Свет
За италијанската крајна левица, тинејџерката силувана и убиена од мигранти имала среќа
Фејсбук-страница на една италијанска крајнолевчарска група вели дека 16-годишната Дезире Мариотини имала среќа што била дрогирана, силувана и убиена од група мигранти бидејќи сега ја сметаат за жртва, пренесува „Ил џорнале“.
Во постот, кој беше поставен на страницата Potere al Popolo (Моќта на надорот), се вели дека убиената Дезире имала среќа што ја убиле мигранти велејќи дека немало да има толку гнев меѓу Италијанците ако нејзините убијци не биле мигранти.
„Тоа посочува дека всушност не постојат права за жените, сè зависи од оние што ќе ве повредат. Среќата на Дезире е трагедија на илјадници жени кои се малтретирани и злоупотребувани од италијански мажи. Деновите поминуваат и Дезире станува сè повеќе и повеќе невина: таа беше наркоманка, но сега можеби тајно ја дрогирале, навистина таа дури и не барала дрога”, пишува авторот, кој е дел од групата „антирасисти”.
Италијанската полиција уапси тројца емигранти, двајца Сенегалци и еден Нигериец, во врска со наводното дрогирање, силување и убиство на 16-годишната Дезире Мариоттини. Убиството на тинејџерката во квартот Сан Лоренцо во Рим ги шокираше многумина во Италија, меѓу кои и популистичкиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини, кој рече:
„Ќе сторам сé за црвите виновни за овој ужас да платат за тоа.”
Обвинителите во случајот веруваат оти тинејџерката била дрогирана за да биде несвесна за време на силувањето, но исто така тврдат дека мажите кои ја дрогирале ѝ дале доволно дрога за намерно да ја предизвикаат смртта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Лекот за третман на рак веќе почна да се користи во болниците во Русија
Рускиот лек „Ракурс 223Ра“ за третман на рак веќе се појави во болниците, објави денес Руската федерална медицинска и биолошка агенција.
Како што е наведено, лекот веќе е регистриран и одобрен за употреба во клиничката онкологија, а првата серија е доставена до медицинските установи, пренесува РИА Новости.
Лекот е развиен во Димитровград и е базиран на радионуклидот радиум-223, кој првенствено се користи за контрола на коскените метастази.
Се вели дека неговото зрачење влијае на метастазите со намалување на болката кај пациентите, пренесува Танјуг.
Свет
(Видео) Најмалку 28 загинати откако кран се урна врз воз во Тајланд
Најмалку 28 лица загинаа, а 64 се повредени откако градежен кран се урна врз воз во движење во североисточен Тајланд. Во возот имало околу 195 патници во моментот на несреќата, која се случила околу 9 часот наутро по локално време во среда, јавува Би-би-си.
Кранот го исфрлил возот од шините и здробил неколку вагони, од кои еден се запалил. Спасувачите успеале да ги евакуираат патниците, а повредените биле однесени во регионалните болници. Меѓу 64-те повредени има едногодишно дете и 85-годишен маж, а осум се во сериозна состојба.
Владата нареди истрага за инцидентот, најновиот во низата смртоносни несреќи што се припишуваат на безбедносни пропусти. Тајландскиот премиер Анутин Чарнвиракул повика „некој да биде казнет и да биде повикан на одговорност“ за несреќата.
„Несреќи како оваа можат да се случат само поради небрежност, прескокнати чекори, отстапувања во дизајнот или употреба на неисправни материјали“, рече Анутин.
Свет
Поранешен израелски командант: Режимот во Иран ќе падне, наскоро ќе видиме голем американски напад
Пензионираниот бригаден генерал на израелската армија и претседател на Израелскиот форум за одбрана и безбедност (ISDF), Амир Авиви, процени дека режимот во Иран ќе падне и дека САД наскоро ќе интервенираат, пишува денес израелскиот весник „Џерусалем пост“.
„Денес можам да кажам нешто што не можевме да го кажеме пред еден месец: овој режим паѓа. Нема да има ирански режим и ова целосно ќе ја промени иднината на Израел“, рече Авиви на конференцијата доцна синоќа.
Авиви додаде дека очекува голем американски напад врз Иран.
„И навистина, мислам дека во многу блиска иднина ќе видиме масовен американски напад, со помош на Израел и демонстрантите. Мислам дека овој режим нема шанси и ќе падне“, рече претседателот на ISDF, невладина организација која собира десетици илјади резервни офицери и оперативци од сите гранки на израелските безбедносни сили.

