Свет
Италијанските популисти спречиле муслиманска група да претвори црква во џамија

Ломбардиската популистичка локална самоуправа предводена од партијата „Лига“ ги блокираше плановите да се претвори една стара црква во џамија откако исламската група ги надмина христијаните на аукцијата за црквата во Бергамо, северна Италија, пренесува „Брејтбарт“.
Претседателот на регионот, Атилио Фонтана, минатиот викенд објави дека советот го искористил законот од 2004 година кој ѝ овозможува на регионалната влада да ја прекине продажбата во име на заштитата на културните локалитети.
Според локалните медиуми, аукцијата за поранешната болничка црквичка ја добила Муслиманската асоцијација во Бергамо, која сакала да ја претвори зградата во уште една џамија во градот откако дала поголена понуда од Романската православна црква, која ја користела локацијата од 2015 година.
„Ломбардија ќе го искористи правото што го има и нема да има простор за жалба во врска со продажбата на црквата. Јас никогаш не би ја ставил црквата на продажба и зачуден сум што болничкиот менаџмент не сфатил колку е чувствително ова прашање. Веќе го контактирав отец Георге Валеску, шеф на романската православна заедница во Бергамо, за да го охрабрам и да ги илустрирам активностите што се преземаат за да се обезбеди заедницата да не го загуби своето место за црковна служба“, рече Фонтана, наведувајќи дека советот има намера да го заштити христијанството во Италија.
Лидерот на „Лига“, Матео Салвини, кој од јуни е италијански министер за внатрешни работи, пред националните избори претходно оваа година вети дека неговата партија ќе стави крај на секое неправилно или навредливо исламистичко присуство во Италија, предупредувајќи дека исламот како религија претставува опасност за медитеранската нација која се бореше со безброј инвазии и напади од муслиманскиот свет во изминатите два милениуми, вклучувајќи го и вековната опсада на Сицилија.
„Векови историја се изложени на ризик да исчезнат ако исламизацијата, која досега беше потценета, конечно победи”, изјави Салвини во јануари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Не сум сигурен дека ќе влезам во рајот, но на многумина им го разубавив животот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е сигурен дека ќе може да влезе во рајот, но додаде дека „на многумина им го направил животот подобар.
Изјавата ја даде во претседателскиот авион Air Force One по потпишувањето на мировниот договор за Газа и ослободувањето на последните 20 заложници што ги држеше Хамас.
„Малку се шегувам. Мислам дека ништо нема да ме одведе во рајот. Можеби не сум предодреден за тоа. Можеби сум во рајот токму сега, додека летаме со Air Force One,“ рече Трамп.
Тој повторно ја обвини администрацијата на Џо Бајден за неспообност и додаде дека војната во Украина никогаш немаше да се случи доколку изборите во 2020 година не биле наместени.
Свет
Египетскиот претседател до Израелците: Претворете го овој историски момент во нов почеток

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси ги повика Израелците моментот на потпишување на мировниот договор за Газа да го претворат во нов почеток за поправеден и помирен живот во регионот.
„Погледнете кон подобра иднина за нашите деца,“ рече Сиси по потпишувањето на договорот во Шарм ел-Шеик.
На самитот присуствуваа Доналд Трамп и бројни меѓународни претставници. Обраќајќи му се на Трамп, Сиси додаде: „Господине претседателе, нека војната во Газа биде последната војна на Блискиот Исток.“
Свет
(Видео) Снимката кога Хамас ги разделува и киднапира го обиколи светот – сега повторно се заедно

Авинатан Ор (32) беше киднапиран заедно со својата девојка Ноа Аргамани на музичкиот фестивал кога Хамас го нападна Израел. Ноа беше спасена во израелска воена операција во јуни 2024 година. Во март оваа година, семејството на Авинатан добило знак дека тој сè уште е жив.
Денес, Авинатан Ор е ослободен и конечно се врати кај своето семејство во воената база Реим, на југот на Израел. Израелската војска објави трогателни снимки од неговата средба со родителите, Јарон и Дица.
„Толку многу се надевав дека ќе добијам прилика да ви кажам дека ве сакам и да ве видам уште еднаш во овој живот,“ рекол Ор по ослободувањето.
Former hostage Noa Argamani reunited with her boyfriend, Avinatan Or, after his release from Gaza.
The couple were kidnapped from the Nova Festival on Oct 7th 2023.
She was freed in a rescue operation in 2024.
Avinatan was released today after 2 years in captivity. pic.twitter.com/uWQM7dS5y3
— Oli London (@OliLondonTV) October 13, 2025
Видеото што го објави израелската војска го прикажува емотивниот момент кога Ор ја прегрнува својата девојка, Ноа Аргамани.
Двајцата беа киднапирани на музичкиот фестивал „Нова“ за време на нападите на Хамас на 7 октомври 2023 година. Снимката од киднапирањето, на која се гледа како Ноа ја одвезуваат на мотор, додека Авинатан го присилуваат да оди со рацете на грб, го обиколи целиот свет.
Ноа Аргамани беше спасена во јуни 2024 година, а на почетокот на овој месец се присети на последниот момент со својот партнер.
„Авинатан ми недостига сè повеќе со секој ден,“ изјави тогаш. „Се држам до надежта, секој ден, дека оваа ноќна мора наскоро ќе заврши и дека конечно ќе го живееме животот за кој сонувавме.“