Македонија
Заев: Драго ми е што луѓето излегуваат од притвор
Премиерот Зоран Заев рече дека разговарал со надлежни од Министерството за правда во врска со неговиот повик за помирување за настаните од 27 април, по што неколку пратеници беа ослободени од куќен притвор.
„Разговарав со Министерството за правда, да прашам дали е тоа поради мојот повик за помирување што го испратив. Дефинитивно луѓето си имаат обезбедено гаранција, тоа ми го потврдија, поради тоа што еве двајца пратеници од петте долго време се бранат од слобода и се редовни на рочиштата, веројатно поради соодветните гаранции коишто сега се поднесени во ваква фаза од самиот процес, судот одлучил тоа да се случи. Не ги знам ставовите на обвинителство, на судови… Но мене ми е драго што луѓето излегуваат од притвор. Зошто? Поради тоа што од самиот момент, мојот апел беше дека не треба секогаш притворот да биде мерка за да се обезбеди присуство на судењето“, рече Заев.
Премногу притвори видовме во Република Македонија, додаде тој, и јас верувам дека треба да се посегнува и по други, поолеснителни мерки, и драго ми е.
Според него, најдобро би било во работата на Парламентот да учествуваат сите пратеници.
„Ако може, и ако се случи, а секако тоа зависи од судските постапки, да дебатираме сите во Парламентот, тоа ќе биде уште подобро, гледано од историски аспект за Македонија, да бидат и сите пратеници. Не губам надеж кај мене, да собереме сили сите и да изнајдеме енергија, храброст и љубов кон татковината, и да обезбедиме двотретинско мнозинство во Парламентот“, рече Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) ДИК: Излезноста на повторените локални избори во четири општини до 18:30 часот е 28,07 проценти
Државната изборна комисија соопшти дека излезноста на повторените избори до 18:30 часот изнесува 28,07 отсто.
По општини:
– Врапчиште: 31,76 %
– Гостивар: 28,22 %
– Маврово и Ростуше: 28,04 %
– Центар Жупа: 13,18 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека поради задоцнето отворање, ќе има продолжување на пет избирачки места, три во Гостивар и две во Маврово-Ростуше. Најдолгото продолжување на гласањето во траење од 2 часа и 45 минути ќе биде на избирачко место 503 во Гостивар.
На избирачкото место 0782 во Ќафа немало гласање бидејќи тоа воопшто не било отворено.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.

