Соопштенија
СДСМ: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да одлучат слободно и да му се спротивстават на антизападниот Мицкоски

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски денеска одново покажаа дека по секоја цена сакаат да ја блокираат иднината на Македонија во ЕУ и НАТО, велат од владејачката партија како реакција на прес-конференцијата на Антонио Милошовски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието да дејствуваат слободно и да се спротивстават на антизападниот партиски играч Мицкоски и антизападното раководство на партијата. Сите пратеници, вклучително и оние на ВМРО-ДПМНЕ, имаат обврска пред граѓаните да ја следат јасно изразената мнозинска волја на над 80 отсто од граѓаните и да обезбедат иднина во ЕУ и НАТО преку прифаќање на уставните измени во Собранието“, се наведува во партиското соопштение.
Од СДСМ исто така нагласуваат дека антизападното раководство на ВМРО-ДМПНЕ на ниту ниеден начин нема да ја закочи иднината во ЕУ и НАТО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Коњановски: Битола добива современа противпожарна станица, проект за безбедна иднина

Територијалната противпожарна единица во Битола е најстара на Балканот и датира од 1836 година. Овој факт сам по себе дава доволно голема тежина, изградбата на новата зграда да се нарече капитален проект, кој ќе им овозможи современи услови за нашите пожарникари, вели Тони Коњановски, кандидат за градоначалник на Битола од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Досега, вели тој, завршена е првата фаза – карабина со средства од буџетот на општина Битола во вредност од околу 53 милиони денари, на парцела од 3300м2, со корисна површина од 1600 м2.
„Во втората фаза, преку грантот на Министерството за одбрана на САД, во вредност од милион американски долари, ќе се доуреди објектот и ќе биде целосно адаптиран и енергетски ефикасен со намена за својата дејност. Преку грантот ќе се уредат противпожарните системи, улиците, приодите, односно се она што ќе ја направи зградата да биде функционална.
Нашите пожарникари, кои речиси секојдневно се на терен за заштита на општината од пожари, заслужуваат повеќе од она што досега го имале како услови за работа.
Затоа на 19 Октомври ве повикувам да заокружите број 9“.
Соопштенија
Проданоски: Реконструкција на речното корито во Прилеп со пешачки и велосипедски патеки, урбана опрема и современо осветлување

Време е градската река да стане нашата гордост. Од заборавена и запуштена, таа ќе се претвори во жив простор за сите генерации на Прилеп, вели кандидатот за градоначалник на Прилеп, Дејан Проданоски.
„Ова е уште еден од нашите приоритетни проекти, реконструкција на речното корито во населбата Сточен пазар до градскиот базен, Маркови кули и новиот мост на улица Победа или вкупно четири и пол километри должина.
На површина од повеќе од 14 хектари ќе изградиме пешачки и велосипедски патеки, кејски ѕидови, урбана опрема, клупи и современо осветлување.
Со новите пешачки мостови и реконструкцијата на коритото, ќе ги поврземе двата брега во градот, отворајќи нови комуникациски правци и олеснувајќи го пристапот на нашите сограѓани кои живеат во населбите покрај реката“.
Нашата цел е јасна, додава тој. Уреден кеј за рекреација, дружење и семејни активности, чист и безбеден за сите граѓани.
„Со овој проект ќе создадеме модерен и функционален простор кој ќе го трансформира централниот дел на Прилеп во симбол на чистота, убавина и напредок. Простор кој што ги поврзува луѓето, ги охрабрува да рекреираат, да се дружат и да уживаат во природата.
Оваа трансформација со сигурност значи подобрување на квалитетот на животот во општина Прилеп.
Со реконструкцијата ќе ги поврземе населбите околу реката и ќе го олесниме пристапот за сите граѓани, без разлика дали живеат блиску или подалеку од центарот на градот.
Пешачките и велосипедските патеки ќе го направат движењето низ градот побезбедно, полесно и поудобно“.
Како што вели, градската река ќе стане симбол на новиот Прилеп, место каде природата и урбаната убавина се спојуваат и каде што децата ќе растат во чист и безбеден град.
Соопштенија
Тоневски: Субвенции за нови енергетски, ефикасни фасади и прозорци за граѓаните на Пробиштип

Најголемиот дел од нашите станбени згради се изградени одамна и до денес остана необновени.
Денешното време носи нови предизвици но и нови можности.
Со поддршка од општината станарите ќе добијат субвенции за нови фасади и прозорци, ова нема само да го подобри квалитетот и изгледот на зградите, туку што е уште поважно значително ќе ги намали трошоците на граѓаните за греење и ладење, вели Тони Тоневски, кандидат за градоначалник на Пробиштип од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ќе субвенционираме и нови енергетски-ефикасни фасади и прозорци за семејните куќи, но не застануваме тука старите азбестни покриви мора да ги замениме што е можно побрзо, азбестот претставува сериозна закана за здравјето и не смее да биде дел од нашата иднина.
Секој граѓанин заслужува поддршка за подобар и побезбеден живот“.
Токму затоа, додава тој, во сите станбени згради ќе се направи целосна проверка на хидрантските мрежи и ќе се постават нови хидранти каде што има потреба.
„Безбедноста и здравјето немаат цена, заедно со секој еден од вас ќе ја градиме нашата иднина“.