Соопштенија
СДСМ: За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, Владата гради систем на социјална заштита што извлекува од сиромаштија

Официјалните податоци што денеска ги објави Државниот завод за статистика покажуваат дека процентот на сиромаштија за 2017 година изнесува 22,2 отсто, каде што како основа се земени приходите од 2016 година, кога ВМРО-ДПМНЕ се уште беше на власт, велат од СДСМ во нивното соопштение и додаваат дека тое е резултат на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, партија којашто како што се наведува во соопштението на СДСМ, поради остварување на криминални интереси ги втурналаа државата и граѓаните во долгови и сиромаштија.
„Додека парите на граѓаните ги трошеше на луксуз, лажен барок, споменици и криминални тендери, ВМРО-ДПМНЕ го уништуваше системот за социјална заштита, а ги понижуваше, малтретираше и уценуваше најранливите категории граѓани. За разлика од таквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ започна системска реформа којашто трајно ќе извлекува од сиромаштија“, стои во соопштението на СДСМ.
Од партијата посочуваат дека со реформата којашто ќе започне на почетокот на идната година социјалната помош се зголемува за 300 отсто, односно 70 отсто од корисниците ќе добиваат повисока социјална помош. Се воведува гарантираната минимална помош, но истовремено се врши и преквалификација на лицата кои се невработени и на тој начин директно им се помага да се вработат и се отвора можност да се извлечат над линијата на сиромаштија, велат од СДСМ.
Понатаму како што посочуваат се олеснува и пристапот до социјалниот надоместок на дополнителни 11 илјади домаќинства, но и на постојаните 24 илјади домаќинства кои во моментот се приматели на социјална помош.
„Како што вети, Владата предводена од СДСМ го решава проблемот со стечајните работници. Со последните законски измени, над 8 илјади стечајни работници ќе добиваат месечен надоместок во висина од 7.596 денари до нивно пензионирање“, стои во нивното соопштение
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Тоневски: Ќе изградиме регионален пат до ски-центарот Пониква и до детското одморалиште

Изградба на регионален пат до ски-центар Пониква и детско одморалиште е дел од изборната програма на Тони Тоневски, кандидат за градоначалник на општина Пробиштип од ВМРО-ДПМНЕ.
„Еден од моите приоритети е изградбата на регионален пат Пробиштип – ски-центар Пониква. Овој пат ќе значи директна врска со еден од најубавите планински центри на Осогово. Поттик за турзимот, нови работни места и развој на локалните бизниси. Дополнителна активност за младите. Со современи стандарди, заштита на природата и предвидена зимска проодност. Патот ќе ја отвори вратата кон нов економски и туристички циклус за целиот регион. Пониква е нашиот зимски бисер. Ќе изградиме детско одморалиште за настава во природа и организирање на летни и зимски кампови за нашите ученици“, рече Тоневски.
Соопштенија
Костовски: Нова енергетска фасада на ООУ „Св. Климент Охридски“

„Местото каде што го поминав најубавиот дел од мојот живот, основното училиште „Св. Климент Охридски“, добива нова фасада“, вели актуелниот градоначалник на Бутел и кандидат на локалните избори од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски.
„Овој проект е во вредност од 11 милиони денари. Образованието останува да биде мој врвен приоритет“, додава Костовски.
Соопштенија
Герасимовски најавува многубројни капитални проекти во Центар: Повторно имаме победничка програма

Кандидатот за градоначалник на општина Центар од редовите на СДСМ Горан Герасимовски истакна дека Центар се развива како зелена и еколошки одговорна средина, со урбанизам што обезбедува повеќе зелени површини, безбедни пешачки и велосипедски зони и современи сообраќајни решенија.
Во програмата за втор мандат, тој најавува бројни капитални проекти со кои продолжува развојот на општината.
„Повторно имаме победничка програма која овозможува поквалитетен живот на сите генерации, децата, младите, возрасните и пензионерите. Отпочнуваме со изградба на нов дом за стари лица, нова градинка во близина на Клиничкиот центар, набавуваме две цистерни и пет метларки за поголема хигиена, го ограничуваме движењето на возилата во Дебар маало, поставуваме две монтажни катни гаражи, градиме нов административно-граѓански објект со подземен паркинг за 300 возила и градиме два нови покриени базени. Покрај овие капитални проекти, воведуваме и Центарска картичка со која центарци ќе имаат бројни поволности и попусти“, вели Герасимовски.
Герасимовски, порачува дека учениците од прво до четврто одделение добиваат бесплатен оброк, а учениците од петто до деветто одделение бесплатни екскурзии низ Македонија за да ги запознаат убавините, културата, историјата на татковината.
Тој, додава дека Центар добива и три слободни Free Wifi зони со што граѓаните, но и туристите ќе користат бесплатен интернет.
„Во недела да излеземе сите масовно и да го заокружиме бројот 5, затоа што само така Центар ќе продолжи да се развива, да живее чисто, зелено и европски. Само оваа опција нуди реални решенија, проекти што навистина се реализираат и грижа за секој граѓанин. Да покажеме дека сакаме Центар да оди напред, а не назад, затоа што иднината на нашата општина е во наши раце. Бројот 5 е глас за чисти улици, модерна и уредна општина“, порачува Герасимовски.