Македонија
(Видео) Стоилковски:ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во фингирана комисија за награда на послушниците
Отфрлањето на предлог-законот за амнестија за инволвираните во случувањето од 27 април во Собранието е доказ дека власта е за селективна правда и злоупотреба на судството и правната држава како алатка за награда. Предлогот поднесен од ВМРО-ДПМНЕ беше конструктивен и принципиелен кон намалување на поделеноста во општеството, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, глумењето на власта дека е за правда и за правна држава е смешно гледајќи како во целост го погази Уставот, позитивните закони, домот на демократијата, угледот на пратениците, образот на гласачите, го погази мислењето на Суверенот на државата – граѓаните!
,,Власта сега преку некакви форуми, комисии, координативно тело, за наводно помирување, или за наводна правда, не прави ништо друго освен обид преку замајување на јавноста да истера селективна правда, што во суштина е длабока неправда. Таа неправда ќе значи нов вистински упад и злоупотреба од власта на правниот систем, нешто што многупати до сега е практикувано во оваа власт, во ова судство наречено ‘отворено како пупка’.
Принципиелно, ВМРО–ДПМНЕ поднесе закон за амнестија чијашто основна цел на предлог-законот за амнестија сите инволвирани во случувањата од 27 април, со цел национално помирување и враќање на нормалните текови во државата, да бидат амнестирани. Според предложеното решение, се ослободуваа од кривично гонење, односно би се ослободиле од кривично гонење, би се запреле поведените кривични постапки и целосно би се избришала осудата со ослободување на осудените на казна затвор, како и за осомничени и обвинетите лица во врска со настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април.
ВМРО-ДПМНЕ е партија со принципи и, како што најави, нема да учествува во фингирана комисија за награда на послушниците. ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи законско решение за селективна правда кое би произлегла од еднострани форуми без опозиција”, изјави Стоилковски.
Тој додава дека само целосна правда и правдина за сите вклучени во процесите за 27 април ќе биде прифатлива и за општеството и за ВМРО-ДПМНЕ. Сè друго ќе значи продолжување на газењето и понижувањето на правниот систем и на законодавниот дом, што ќе продолжи да ја заострува и поделеноста во општеството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дедо Мраз од Лапонија ќе дојде со волшебен воз на Железничка во Скопје
Специјална новогодишна театарска претстава за деца „Дедо Мраз дојде со воз“ ќе се одржува од денеска 30 декември на Железничката станица во Скопје, со почеток од 19 часот. Претставата ја организираат Училиштето за театар „Од игра до претстава“, Македонски железници Инфраструктура и Македонски железници АД Транспорт.
Публиката ќе може да го следи големото доаѓање на Дедо Мраз од Лапонија, со неговиот волшебен воз во центарот на Скопје, преку приказна која се раскажува на различни локации: музејската постановка на Македонски железници, театарска претстава во салон и посета не волшебниот воз и подарок од Дедо Мраз за секој посетител во вагонот.
– Како куриозитет годинава во соработка со МЖ Транспорт, го имаме и легендарниот воз „Шпанец“, неодамна реставриран, во кој се пренесува новогодишната волшебна магија и со која посетителите ќе може да патуваат низ Скопје и да другаруваат со ликови од претставата. Претставата ги следи патешествијата со кои се соочува Дедо Мраз пред да стигне на Железничката станица во Скопје и неговото доаѓање е неизвесно, па му треба помош од неговите Елени, Џуџиња, Снешко, но најмногу од неговите обожаватели, децата, се вели во соопштението од „Од игра до претстава“, ЈП Македонски Железници – Инфраструктура Македонски Железници АД Транспорт.
Автор и продуцент на проектот е Миодраг Костиќ, а текстот и режијата на Игор Ивковиќ. Реставратор и автор на музејската изложба користена во проектот е дело на авторот Ванчо Милошевски.
Во претставата играат актерите: Дарко Вељиќ, Андреј Серафимовски, Тодор Стојковски, Симона Петрушева, Ведра Димова, Александар Спироски. Вклучени се и 40-тина учениците од училиштето за театар „Од игра до претстава“.
Визуелното обликување на проектот е доверено на Бранкица Јордановска, во соработка со Горан Сачкарски. Музиката е авторско дело на Драган Илиевски, а монтажата е на Андреј Златаноски.
За потребите на претставата, ќе бидат користени: локомотива создадена во 1942 година, серија 33 и вагон што е изработен во 50-те години на 20 век и бил во употреба до крајот на 70-те години, а сега реставриран по урнекот на „ОРИЕНТ ЕКСПРЕС“, како и од неодамна реставрираниот воз „шпанец“ серија 712/714.

Билети може да се купат на билетарницата на Железничка станица – Скопје, секој работен ден од 12 до 19 часот. Резервација на [email protected] и на телефонскиот број 075 295 905.
Македонија
Скопје повторно ќе пулсира во ритамот на виното со Винодонија 2025
Винодонија 2025 – најпрестижниот вински настан во Македонија и годинава ветува незаборавно искуство за сите љубители на виното. Деветтото издание на салонот ќе се одржува денеска и утре во Скопје, а посетителите ќе имаат можност да ги вкусат најдобрите вина од земјата и од странство, додека 15 гастро-изложувачи ќе ги надополнат елегантните вински моменти со ексклузивни деликатеси.
-Салонот ќе биде винска сцена за споделување на вкусови, емоции и моменти, идеално место за уживање во најдоброто од виното пред крајот на годината. Со внимателно одбран амбиент, богата програма и вински ритуали што ги слават сетилата, Винодонија 2025 воедно е и покана за достоинствено затворање на годината – со чаша вино во рака и со друштво што знае да препознае вкус и вредност. Со повеќе од 75 вински брендови кои ќе изложат над 500 вински етикети, Винодонија 2025 ветува незаборавно винско патување, најавуваат организаторите.
Интернационалниот карактер на Винодонија 2025 се огледува во присуството на винари и експерти од различни земји, кои ќе ги споделат своите најдобрите вина и најнови трендови во светското винарство. Оваа година, покрај македонските вина кои ја раскажуваат приказната на нашите лозја, посетителите ќе имаат можност да дегустираат и врвни вина од регионот и пошироко.
Водечкиот карактер на Винодонија 2025 ќе дојде до израз и преку едукативните работилници и предавања. Еминентни експерти од винската индустрија ќе споделат свои знаења на специјални мастер-клас дегустации и интерактивни сесии, кои се наменети за сите – од искусни вински познавачи до оние кои сакаат да ја продлабочат својата љубов и разбирање за виното.
Македонија
Магла кај Ресен и Удово, видливоста е намалена
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради магла до 50 метри има кај Ресен и Удово, информира АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

