Македонија
Заменик-министерот Нухиу на конференција за сузбивање сериозен криминал во Бриндизи
Заменик-министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, присуствуваше на конференција за сузбивање сериозен криминал во Бриндизи.
„Сузбивањето на најголемото зло – тероризмот и транснационалниот криминал, кои претставуваат глобален предизвик во целиот свет, наложува сериозен пристап, меѓуинституционална соработка и соработка помеѓу полициите не само од земјите од регионот туку и пошироко. Во рамки на постапувањето на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, меѓународната полициска соработка е од исклучителна важност при идентификување, профилирање и сузбивање риминални групи и мрежи кои делуваат на меѓународно ниво“, истакна, меѓу другото, заменик-министерот за внатрешни работи, Нухиу, во своето денешно обраќање на дводневната конференција посветена на сузбивањето на сериозен криминал во Западен Балкан, што се одржува во Бриндизи, Италија.

На конференцијата, која е во организација на италијанското Министерство за внатрешни работи, заменик-министерот Нухиу потенцираше дека Македонија минатата година го воспостави Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам, како надлежно тело за градење стратегии, координација на активностите помеѓу значајните субјекти во делот на рана идентификација, спречување, па сè до гонење и санкционирање на сторителите.

„Во таа смисла, во април годинава усвоени се и двете национални стратегии со акциски планови за реализација на стратешките цели, и тоа Национална стратегија за спречување насилен екстремизам и Национална стратегија за борба против тероризам, стратешки документи развиени врз заеднички водечки принципи и стратешки цели, кои се во функција на безбедноста и сигурноста на граѓаните, владеење на правото и демократските вредности и градење на инклузивни институции“, истакна Нухиу.

Покрај ова, Нухиу потенцираше и дека заради остварување на зголемена и поефикасна соработка меѓу земјите од регионот, но и меѓу земјите од Западен Балкан и земјите членки на ЕУ, потребно е промовирање на политичкиот циклус на приоритети на ЕУ, систем кој досега се покажа како навистина ефективен во однос на определувањето на стратешки приоритети не само во полициските служби туку и во јавните обвинителства, потоа едукација и обука на истражители и аналитичари во делот на финансиски податоци, борба против корупција, следење на состојбата на регионално ниво, но и пошироко.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.
Македонија
Мисајловски во Брисел: Македонија со НАТО-сојузниците за инвестициите и безбедносните приоритети
Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, денес ќе учествува на состанокот на ниво министри за одбрана на Северноатлантскиот совет на НАТО во седиштето на Алијансата во Брисел, Кралство Белгија.
Мисајловски заедно со колегите-министри за одбрана на сојузничките земји, за време на днешениот останок ќе дискутираат на повеќе теми меѓу кои и инвестициите во одбраната согласно последните одлуки од Самитот во Хаг, исполнување на целите на способност, зацврстувањето на одбраната, придонесот во операциите предводени од НАТО како и за актуелните безбедносни предизвици.

