Црна хроника
Притвор за тетовецот кај кого беше пронајдена поголема количина дрога

Определен е 30-дневен притвор за тетовецот во чиишто објекти пред два дена беше извршен претрес и беше пронајдена поголема количина на наркотични супстанци, соопшти обвинителството.
Педесет и четиригодишниот жител на Тетово се товари за неовластено производство и пуштање во промет на дрога.
При претресот на домот и помошните простории во една од собите на кат беа пронајдени 992 грама наркотична дрога марихуана, околу 13 литри засега непозната течност, дигитална вага, дрвена дробилка, шприцеви и други предмети и материи. При претресот на другиот објект, пак, беше пронајдено поголемо количество, околу 40 килограми, наркотична дрога марихуана спакувана во над 70 полиетиленски ќеси со различна големина, како и ќеса со семки од растителна материја.
По наредба на Јавен обвинител била извршена фото и видеодокументација на пронајдените предмети при претресот, а предметите биле подигнати и испратени на вештачење.
За изминативе два месеца при претреси и полициски акции полицијата има откриени околу 200 дилери и уживатели на дрога на тетовско-гостиварското подрачје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.