Македонија
Анѓушев: Имаме едуциран млад кадар, владата дава поддршка
Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев учествуваше на форумска дебата „Перспективите на младите лица од полноправното членство на земјата во ЕУ и НАТО (влијанија врз монетарната политика, бизнисот и пазарот на капитал)“ во организација на „Институтот за бизнис и менаџмент Хеиделберг Скопје“.
Анѓушев нагласи дека ЕУ и НАТО ќе преживеат без Република Македонија, но дека квалитетот на живот во нашата земја без членство во овие две организации нема да го достигне посакуваното ниво.
„Членството во организации како НАТО и ЕУ не значи само безбедност, тоа е многу повеќе, значи придобивки за економијата и подобар живот на граѓаните на Република Македонија. За сите стопанственици многу важни се владеењето на правото, стабилноста на државата, а дури на трето место се поволностите кои државата ги нуди за водење на бизнис. Активно работиме на подобрување на владеењето на правото, донесовме и мерки за поттикнување на инвестициите, а членството во НАТО и ЕУ ќе ја донесат посакуваната стабилност. Сведоци сме дека само со посветеноста за влез во овие организации има позитивни импакти, нивото на странски директни инвестиции во првата половина од годината е на рекордно ниво и го надминува нивото на СДИ во претходните години“, подвлече Анѓушев.
Вицепремиерот истакна дека соработката на Република Македонија со Сојузна Република Германија треба да се одвива во повеќе насоки, а дека присуството на институтот Хеиделберг, кој започна со работа оваа година и кој е дел од истоимениот универзитет од Германија, еден од трите најстари во Европа, е добар пример како да се унапредува соработката во образованието.
„Успешна економија нема, доколку нема успешни домашни претриемачи. Доколку сакаме да имаме успешна економија, мора да имаме развиена индустрија, треба да се развива конкурентноста на компаниите, особено кога станува збор за мала земја како Република Македонија. Тоа значи дека мора да бидеме извозно ориентирани, да бидеме конкурентни со целиот свет. Треба да се зголеми продуктивноста, преку пристап до технологии и трансфер до знаења. Во таа смисла трансферот на знаења кој може да се добие преку соработка со врвни унверзитети, каков што несомнено е Хеиделберг, трет најстар универзитет во Европа, се од круцијално значење. Во Република Македонија имаме млади и едуцирани луѓе, ни недостига претприемачки дух. Преку членство во ЕУ и НАТО ќе се добие пристап до повисоки средства за технолошки развој, набавка на технологии, а Владата ќе помогне за развојот на претримачкиот дух кај младите луѓе“, заврши Анѓушев.
На дебатата учествуваа и гувернерката на НБРМ Анита Ангеловска Бежовска, претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, претседателката на комисијата за хартии од вредност, Нора Алити, претседателот на деканската управа на Институтот за бизнис и менаџмент Хеиделберг, Улрих Цеител, како и извршниот директор на Институтот, Синиша Наумоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

