Економија
Светска премиера на новиот T-Cross: Запознајте го новиот член на семејството на „Фолксваген“
Со светска премиера во Амстердам, Шангај и Сао Паоло, „Фолксваген“ го претстави својот нов T-Cross, а со тоа решително ја продолжува SUV-офанзивата што ја започна во 2015 година. Овој комплетно нов модел наскоро ќе ги маѓепса пазарите на три континенти и ќе ги освежи со комбинација на стил, практичност, флексибилност и економичност, додека во истовреме ќе постави нови стандарди за својата класа. Оттука, моделот на урбан кросовер се покажува како идеален придружник во секојдневниот живот.
Со T-Cross, „Фолксваген“ воведува уште еден нов SUV-модел кој е одлично погоден за урбаната џунгла, а во исто време и значително компактен и практичен. Ралф Брандштатер, главен оперативен директор на „Фолксваген“ , истакна на светската премиера во Амстердам: „Денес ние трипати го прикажуваме Т-Cross – го откривме пред неколку часа во Шангај, а Сао Паоло ќе следува подоцна вечерва . Тоа покажува колку е важно T-Cross да го претставува брендот „фолксваген“ како вистински глобален производ“.

Брандштатер го претстави новиот T-Cross заедно со Кара Делавињ, британскиот супермодел, актерка, музичар и амбасадор на T-Cross. Кара, која има 41 милион следбеници на Инстаграм, рече: „Јас постојано патувам, така што работата со ‘Фолксваген’, најголемиот производител на автомобили во светот, е совршено партнерство за мене. T-Cross е повеќе од градски SUV – има повеќе аспекти, како мене!, И јас го обожавам колку е стилски и кул!“
Новиот T-Cross е одличен придружник за сите доживувања
Т- Cross е базиран врз модуларната попречна матрица MQB, која овозможува предната оска да се позиционира многу понапред. Со вкупна должина од 4,11 метри, меѓуоскино растојание од 2,56 метри, кое овозможува пространа внатрешност со доволно простор за пет лица. За најголема можна разновидност во внатрешноста, лизгачката задна клупа може да се прилагоди и помести за 14 сантиметри, овозможувајќи простор за нозете на патниците или повеќе простор за багаж. Багажниот простор располага со 385 или 455 литри. Благодарение на задното седиште што се преклопува целосно или делумно, со едно трепкање на очите можете да создадете комплетно рамен под за лесно товарење на вашиот багаж со волумен до максимални 1,281 литри.


Новиот T-Cross нуди избор од четири мотори со турбо мотор: три бензински и еден дизел. Двата 1.0 TSI трицилиндрични бензински мотори генерираат 70 kW/95 КС и 85 kW/115 КС. На врвот во понудата е 1.5 TSI четирицилиндричен мотор со 110 kW/150 КС. Понудата ја комплетира 1.6-литарски четирицилиндричен дизел мотор со 70 kW/95 КС. Сите мотори се во согласност со најновиот Euro 6d-TEMP стандард за емисии.
Стандардна опрема за новиот T-Cross вклучува бројни системи за помош на возачот кои претходно биле резервирани за повисоките класи на возила. Заедно со извонредните карактеристики на безбедност на возилото и извонредната заштита на патниците, тие ја зголемуваат сигурноста, го намалуваат ризикот од судир и ја подобруваат удобноста при возење. Веќе како стандардна опрема вклучени се системот за следење пешаци (Pedestrian Monitoring), системот за итно сопирање во град (City Emergency Braking System), помош за одржување на коловозна лента (Lane Assist), систем за помош при тргнување на нагорнини (Hill Start Assist), проактивен систем за заштита на патниците и систем за помош при промена на лентата со интегриран систем за предупредување за сообраќајот кој доаѓа одзади. Исто така, достапни како опции се системот за предупредување за возачот (Driver Alert System), автоматски адаптивен темпомат и асистент за паркирање.

Новиот T-Cross обезбедува највисоко ниво на мрежно поврзување и поврзување со надворешниот свет, а самото користење на системите е мошне едноставно и интуитивно. Паметните телефони можат да се полнат индуктивно, а до четири USB-порти обезбедуваат одлични дигитални погодности.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Директна авиолинија Скопје – Прага, за Божиновска таа е реална врска меѓу двете економии
Со првиот лет на новата директна авиолинија Скопје – Прага, земјава прави значаен исчекор во унапредувањето на меѓународната поврзаност, економската соработка и мобилноста на граѓаните, истакнуваат во соопштението од Министерството за енергетика.
На настанот по повод воспоставувањето на авиолинијата се обрати министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, заедно со чешкиот амбасадор Јарослав Лудва, генералниот директор на TAV Македонија, Неџат Курт, како и претставници на Wizz Air.
Како претседател на Мешовитата комисија за економска соработка, министерката информираше дека иницијативата за директна авионска линија била покрената на Заедничкиот македонско-чешки состанок во Прага, во март годинава, како дел од пошироката агенда за продлабочување на билатералните односи и олеснување на бизнис-комуникацијата.
Божиновска истакна дека воспоставувањето на директната линија не е случаен потег, туку резултат на јасна визија и конкретна иницијатива.
„Оваа авиолинија е реална врска меѓу две економии, два пазара и две општества. Поврзаноста е предуслов за развој, за мене, оваа линија има и силна лична димензија. На 20 август 1998 година се иселив во Прага, во време кога немаше директен лет меѓу нашите две земји. Поврзаноста беше комплицирана, скапа и временски исцрпувачка. Од 2005 до 2012 година постоеше директна линија и од лично искуство знам колку директната авионска врска значи – не само симболично, туку реално, за животот, за бизнисот и за секојдневната комуникација меѓу луѓето. Затоа, уште од првиот ден како министерка, силно се залагам за продлабочување на врските меѓу Македонија и Чешка и за создавање реални услови што ќе ја олеснат таа поврзаност“ , нагласи Божиновска.
Според надлежните, директната авиолинија Скопје – Прага ќе придонесе за зголемен туристички и деловен сообраќај, подобра мобилност на граѓаните и посилно вклучување на Македонија во европските економски текови.
Авиосообраќајот е важен сегмент од целокупната стратегија за модерна инфраструктура, економски раст и регионална интеграција, при што ваквите проекти се реализираат преку координирана соработка меѓу институциите и приватниот сектор.
Министерката Божиновска ја поздрави соработката меѓу TAV Македонија и Wizz Air, оценувајќи дека таа е пример за ефикасно партнерство кое носи конкретни резултати за граѓаните и економијата.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,09% во однос на одлуката од 12.12.2025 година.
Од 16.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 66,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 65,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 32,635 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 2,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,248 ден/кг и сега ќе изнесува 32,635 ден/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 4,932%, кај дизелот за 4,357%, кај екстра лесното масло за 1,790% и кај мазутот намалувањето е за 1,013%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1167%.
Економија
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
СЕТЕК го обои овој декември во сино – симбол на блискост, доверба и на вредноста на желбите што си ги упатуваме едни на други. Декември е месец кој поттикнува поврзување и ја истакнува магијата на споделената радост. Денес, многу од тие желби се поврзани со технологијата која го прави животот поедноставен, порадосен и поубав.
Веќе 32 години, СЕТЕК ја следи мисијата – да ги поврзува луѓето и технологијата, да креира успех и да инспирира радост.
Годинава, роденденот на СЕТЕК се поврзува со кампањата Blue December, која ја слави моќта на дарувањето и можноста за блискост со техниката. Поволностите што ги нудиме – роденденски и во текот на целиот месец – не се само обични попусти. Тие се внимателно осмислени решенија за сите кои сакаат да израдуваат некој свој близок, со вистинска вредност, значење и впечаток.
“Упатуваме искрена благодарност до сите кои низ годините се дел од нашата мисија – заедно растеме, се усовршуваме и го приближуваме светот на технологијата до секој човек. Вашата поддршка и доверба ни овозможуваат да продолжиме и да го подобруваме секојдневието на луѓето” – изјавија од Сетек.
Нека овој декември биде исполнет со топли моменти, споделена радост и остварени желби – вистински празнично син. Нека секој подарок, секоја насмевка и секое внимание, поттикне искрена поврзаност што ќе нѐ потсетува колку е важно да бидеме тука едни за други.
Сетек нуди голема палета на улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање.
Промотивните попусти ќе бидат достапни во сите салони на Сетек низ земјата, како и онлајн преку веб-страницата www.setec.mk
Придружете ни се во прославата со специјални роденденски попусти!
ПР

