Македонија
Москва: Мнозинството во македонскиот парламент обезбедено со уцени и закани
Руското Министерство за надворешни работи го критикуваше почетокот на процедурите за уставни промени во македонското собрание со оценка дека неопходното мнозинство било обезбедено со уцени, закани и купување пратениците од опозицијата.
Министерството наведе дека гласањето за почеток на процедурите за промена на името претставува отворено кршење на сите норми, како законски, така и морални.
„Пратениците биле заклучувани во канцелариите, одземени им биле мобилните телефони, очигледно во духот на европската демократска пракса. Вреди да се забалежи дека амбасадорот на САД бил во зградата на парламентот до крајот на седницата, што не остава сомнеж кој раководел со процесот“, се наведува во соопштението на руското МНР.
Министерството додава дека таквите валкани манипулации не можат да се сметаат за остварување на волјата на пратениците, при што било грубо игнорирано мислењето на две-третини Македонци кои на референдумот одбиле да го поддржат договорот од Преспа.
Решението на спорот помеѓу Атина и Скопје треба да биде правно засновано на широката поддршка од народот и без поделба на општеството, смета руското министерство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

