Македонија
Делови од Скопје без струја
Од „ЕВН Македонија“ АД соопштуваат дека поради технички зафати во дистрибутивната мрежа, без електрична енергија во текот на денот ќе останат делови од Скопје.
Во периодот од 9:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од село Морани во општина Студеничани.
Понатаму во периодот од 8:30 до 14:30 часот струја ќе немаат ниту корисниците од фирмите „Фокус“, „Дарко Алексов и Славе Андреев“, „Синтек“, бензинската пумпа „Мустафа и Неат“, фурната „Валдрим Насуфи“, „Медикус Хелп“ и дел од некои други фирми на Качанички Пат во општина Карпош.
Како што информираат од ЕВН, без струја во периодот од 9:30 до 13:30 часот ќе бидат и корисниците од село Средно Коњари во општина Петровец, додека, пак, во периодот од 8:55 до 12:00 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од село Булачани, населба Кучевишка Бара, село Љуботен, населба Радишански Пат, село Виниче, село Црешево, село Раштак, населба Љуботенски Пат, село Страчинци, населба Радишани, село Радишани и село Смиљковци, во општините Бутел и Гази Баба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

