Црна хроника
Тројца скопјани претепале 57-годишен крушевчанец
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/03/tepacka.jpg)
На скопската улица Никола Карев, во влез на зграда, на 25 октомври попладне настанало наршување на јавниот ред и мир со тепачка меѓу тројца скопјани, од една страна, и 57-годишник од крушевското село Селце, од друга, при што тој добил тешки повреди.
По инцидентот, повредениот со возило на итната медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Учесниците во инцидентот биле повикани во полициска станица и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Црна хроника
Тепачка во КПУ „Затвор Скопје“: претепан затвореник од Пакистан
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/zatvor-policija...jpg)
Денеска во 00.30 часот во СВР Скопје од КПУ Затвор Скопје било пријавено дека на 27.06.2024 околу 22.40 часот во установата А.Т.(37) физички го нападнал Ш.Х.(34) од Пакистан (двајцата притворени лица).
Ш.Х. се здобил со телесни повреди констатирани од страна на лекар во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Штипјанец ја претепал мајка му и искршил дел од покуќнината
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/policija-1.jpg)
Утрово во 00.00 часот во Штип, полициски службеници при СВР Штип го лишиле од слобода Г.А.(38) од Штип.
Тој на 27.06.2024 околу 15.30 часот во семејниот дом во Штип физички ја нападнал својата 63-годишна мајка, а потоа и упатувал закани и кршел дел од покуќнината.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти полицијата.
Топ
Ги силувал неговите ќерки: уапсен 36-годишен маж од Прилепско
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/01/apsenje.jpg)
Вчера во 17.15 часот полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода А.Р. (36) од прилепско село.
Полицијата постапила по претходна пријава од малолетничка од прилепско село, која во присуство на социјален работник и нејзината мајка пријавила дека во временскиот период од 2021 година до вчера нејзиниот татко А.Р. неколку пати извршил обљуба врз неа и нејзината сестра.
МВР соопшти дека е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.