Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја претвори Македонија во држава од третиот свет, каде што важи само силата

Објавено пред

Специјалците и борбените возила, кои цел ден во полна борбена готовност седат пред Собранието, ги праќаат Зоран Заев и Оливер Спасовски, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ како реакција на прес-конференцијата на Костадин Костадинов.

dobivaj vesti na viber

Оттаму додаваат дека сомнителни карактери постојано кружат околу највисокиот законодавниот дом, а седницата постојано се откажува, како што велат, сè додека не вродат со плод убедувањата на пратениците.

„Никаде во демократскиот свет пратеници не одлучуваат под толкав силен притисок. Македонија е единствената земја во Европа во која опозициски пратеници се обвинуваат за тероризам и се ослободуваат од притвор во пресрет на најважното гласање во Собранието. Заканите, уцените и поткупот не се одлика на демократско општество, туку на тоталитарен систем. Република Македонија под власт на Заев се претвори во држава од третиот свет, каде што законите не важат, туку силата“, се наведува во партиската реакција.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека токму Зоран Заев е човекот што ги има сите лостови на власта во свои раце и тој е единствениот што може да врши каков било притисок.

„Го повикуваме Јавното обвинителство да поведе истрага за сите закани и притисоци насочени кон пратениците, а кои оневозможуваат непречено изјаснување. Ниедна прес-конференција на збунетиот портпарол на СДСМ нема да ја смени тажната денешна слика од Собранието, која ја гледа целиот македонски народ“, велат од партијата.

 

Соопштенија

Коњановски: Битола добива современа противпожарна станица, проект за безбедна иднина

Објавено пред

Територијалната противпожарна единица во Битола е најстара на Балканот и датира од 1836 година. Овој факт сам по себе дава доволно голема тежина, изградбата на новата зграда да се нарече капитален проект, кој ќе им овозможи современи услови за нашите пожарникари, вели Тони Коњановски, кандидат за градоначалник на Битола од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Досега, вели тој, завршена е првата фаза – карабина со средства од буџетот на општина Битола во вредност од околу 53 милиони денари, на парцела од 3300м2, со корисна површина од 1600 м2.

„Во втората фаза, преку грантот на Министерството за одбрана на САД, во вредност од милион американски долари, ќе се доуреди објектот и ќе биде целосно адаптиран и енергетски ефикасен со намена за својата дејност. Преку грантот ќе се уредат противпожарните системи, улиците, приодите, односно се она што ќе ја направи зградата да биде функционална.

Нашите пожарникари, кои речиси секојдневно се на терен за заштита на општината од пожари, заслужуваат повеќе од она што досега го имале како услови за работа.

Затоа на 19 Октомври ве повикувам да заокружите број 9“.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Проданоски: Реконструкција на речното корито во Прилеп со пешачки и велосипедски патеки, урбана опрема и современо осветлување

Објавено пред

Време е градската река да стане нашата гордост. Од заборавена и запуштена, таа ќе се претвори во жив простор за сите генерации на Прилеп, вели кандидатот за градоначалник на Прилеп, Дејан Проданоски.

dobivaj vesti na viber

„Ова е уште еден од нашите приоритетни проекти, реконструкција на речното корито во населбата Сточен пазар до градскиот базен, Маркови кули и новиот мост на улица Победа или вкупно четири и пол километри должина.

На површина од повеќе од 14 хектари ќе изградиме пешачки и велосипедски патеки, кејски ѕидови, урбана опрема, клупи и современо осветлување.

Со новите пешачки мостови и реконструкцијата на коритото, ќе ги поврземе двата брега во градот, отворајќи нови комуникациски правци и олеснувајќи го пристапот на нашите сограѓани кои живеат во населбите покрај реката“.

Нашата цел е јасна, додава тој. Уреден кеј за рекреација, дружење и семејни активности, чист и безбеден за сите граѓани.

„Со овој проект ќе создадеме модерен и функционален простор кој ќе го трансформира централниот дел на Прилеп во симбол на чистота, убавина и напредок. Простор кој што ги поврзува луѓето, ги охрабрува да рекреираат, да се дружат и да уживаат во природата.

Оваа трансформација со сигурност значи подобрување на квалитетот на животот во општина Прилеп.

Со реконструкцијата ќе ги поврземе населбите околу реката и ќе го олесниме пристапот за сите граѓани, без разлика дали живеат блиску или подалеку од центарот на градот.

Пешачките и велосипедските патеки ќе го направат движењето низ градот побезбедно, полесно и поудобно“.

Како што вели, градската река ќе стане симбол на новиот Прилеп, место каде природата и урбаната убавина се спојуваат и каде што децата ќе растат во чист и безбеден град.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Тоневски: Субвенции за нови енергетски, ефикасни фасади и прозорци за граѓаните на Пробиштип

Објавено пред

Најголемиот дел од нашите станбени згради се изградени одамна и до денес остана необновени.

dobivaj vesti na viber

Денешното време носи нови предизвици но и нови можности.

Со поддршка од општината станарите ќе добијат субвенции за нови фасади и прозорци, ова нема само да го подобри квалитетот и изгледот на зградите, туку што е уште поважно значително ќе ги намали трошоците на граѓаните за греење и ладење, вели Тони Тоневски, кандидат за градоначалник на Пробиштип од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ќе субвенционираме и нови енергетски-ефикасни фасади и прозорци за семејните куќи, но не застануваме тука старите азбестни покриви мора да ги замениме што е можно побрзо, азбестот претставува сериозна закана за здравјето и не смее да биде дел од нашата иднина.

Секој граѓанин заслужува поддршка за подобар и побезбеден живот“.

Токму затоа, додава тој, во сите станбени згради ќе се направи целосна проверка на хидрантските мрежи и ќе се постават нови хидранти каде што има потреба.

„Безбедноста и здравјето немаат цена, заедно со секој еден од вас ќе ја градиме нашата иднина“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија57 минути

Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман: две лица уапсени

По добиени сознанија за можен нехуман третман на стари лица – корисници на услуги за вон-семејна заштита, Основното јавно обвинителство...

Топ3 часа

Татко ги допирал по телата неговите 16-годишни ќерки во Кавадарци

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Д.Г.(40) од Кавадарци. Тој, како што соопшти полицијата, се сомничи за сторено кривично дело...

Македонија5 часа

Од наредната година целосно автоматизирано пријавување на новороденче

Владата и Министерството за дигитална трансформација реализираат уште едно предизвборно ветување. Министерството од почетокот на годината, формираше работна група помеѓу...

Македонија5 часа

Македонија од денес и официјално дел од СЕПА: полесни и побрзи плаќања во евра

Министерството за европски прашања информира дека од денес, 7 октомври 2025 година, Република Северна Македонија официјално започнува со примена на...

Топ6 часа

Две Италијанки уапсени на Табановце, кај нив се пронајдени семки од канабис, ЛСД, кесичка со суви печурки

Вчера во 20:20 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ги лишија од слобода 33-годишните Џ.П....

Топ6 часа

Уапсен маж од скопско Мирковци, фатен како краде нафта од училиште

Вчера во 21:25 часот полициски службеници од СВР Скопје поради сомнение за сторено кривично дело согласно член 236 од Кривичниот...

Топ6 часа

Полициска потера на патот Скопје – Велес: испукан предупредувачки куршум, криминалците со возило излетале од коловозот

Вчера во близина на населбата Нова Колонија полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции, постапувајќи по план од СВР...

Европа9 часа

Орбан: Зеленски ја користи својата вообичаена тактика, но унгарскиот народ одлучи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски за „користење на неговата вообичаена тактика на морална уцена“. „Се...

Европа9 часа

(Видео) Украински напад на 2000 километри од фронтот: рафинерија погодена во далечниот Сибир

Украински беспилотни летала наводно го нападнале сибирскиот град Тјумен доцна синоќа, на повеќе од 2.000 километри од линијата на фронтот,...

Свет10 часа

(Видео) Трамп: Грета е луда, треба да оди на лекар

Американскиот претседател Доналд Трамп беше прашан од новинарите во Овалната соба за депортацијата на Грета Тунберг и други пропалестински активисти...

Македонија23 часа

Сиљановска-Давкова: Цинизам и хипокризија е да барате од некого да биде отпорен на трети влијанија, оставајќи го пред портите на Европската Унија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на годинешната средба на земјите учеснички во „Процесот Брдо-Бриони“, којашто се одржа во Драч,...

Македонија1 ден

За пет дена 2.267 сообраќајни прекршоци, уапсени се 22 лица

Од почетокот на месец октомври полицијата констатирала 2.267 сообраќајни прекршоци, а 22 лица се уапсени за безобзирно управување на возило,...

Македонија1 ден

(Видео) Николоски: Јасно е дека Заев ги влече конците во СДСМ

Јасно е дека Заев ги влече конците и во време на претходниот претседател на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски и...

Топ1 ден

Жител на Кочани пронајден мртов во Љубљана, од МНР велат дека случајот го истражува полицијата

До македонската амбасада во Љубљана е доставено известување дека во текот на ноќта на 2 октомври, животот го загубил македонски...

Македонија1 ден

Помошник на министерот за внатрешни работи незаконски зел надоместоци за прекувремена работа и бонус плата

Полицијата поднесе кривична пријава против помошник на министерот за внатрешни работи, раководител на Одделот за дисциплински и судски постапки, затоа...

Свет1 ден

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата на коронавирус?

Поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел, даде интервју за унгарскиот медиум „Партизан“. Меѓу другото, таа зборуваше за конфликтот во Украина. „Во...

Македонија1 ден

Заев: Најостро и категорично ги отфрлам лагите и клеветењата од Мицкоски за наводни „куферчиња со пари од поранешен премиер од Бугарија“

„Небулози, клевети и навреди се методите на Мицкоски со кои сака да се оправда за катастрофата која и ја нанесува...

Македонија1 ден

„Водовод“: Поради прекини на струја дојде до два дефекти истовремено на главната водоводна линија

ЈП Водовод и канализација – Скопје известува дека поради повеќе краткотрајни прекини на снабдување со електричната енергија во регионот кај...

Регион1 ден

(Видео) Во Црна Гора убиен член на Шкаљарскиот клан: телото пронајдено во автомобил

33-годишниот Бобан Сјеклоќа беше убиен вчера околу 18 часот во продолжението на војната меѓу црногорските кланови. Телото на овој висок...

Европа1 ден

(Видео) Мерц: Русија стои зад дроновите над Германија

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека се сомнева дека Русија стои зад серијата беспилотни летала видени над Германија во текот...