Црна хроника
Се запали викендичка во скопско Кадино
Се запали викендичка во скопско Кадино. Како што информира полицијата, вчера во 6:10 часот било пријавено дека во с.Кадино, Скопско, на место викано Кумслук избувнал пожар во викендичка, сопственост на Л.П. (44).
Повредени лица нема. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил целосно изгаснат. Извршен бил увид и се работи на целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Следел женско лице а од канцеларијата и го украл и мобилниот телефон: кривична за маж од Дебар
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против У.Ф.(63) од Дебар.
Toj се сомничи за сторени кривични дела „кражба“ и „демнење“.
63-годишниот маж извесно време следел женско лице од Дебар, а на 07.05.2024 од работната канцеларија ѝ го одзел мобилниот телефон.
Црна хроника
Им ветувал виза за странска земја: измамникот од Скопје им земал по 1.000 евра од лице
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Во период од септември 2023 година досега, пријавениот со намера да се стекне со противправна имотна корист, со лажно прикажување на факти дека ќе им обезбеди виза за странска земја измамил три лица и за тоа зел по 1.000 евра од лице.
Имено, пријавениот ги измамил лицата дека преку социјална мрежа од агенција ќе добијат термин за виза, но тоа не се случило.
Црна хроника
Oд струен удар загина 65-годишен маж во Скопје
Синоќа во 19.40 часот во Полициската станица Кисела Вода било пријавено дека во домот на подрачјето на Кисела Вода бил пронајден починат М.Т.(65) од Скопје.
Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршила екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, при што е утврдено дека причина за смртта бил струен удар.