Македонија
Владата денеска ќе ги достави нацрт-амандманите до Собранието
Владата денеска ќе ги достави нацрт-амандманите на Уставот до Собранието.
„Владата на Република Македонија ја одржува својата редовна 99. седница, на која на дневен ред е текстот на нацртот на амандманите на Уставот на Република Македонија, која Владата денеска ќе ги достави до Собранието на Република Македонија“, информираат од Владата.
Премиерот Зоран Заев вчера попладне имаше втора средба со новата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. По средбата тој изјави дека имаат решение што сега треба да се преточи во зборови.
„Сакам да најавам дека на предложените нацрт-амандмани, секој пратеник во Собранието има можност да додаде свои дополнувања на овие амандмани, како што се прави за секој закон. Ова го кажувам зашто остануваме отворени за сè што e во духот на договорот, сè што е возможно, да направиме инклузивен процес што би предизвикал поголем обем на консензус во македонскиот парламент, со конечна цел да застанеме заедно, како што ни личи, при утврдување на протоколот и процедурите за заокружување, за имплементација на договорот од Преспа меѓу Република Македонија и Република Грција“, изјави Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

