Македонија
„Катимерини“: Наскоро нов конфликт во грчката Влада поради Македонија
Само три дена по оставката на министерот за надворешни работи Никос Коѕијас и предупредувањето на премиерот, Алексис Ципрас дека нема да ги толерира несогласувањата во врска со прашањата од национален интерес, на повидок се нови конфликти во грчката Влада, пишува грчкиот весник „Катимерини”, по гласањето за почеток на процедурата за уставни промени во македонското Собрание.
Ципрас доцна синоќа му честиташе на својот македонски колега, Зоран Заев, за, како што посочи постигнатиот важен чекор во заедничкиот успех, односно да го прифатат предлогот на Владата за измените на Уставот, според кој меѓу земјата се преименува во Република Северна Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Маричиќ: Преговорите со ЕУ ни носат реформирање на јавната администрација и стабилен судски систем
Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и кандидатот за пратеник Бојан Маричиќ во својата изјава за медиуми посочи дека СДСМ е најсериозната и единствената политичка опција во Македонија која може да обезбеди продолжување на преговорите со ЕУ.
„Со отворање на поглавјата, со сплотеност и со дисциплина за реформите, влегуваме во финиш на промените кои ни носат европски стандарди и европски квалитет на живот. Преговорите ни носат задолжително реформирање на јавната администрација и подобрување на стручноста на државните службеници. Стабилен и доверлив судски систем, заштита на човековите права и борба против корупција. Ова ќе го обезбедиме низ преговорите, со помош од ЕУ. Со отворање на поглавјата се отвораат и нови фондови на ЕУ за подобрување на нашиот живот. Фондови за економски мерки, за земјоделство, за инфраструктура, за животна средина, за култура, за образование, за млади и уште многу повеќе“, рече Маричиќ.
Како што додаде, до крајот на 2025 година очекува за македонското општество, за граѓаните и за државата, да се искористат околу 500 милиони евра од ИПА2 и уште 200 до 300 милиони евра од ИПА3, пари доделени од Европската Унија.
„За македонските земјоделци имаме над 210 милиони евра годишен од ИПАРД 3 за следните четири години. Сега зависи само од нас. Сега е потребно да дадеме глас ЗА продолжување на преговорите со ЕУ, ЗА реформи, ЗА европски фондови, ЗА европска иднина на Македонија.” – изјави Маричиќ.
Македонија
Стоилковски: Дали предметот на ЈО е одговорот како Каевски на 30 години стекна стан и 4 милиони во банка?
Дарко Каевски ниту еднаш не одговори во јавност, како со првото вработување, како партиски подмладок за директор на АМС, на 30 години набилда четири милиони во банка и сопствен стан? СДС ниту еднаш не објасни како дојде до концептот голтари влезени во политиката, а потоа милионери. Почитувани, одговорот можеби е во предметот на ЈО. Предметот на ЈО за работата на Дарко Каевски како директор на АМС можеби е и поттикот тој толку ревносно да настапува против членови и раководството на ВМРО-ДПМНЕ, најгласен во нападите и ширењето дезинформациите, но можеби е и причина за неговиот рапиден раст во СДС, до пратеник и портпарол, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
– Отпочната е постапка за сомневања за противзаконско работење и злоупотреба, дека спортските федерации, клубовите и спортистите добивале ваучери, а одредена фирма ги реализирала под услов дел од парите потоа да ги добие назад преку даночно ослободување. Почитувани, Македонија тоне во корупција и криминал, тоне во партизација, ликови како Дарко Каевски стануваат милионери, а неговите врсници се иселуваат од татковината. Почитувани, со вашиот глас за ВМРО-ДПМНЕ на изборите, ќе гласате ваквите ликови како Зоран Заев, Ковачевски, Венко Филипче, и нивните наследници како Дарко Каевски, да им биде испитан имотот и да одговораат за евентуални злоупотреби. Промените се во Твои раце, Македонија повторно твоја – рече Стоилковски.
Македонија
Лимани: Судот ја прифати жалбата на коалицијата ВЛЕН за „бугарскиот воз“ во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ
Валбон Лимани од коалицијата ВЛЕН денеска на прес-конференција го презентираше решението на Управниот суд со кое се прифаќа жалбата на коалицијата ВЛЕН за полнење кутии во Липково.
„Управниот суд ја прифати жалбата на Коалицијата ВЛЕН за гласачко место во Липково, каде што имало полнење на кутија од страна на блиски луѓе на носителот на листа на ДУИ во оваа зона, со техника позната како „бугарски воз“. Во судската одлука стои дека тужбата на кандидатот на претседателските избори во 2024 година, Арбен Таравари, е прифатена“, рече Лимани.
Според Лиман, со ова се докажува изборниот инженеринг на ДУИ на претседателските избори на 24 април и ги повика надлежните институции да постапат за кражбата на гласови и чинителите да се изведат пред правдата.
„По парламентарните избори нод 8 мај, режимот на ДУИ ќе се сруши. Коалицијата ВЛЕН, како следна влада, ветува дека ќе го санкционира секој обид на владата во заминување да краде или купи гласови“, рече Лимани.