Црна хроника
Прилепчанец со лажирани документи подигнал кредит од 300 илјади денари

Полицијата поднесе кривична пријава против 28-годишен прилепчанец за сторено кривично дело измама при добивање кредит или други погодности.
Како што информираат од МВР, на 31 август годинава, во филијала на банка во Прилеп, пријавениот поднел барање за одобрување кредит, при што образците ги пополнил со лажни податоци дека е вработен во фирма со работен стаж од две години за што приложил и невистинита потврда за вработување и лични примања и други документи, сите со потпис и печат од сметководствена служба и директор на фирмата.
Врз основа на наведената документација на 3 септември годинава банката му одобрила и исплатила кредит во износ од 300.000 денари, но при извршени проверки во наведената фирма, банката добила извесување дека пријавениот никогаш не бил вработен во неа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.