Македонија
Во Скопје за една година собрани 3060 кубни метри отпад од диви депонии
Вкупно 3060 кубни метри отпад биле расчистени од екипите на ЈП „Комунална хигиена“- Скопје во период од една година, односно од октомври 2017 до октомври 2018, соопшти Абдусамед Шабани, директор на ова јавно претпријатие.
Според него, ваквите податоци претставуваат значително зголемување од дури 716 отсто во однос на истиот период лани.
„Апелираме до граѓаните својот отпад да престанат да го одлагаат на јавни површини бидејќи на тој начин директно влијаат врз загадувањето на животната средина“, изјави Шабани.
Според Законот за јавна чистота, комуналниот отпад смее да се одлага само во контејнерите и кантите поставени од страна на ЈП „Комунална хигиена“, додека претпријатието им ја нуди можноста на граѓаните својот кабаст отпад (застарен мебел, електронски и електрични апарати) бесплатно да го депонираат во Центрите за селекција на отпадот во Карпош и во Вардариште, како и во претоварната станица во Шуто Оризари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

