Свет
Уапсен копилот на аеродромот Хитроу, имал скоро 10 пати повеќе алкохол во крвта од дозволеното
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/11/jal.jpg)
Копилотот на јапонската авиокомпанија JAL е уапсен откако паднал на тестови за алкохол и тоа во пресрет на полетувањето на авионот на линијата Лондон-Токио.
Возачот на автобусот кој го превезувал екипажот од хотелот до аеродромот намирисал алкохол и пријавил во полиција, по што по проверките на полицијата и тестовите за алкохол се покажало дека копилотот имал конзумирано алкохол.
42-годишниот, Кацутоши Јучукава се изјасни за виновен, велејќи дека имал скоро 10 пати повеќе алкохол во неговата крв од доволеното, објави АП.
Лондонската полиција соопшти дека Јучукава се појавил и пред судот и се изјасни за виновен.
Авиокомпанијата соопшти дека копилот бил уапсен на аеродромот Хитроу поради кршење на британскиот закон.
Тој признал дека испил две литри вино и една криглаа пиво пред летот.
Надлежните соопштија дека тој ќе биде задржан во притвор до 29-ти ноември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
28 милиони долари за кампањата на Бајден собраа холивудските ѕвезди
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/bajden-italija.jpg)
Голем број холивудски ѕвезди, меѓу кои и Џорџ Клуни и Џулија Робертс на синоќешната донаторска вечера за кампањата на претседателот Џо Бајден собраа 28 милиони долари.
Тоа е најголема сума во историјата собрана за некој демократски кандидат.
Донаторската вечера се одржа во театарот Пикок во Лос Анџелес, а водителот на емисијата „Лејт најт“ (Late night), Џими Кимел, ги интервјуираше Бајден и поранешниот претседател Барак Обама, кои ја истакнаа потребата да се победи поранешниот претседател Доналд Трамп.
Бајден истакна дека за време на неговиот претседателски мандат „усвоен е секој главен закон што бил планиран“. Додека Обама изрази восхит за сеопфатната легислатива за здравствена заштита, јавни работи, животна средина, новите технологии, безбедноста на оружјето и другите големи иницијативи што ги спроведува сегашната администрација.
Трамп синоќа беше во Детроит и ја критикуваше економската политика на Бајден.
Европа
Германската полиција уби навивач кој со секира влегол во фан-зоната на Европско првенство (ВИДЕО)
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/germanija.jpg)
Германската полиција во Хамбург имаше полни раце работа. Во градот каде хрватската фудбалска репрезентација ќе го одигра следниот натпревар на ЕП, оној против Албанија, полицијата застрела и уби еден маж. Германските полицајци биле принудени на тоа, бидејќи мажот сакал со секира да нападне случајни минувачи во фан-зоната за време на Првенството.
Напаѓачот во Хамбург прво ги нападнал навивачите со секира, а потоа ги нападнал и обезбедувањето.
Полицијата прво употребила солзавец, а потоа пукала. Еден од истрелите на полицаецот бил предупредувачки, а вториот го погодил.
Наспроти првичните вести, нападот очигледно нема никаква врска со Европското фудбалско првенство.
„Местото на нападот е далеку од просторот каде се следат првенствените натпревари. Нема индиции дека напаѓачот има врски со некоја од навивачките групи“, соопштија од полицијата.
Денеска во Хамбург се игра натпреварот помеѓу Полска и Холандија и градот е преполн со навивачи на двата табора.
Европа
Четворица загинати во страшна сообраќајка во Грција, пожарникарите го сечеа возилото за да ги извадат телата (ВИДЕО)
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/soobrakajka.jpg)
Во сударот меѓу автобус и автомобил, што се случи денес наутро пред Токсотес Ксанти, на стариот национален пат Ксанти-Кавала во Грција, четири лица загинаа, а три се повредени.
Според првите информации, во судирот што се случил нешто по 08:00 часот, едно возило изгубило контрола и удрило во автобус што минувал.
Патниците загинале на лице место, а пожарникарите го сечеле возилото за да дојдат до телата на настраданите во автомобилот.