваат истиот.
„Нашите западни пријатели не смеат да ги обвинуваат граѓаните на Република Македонија за русофилство затоа што тоа не го чувствуваат. Најголем процент од граѓаните на Македонија се за влез во ЕУ и НАТО, но на достоинствен и цивилизиран начин, без уцени и омаловажување, а најмалку преку непринципиелно мешање во нашите внатрешни работи. За неуспешениот референдум нашите пријатели треба да знаат дека тој е резултат на нивните двојни стандарди кон Македонија и Македонците, кон неоправданото изнасилено барање за промена на сопственото име и на неосудувањето на сите досегашни историски неправди нанесени кон нас од страна на нашиот јужен сосед“, се наведува во соопштението.
Од Демократската фракција додаваат дека Македонија и нејзините граѓани се достоинствени и бараат само почитување на нивното достоинство и права.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
ЗНАМ ја промовира програмата за култура, уметност и традиција за Куманово

Куманово отсекогаш било град на културата, талентите и уметноста. Град во кој се спојуваат традицијата и современоста, старото и новото, автентичното и модерното. Општината ќе продолжи да биде чувар и поддржувач на културниот идентитет, место каде што уметноста се негува, а традицијата се почитува, рече денеска на презентацијата на програмата на Движењето ЗНАМ за Куманово за овие локалкни избори, кандидатката за советник Јелена Пауновиќ.
„Во изминатите години активно вложувавме во културата – реконструкција на објекти од историско значење, поддршка на фестивали, манифестации и културно-уметнички друштва. Организиравме настани што го збогатија културниот живот, но и го афирмираа Куманово како културен центар на североисточниот регион“, рече Пауновиќ.
Таа кажа дека во програмата ЗНАМ предвидува уште повеќе промотивни активности.
Дел од нив се зголемување на буџетот за културни програми со цел побогата и подостапна понуда за граѓаните, целосно финансирање на традиционални настани кои се дел од културниот идентитет на Куманово, идентификување на најуспешните културни манифестации и нивно издигнување на повисоко ниво – регионални и меѓународни фестивали, заштита и ревитализација на културното наследство – објекти, локалитети и симболи на градот, формирање културен центар или изложбена поставка за историјата и развојот на Куманово, изработка на туристички водич за култура и историја на Куманово, со цел поттик на културниот туризам, промоција на локални атрактивни дестинации и нивна интеграција во туристички понуди, кумановско културно лето со концерти, театар и уметнички програми на Спомен костурницата, летен филмски фестивал на отворено за промоција на филмската уметност.
Куманово, потенцираше Пауновиќ, не е само град на историја, туку град на создавање. Град кој дише преку уметноста, се гордее со своите таленти и живее преку својата култура.
Соопштенија
Герасимовски: За првпат воспоставуваме „Крафт Стрит“ – улица на занаетчиите во Центар

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски, денеска најави нов проект „Крафт Стрит – улица на занаетчиите“, кој има за цел да создаде нова урбана зона посветена на занаетчиството, уметноста и локалното производство.
„Во Центар за првпат воспоставуваме Крафт Стрит – улица на занаетчиите. Сите занаетчии, уметници и производители ќе добијат свој простор за развој и промоција на идеи и бизниси, а граѓаните ново катче со уникатни македонски производи. За Центар што го сакаме“, изјави Герасимовски.
Проектот, како што објасни, е дел од неговата визија за создавање покреативен, културно жив и економски одржлив Центар, каде што локалните уметници и занаетчии ќе имаат можност да го претстават својот труд и да остварат директен контакт со посетителите и купувачите.
„Ова е уште еден чекор во насока на создавање отворен, жив и културен Центар, општина во која граѓаните ќе имаат место за дружење, инспирација и гордост од сопствената традиција“, порача Герасимовски.
Герасимовски, потенцираше дека „Крафт Стрит“ – улицата на занаетчиите се реализира во вториот мандат, по победата на локалните избори.
Соопштенија
Николоски: Најавувам голем инвестициски циклус, каде покрај средства од општините и Владата, обезбедени се и финансии од Светска банка

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски најави голем инвестициски циклус, каде, како што рече, покрај средства од општините и Владата, обезбедени се и финансии од Светска банка.
„Најавувам еден голем инвестициски циклус, којшто покрај средствата од општината и оние редовни средства коишто владата ги префрла, а до сега инвестираме некаде околу 500 милиони евра во сите општини заедно, ќе има и дополнителни средства коишто министерството за транспорт во соработка со Светска банка ги има обезбедено и ќе почнеме да ги реализираме во годините 2026, 2027, 2028 и 2029“, потенцираше Николоски.
Тој денеска беше на увид на градежни активности во Општина Гази Баба заедно со градоначалникот и кандидат за уште еден мандат, Бобан Стефковски.
Николоски посочи дека проектот за реконструкција на главната улица „Палмиро Тољати“, која е од поважните сообраќајници во општина Гази Баба, е начинот на кој целосно се решаваат проблемите во општините и во населбите.