Забава
(Видео) Новиот „Титаник” ќе плови по истата маршрута како бродот што потона пред 106 години

Репликата на познатиот „Титаник” од 1912 година ќе го почне своето првото патување во 2022 година и ќе плови по истата маршрута како и неговиот претходник, што ги воодушеви луѓето од целиот свет.
Титаник II ќе се упати на двонеделното патување од Дубаи до Саутемптон, а потоа ќе тргне преку Атлантикот до Соединетите Американски Држави и ќе се укотви во Њујорк, по истиот пат како Титаник од 1912 година.
Новиот „Титаник”, чија изградба чини околу 500 милиони долари, ќе може да прими 2400 патници и 900 членови на екипажот.
Бродот ќе биде класифициран како луксузен, исто како и оригиналниот, и ќе има ист распоред на кабини, единствено што ќе ја има технологијата на 21 век.
Клајв Палмер, австралиски бизнисмен и претседател на „Блу стар лајн“, најави дека со проектот ќе продолжат во септември, по неколкугодишна пауза поради финансии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Џорџ Клуни ја врати својата природна боја на косата: „Изгледав како дилер на дрога“

Џорџ Клуни ги привлече погледите на црвениот тепих на 78-мото доделување на наградите „Тони“ во својот препознатлив стил – со својата природна, седа коса што реши да ја врати по долго време.
Познатиот актер ја доби својата прва номинација за наградата „Тони“ оваа година, благодарение на улогата во бродвејската претстава Good Night, and Good Luck.
Претходно тој ја обои косата во темна боја за да личи на новинарот Едвард Р. Мароу што го играше, но по завршувањето на претставата, реши да се врати на својата природна боја – што особено ја израдува неговата сопруга Амал.
„Мојата сопруга беше најсреќната личност кога се вратив дома и сè ишишав“, рече 64-годишниот Клуни на црвениот тепих.
„Изгледав како дилер на дрога со таа лоша црна боја за коса“, додаде тој.
Забава
Софија Вергара со заводлива фотографија ги воодушеви обожавателите: „Пристигна летото“

Софија Вергара (52) објави заводлива фотографија од себе како се сонча покрај базен на Инстаграм. Таа на шпански во описот напиша „Летото е тука“.
Нејзината објава привлече илјадници обожаватели кои лајкнаа и коментираа, вклучувајќи ја и колешката судијка на „Америка има талент“, Хајди Клум.
„Дојди… и јас го правам истото. Се сончам“, коментираше Клум, на задоволство на нејзините бројни обожаватели.
Софија неодамна беше во центарот на вниманието на медиумите поради нејзината наводна врска со возачот на Формула 1, Луис Хамилтон. Иако беа видени заедно неколку пати, нивната романса, според странските медиуми, не траела долго. Се вели дека Луис го изгубил интересот, а актерката наводно после тоа се чувствувала „напуштено“.
Забава
(Фото) Најпопуларниот маникир на сезоната: нокти со цреши

Кога треба да смислите идеи за вашиот летен маникир, „нокти со цреши“ веројатно не е првото нешто што ви паѓа на ум.
Сепак, ова лето работите се менуваат и ако внимателно ги следите инфлуенсерите на социјалните медиуми или познатите личности како Хејли Бибер и Кортни Кардашијан, ќе забележите дека маникирите инспирирани од цреши се голем тренд ова лето.
Накратко, маникирите со цреши и овошја воопшто се поврзани со чувство на безгрижност и носталгија, без разлика дали станува збор за аутфит (облека, додатоци итн.) или за нашиот маникир. И како и со повеќето трендови, постојат толку многу начини да се усвои трендот на нокти со цреши.
Инстаграм е полн со инспирација за нокти, почнувајќи од класични комбинации како проѕирна основа со мали црвени цреши, до безвременски техники како францускиот маникир, па сè до поуникатни идеи како комбинирање на трендот на нокти со хромирани нокти со цреши.