Свет
Гутереш оптимист за решавање на кипарското прашање

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, верува дека изгледите за сеопфатно решение за обединување на Кипар ќе преживеат.
Тој наведе дека ќе го подготви патот грчкиот и турскиот дел од Кипар да им се вратат на преговорите.
Во извештајот што Гутереш го поднесе во Обединетите нации, тој истакна дека грчкиот и турскиот претседател на Кипрар, Никос Анастатијадес и Мустафа Акинџи, рекле оти се подготвени да им се вратат на преговорите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Песков: ЕУ на секој начин ја покажува својата намера да го продолжи конфликтот во Украина

Европските земји ја покажуваат својата намера да ја поддржат Украина во нејзината желба да ја продолжат војната на секој начин, изјави денес прес-секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
„И Европа на секој начин ги изјавува своите намери да продолжи да ја поддржува Украина и режимот во Киев во нивната желба да ја продолжат војната. Исто така е многу важно да се биде свесен за ова во оваа ситуација“, изјави Песков за новинарите, пренесува РИА Новости.
Тој посочи дека сè уште нема јасни контури за договор за решавање на конфликтот во Украина, но постои политичка волја да се движиме во таа насока.
„И уште еднаш повторувам, ние многу, многу позитивно ги оценуваме конструктивните и значајни контакти што се случија“, рече Песков.
Според него, Русија и Вашингтон работат напорно заради мирот, додека Европа „работи напорно заради војната“.
„Исто така, мора јасно да разбереме дека во овој момент се одвива интензивна работа меѓу Москва и Вашингтон. Покрај тоа, таа се одвива во име на мирот. И во овој контекст, европските земји продолжуваат да работат во име на војната“, рече Песков.
Како што изјави тој, Украина секојдневно напаѓа руски енергетски инфраструктурни објекти. „Украинските вооружени сили не го почитуваат привремениот мораториум. Секојдневно гледаме напади врз објектите на енергетската инфраструктура во Руската Федерација. Важно е сите да го знаат ова“, рече Песков, пренесува Танјуг.
Тој додаде дека Кремљ ќе го провери датумот на истекување на привремениот мораториум за напади врз енергетските објекти во Украина во Министерството за одбрана на Русија, но, како што истакна, сè зависи од наредбата на рускиот претседател Владимир Путин. Песков истакна дека економската соработка меѓу Русија и САД може да игра стабилизирачка улога за светот.
„Контактите се одржаа зад затворени врати и не би сакале да ги објавиме пред време. Но, фактот дека постои огромен потенцијал за заемно корисна економска соработка меѓу Русија и Соединетите Американски Држави и дека оваа економска соработка може да игра сериозна стабилизирачка улога за целиот свет е несомнено“, одговори Песков.
Тој изјави дека во следните неколку дена не се планирани разговори меѓу Путин и американскиот претседател Доналд Трамп.
Регион
Албин Курти поднесе оставка од функцијата премиер на Косово

Премиерот на Косово, Албин Курти, денес поднесе оставка од функцијата премиер, а својата одлука ја објави преку писмо испратено до Секретаријатот на Собранието на Косово.
Оставката уследи по почетокот на постапката во рамките на конститутивната седница на деветтото свикување на косовскиот pарламент, која се одржува во Собранието, каде што пратениците ќе положат заклетва и ќе изберат нов претседател на Собранието, како и потпретседатели.
Според законите на Република Косово, секој што ќе стане член на парламентот и претходно имал извршни функции во владата – како што се премиер, министри или заменик-министри – е должен да поднесе оставка од своите позиции за да го преземе парламентарниот мандат.
Курти му ја поднесе својата оставка на функцијата премиер на претседателот на Собранието и истакна дека неговата одлука е донесена за да може да положи заклетва како пратеник во новото свикување на Собранието на Косово.
Свет
Џјинпинг во посета на Југоисточна Азија: Кина е извор на стабилност и безбедност

Кинескиот претседател Шји Џјинпинг почна турнеја во Југоисточна Азија со цел да промовира слободна трговија и да ја претстави Кина како извор на стабилност и безбедност, пренесува АП.
За време на оваа посета тој ќе разговара за подобрување на трговската соработка меѓу Кина и земјите од Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН), според написите.
Официјални лица во Пекинг наведуваат дека Кина сака да ги зајакне економските врски во регионот и да обезбеди стабилност во време на глобални економски тензии предизвикани од новите трговски мерки на САД.