Македонија
Вежба „Македонски блесок 14“ – демонстрација на борбената готовност на декларираната чета на Воената полиција

На армискиот полигон „Криволак“ припадниците на декларираната чета на Воената полиција на АРМ, во склоп на програмата за денот на високи гости на вежбата „Македонски блесок 14“, го демонстрираа нивото на борбена подготвеност, со што завршија активностите за оценувањето на оваа декларирана единица на АРМ во согласност со концептот за оперативни способности според стандардите на НАТО – ниво 2.
Пред министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски, генерали на АРМ, претставници на асоцијацијата на воените аташеи акредитирани во РМ и други високи гости, се претставија борбени постапки и ситуации кои беа дел од содржините за оценување на вежбата „Македонски блесок 14“, кои се базираат на фиктивно сценарио при учество во операција за одржување на мирот.
По завршување на вежбовните активности, министерката Шекеринска, по искажаните честитки на учесниците во вежбата за прикажаното, изјави дека припадниците на АРМ при вакви настани се прикажуваат во најдобро светло, што е доволен аргумент да се бараат и да се обезбедуваат подобри услови за АРМ.
Претходно, од страна на командантот на ЗОК, генерал-мајор Павле Арсоски, пред присутните посетители беше истакнато дека на вежбата „Македонски блесок 14“ е постигната главната цел со успешното оценување на дел од декларираните единици на АРМ.
Исто така, и директорот на вежбата „Македонски блесок 14“, потполковник Игор Манасовски, нагласи дека оваа вежба претставува потполна демонстрација на борбената готовност на декларираната чета на Воената полиција, како и нејзините капацитети за рамноправно учество во операции за поддршка на мирот предводени од НАТО.
Како што информираат од Министерството за одбрана, оценувањето на декларираната чета на Воената полиција и Копнената маневарска болница со улога 2, се реализирало во согласност со концептот за оперативни способности на НАТО – ниво 2, а го спровеле национални оценувачки тимови поддржани од оценувачи од Босна и Херцеговина и Србија, додека валоризација на процесот на НАТО-оценувањето ниво-2 извршил тимот на монитори од Здружената команда за операции на НАТО од Неапол, оценувачки тим на АРМ, заедно со набљудувачи од разни команди на НАТО.
Во текот на вчерашниот ден на командирите на оценуваните единици им била соопштена првичната оценка од спроведеното оценување во согласност со концептот за оперативни способности на НАТО, која е во согласност со прикажаната обученост на припадниците на единиците.
Во текот на активностите на „Македонски блесок 14“ се изврши и внатрешно медицинско оценување на декларираниот состав на Копнената маневарска болница со улога 2 во согласност со концептот за оперативни способности на НАТО, информираат од Министерството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Српски медиуми го објавија идентитетот на Македонецот кој загина во експлозијата во Белград

Македонскиот државјанин Мартин Сипковски (21), модел по професија, е убиен во експлозијата што се случи минатата недела во стан на улицата Косовска во центарот на Белград, дознава Курир.рс.
Вишото јавно обвинителство во Белград го сослуша Филип В. (26) во врска со експлозијата во која загина Сипковски под сомнение дека на 30 септември нелегално го стекнал, а потоа го носел експлозивот „пентрит“, кој го предал на државјанин на Северна Македонија на аголот од улиците Косовска и Нушиќева истиот ден.
Курир.рс објавува дека Мартин Сипковски, како што е утврдено од досегашната истрага, следниот ден, 1 октомври, околу 21:45 часот, несмасно го активирал експлозивот и починал на самото место.
„По обдукцијата, беше идентификувано дека починатиот е Мартин Сипковски, државјанин на Северна Македонија, кој, според неофицијални информации, немал криминално досие. Сè уште не е познато како завршил во мафијашките кругови, со оглед на тоа што, според познаници, тој бил модел кој си направил добро име на турскиот пазар и направил голем напредок на модната писта“, рекол изворот за Курир.рс.
Експлозивната направа наводно била подготвена за убиство на човек со криминално досие, кој е поврзан и со навивачки групи.
Истрагата што ја води надлежното Вишо јавно обвинителство во Белград сè уште е во тек.
Македонија
Мицкоски: СДСМ имаат слоган со кој велат се бориме за домот, на кој дом мислат на Халкидики или во Дубаи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати од денешниот народен митинг во Маврово-Ростуше, во рамки на изборната кампања за локалните избори 2025 година, со слоган ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!
Мицкоски зборуваше за политичките опоненти за локалните избори кои се ближат и истакна дека коалицијата СДСМ, ДУИ, Левица ги врзува желбата за власт и омразата кон ВМРО-ДПМНЕ.
„СДСМ тврдат дека се борат за нивниот дом, според нивниот слоган за изборната кампања, но не се знае за кој точно дом зборуваат дали оној на Халкидики ли оној во Дубаи, додека ДУИ зборува за теми од пред неколку децении, наместо за иднината. На овие избори имаме две опции. Секој кој што мисли дека има трета опција се лаже. Нема трета опција. Едната опција се една коалиција. која што во некои од општините делува формално, односно јасно е профилирана, во некои од општините е полуилегална или би рекол неформална. А, во некои од општините делува повеќе стихидно. Но, во суштина, се заедно и нив ги поврзаа две работи на овие локални избори“, рече Мицкоски.
Според Мицкоски, опозициските СДСМ, ДУИ и Левица, на овие избори ги врзува желбата за власт и омразата кон ВМРО-ДПМНЕ.
,,Нив ги поврза најпрво желбата за власт, силна желба за власт и втората работа е голема омраза кон ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се двете работи коишто коалицијата СДСМ, ДУИ и Левица ги собра заедно да ни бидат противници на овие политички локални избори“, истакна Мицкоски.
Мицкоски истакна дека политичката партија СДСМ, имала можност 7 години да се бори за нивниот дом, како што вели и нивниот слоган за изборната кампања за локалните избори годинава, но освен жестоки грабежи и предавства, како што рече, ништо друго не испорачале додека биле власт.
,,Оваа коалиција, ако се вратиме назад имаше можности. Еден субјект во оваа коалиција тоа е да настапува со слоганот “Да се бореле за домот“. Тие имаа 7 години можности да се борат за својот дом, наречен нашата татковина Македонија. Освен жесток грабеж, предавство и понижување на македонскиот народ, на граѓаните во Македонија, на Македонија како држава буквално ништо друго, ниту испорачаа, ниту направија“, кажа Мицкоски и додаде:
,,Затоа сега се прашуваме, на кој дом мислат, дали мислат можеби на онаа вила на егејското крајбрежје, на Халкидики, дали мислат на хациендата во Дубаи, или пак мислат на оние скапи глисери коишто ги видовме летоска како уживаат, во еден раскошен елемент. Граѓаните се збунети. И не знаат сега конкретно за кој дом зборуваат. Секоја нивна порака е порака исполнета со лага, порака исполнета со невистина, порака исполнета со црна кампања, ад хоминем напади, ниски страсти. Така впрочем тие ја водат целата кампања“.
Мицкоски рече дека лидерот на ДУИ имал повеќе од две децении можност да направи било што за граѓаните, и според Мицкоски, тој не успеал да испорача ништо освен да придонесе за иселување на граѓаните од земјата.
,,Тој имаше повеќе од две децении можност да направи, за граѓаните, но и еве и за народот албанскиот народ којшто го гласа најчесто него и неговата политичка партија. А што направи за возврат. Пред очи гледаше како се празнат селата, тоа е веќе стара вест, сега се празнат градовите. Повеќе од 100-тина илјади негови граѓани се иселија. Залудни се хациендите во Зајас, залудни се замоците во Зајас. Затоа што соседите ги нема“, заклучи Мицкоски.
Македонија
Утре променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h), информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе биде во пораст.