Македонија
Османи: Изборните реформи ќе завршат до претседателските избори
Изборните реформи ќе бидат имплементирани навреме за претстојните претседателски избори, изјави заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, за време на средбата со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која.
На почетокот на состанокот Османи ја потенцира важната улога на Мисијата на ОБСЕ во Македонија во поддршка на реформските процеси на Владата, при што додаде дека Мисијата на ОБСЕ одигра важна улога во надминувањето на многуте предизвици изминатиов период, особено во делот на изборните реформи, но и севкупно, во имплементацијата на принципот на владеење на правото.
„Изборните реформи се едни од клучните предизвици за наредниот период и имплементацијата на сите претходни препораки на ОБСЕ/ОДИХР, особено во пресрет на претседателските избори напролет, се наш приоритет“, истакна Османи посочувајќи и на другите реформи што ѝ претстојат на земјата во пресрет на новиот извештај на Европската комисија во април в година.
За време на разговорот соговорниците се осврнаа и на поддршката и помошта што Мисијата на ОБСЕ во Скопје ја обезбедува за Македонија во насока на исполнување на реформите и во другите области, како што се судството, медиумите и граѓанскиот сектор. Стана збор и за актуелните предизвици, односно за имплементација на планот 18, предизвиците за создавањето политичка поддршка за имплементацијата на уставните измени, подготовка на придонесот на земјава кон извештајот на Европската комисија, како и за сите други активности поврзани со европските интеграции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

