Свет
Инвеститорите на „Фејсбук“ бараат да се замени Цукерберг
Големите инвеститори побараа од Надзорниот одбор на „Фејсбук“ да ја прогласи независна улогата на претседавачот среде аферата што неодамна го погоди технолошкиот гигант.
Новиот предлог, презентиран од компанијата „Трилиум асет менаџмент“, повикува на отстранување на Марк Цукерберг од водечките позиции поради неодамнешните скандали, вклучувајќи го и случајот на компанијата „Кембриџ аналитика“, која манипулира со личните податоци на 30 милиони корисници.
„Влегуваме во нова фаза на развој на Фејсбук”, рече Јонас Крон, потпретседател на „Трилиум“. „Фејсбук користи технологија што ја надминува нашата перцепција и сфаќање за начинот на кој технологијата влијае на општеството, и затоа е време да се ограничи Цукерберг и да се направат некои структурни промени”.
Акционерите ја обвинија компанијата за пропусти и лошо постапување при разни скандали што излегоа на виделина, изјави министерот за финансии на САД, Мајкл Фрерицис. „Време е за промени. Треба да ја вратиме довербата на инвеститорите и да ги заштитиме нивните интереси”, додаде Фредерис.
Сепак, оваа иницијатива се чини дека не е ништо повеќе од симболичен гест, имајќи предвид дека основачот и извршниот директор, Цукерберг, има речиси целосна контрола врз компанијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел ги напаѓа јужните предградија на Бејрут
Израелски воздушни напади ги погодија јужните предградија на Бејрут, при што е извршено најинтензивното бомбардирање на либанската престолнина откако Израел ја засили својата воена кампања против поддржаното од Иран – либанско шиитско движење Хезболах.
Во текот на ноќта силни експлозии одекнуваа низ различни делови на Бејрут, а небото беше осветлено со црвени и бели светла, како молњи, кои се гледаа од неколку километри.
Израелската армија соопшти дека нејзините воздушни сили извршиле „серија прецизни удари врз складишта за оружје и терористичка инфраструктура на Хезболах во реонот на Бејрут.“
Либанските власти сè уште не соопштија кои објекти биле погодени и какви штети предизвикале ракетите.
Регион
Дете најдено живо по два дена од поплавите во Јабланица под урнатините на семејната куќа
Продолжува борбата на голем број спасувачи за пронаоѓање на живите исчезнати лица по катастрофалната поплава што пред два дена се случи во Јабланица и во околните населени места.
Според официјалните информации, досега животот го загубиле 18 лица, а по голем број се уште се трага.
Сепак се појави и една добра вест, спасувачите пронашле дете под урнатините на неговата семејна куќа. Успеале да го извлечат и итно бил пренесен во болница.
Момчето било пронајдено под плочата тешка два тона која се срушила одозгора.
Европа
Поради планирање на терористички напад обвиненија добија трoјца тинејџери во Германија
Суд во германската провинција Северна Рајна-Вестфалија поднесе обвиненија против тројца тинејџери за планирање на терористички напад, пренесува ДПА.
Осомничените, на возраст од 15 и 16 години, беа уапсени во април за време на велигденските празници. Тие планирале напад во согласност со целите на терористичката група „Исламска држава“.
Обвинителството тврди дека тинејџерите ги разменувале плановите преку апликацијата „Телеграм“ и разговарале за напади во цркви и полициски станици.