Македонија
Помирувањето не значи ослободување од одговорност за криминал, реагира СДСМ на барањето амнестија
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, треба да разберат дека помирувањето не значи ослободување од одговорност за криминал – правда мора да има, реагира Социјалдемократскиот сојуз на Македонија по прес-конференцијата на портпартолот на опозицијата, Наум Стоилковски, кој најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе предлог-закон за амнестија за сите обвинети за 27 април.
„На Македонија ѝ е потребно помирување и национално обединување за иднината на државата, за стратешките интереси за членство во ЕУ и НАТО. Овој процес почна од Собранието и ќе продолжи во интерес на Македонија. Македонија е правна држава, има независно судство што работи неселективно и единствено според законските прописи“, се вели во реакцијата на СДСМ.
Владејчакта партија го повтори ставот дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски води антизападна и антимакедонска политика. Според СДСМ, Мицкоски работи за интересите на експремиерот, Никола Груевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците на улиците: Урош Џудовоќ, Осло, Будимпештанска, Лубица Георгиева (Општина Карпош)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок продолжува периодот на претежно сончево и тивко време. Во ноќните и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност.
Македонија
Зимзоленд: Продолжуваме со работа, шпекулација е дека настанот ќе биде затворен
Од Зимзоленд велат дека продолжуваат со работа и дека информациите за неговото затворање се шпекулации.
„Во последните часови на одредени медиуми се појавија неточни информации и шпекулации дека Зимзоленд ќе биде затворен. Ве информираме дека ова не е точно. Зимзоленд продолжува да работи со редовно работно време“, се наведува во јавното соопштението.
Во него се додава дека е точно дека во претходните денови имало инспекциски надзори, но велат дека до надлежните служби била доставена целосната и потребна документација.

