Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Нема епилог на истрагата за предреферендумскиот повик на Заев за поткуп
Криминалната и одродена власт има само една цел, а тоа е да ги натрупаат сопствените банкарски сметки преку брутален грабеж на државата и народот. Половина од мандатот го потрошија на криминал, милионски тендери во четири очи и распродажба на националните интереси, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според опозицијата, Зоран Заев е единствениот премиер во Европа кој е аболициран четири пати за криминал. Еднаш за „Глобал“ во висина од 8 милиони евра, вторпат за случајот „Поткуп“ познат во јавноста како “евро за Вицето, евро за црквата“, трет пат за Пуч и четврти пат за барање упатено до бизнисмените да вршат поткуп на граѓани да излезат на референдум, за што постојат и видео докази.
,,Јавното обвинителство иако најави истрага за предреферендумскиот повик на Заев за поткуп од страна на бизнисмените епилог се уште нема. Постои видео инсерт од предреферендумскиот собир на Заев во Крива Паланка, каде што Заев вели: – Денеска во Владата се видовме со инвеститорот на „Минстрој“, вели „Испратив порака до работниците, да излезат сите и да гласаат на референдумот. Тоа е добро за Македонија, за Крива Паланка, но и за мојата компанија затоа што се отвораат перспективи“. И не само тоа, вети дека ќе даде и некоја награда плус на работниците.
Заев во говорот продолжува и вели: – Јас апелирам до сите бизнисмени ајде, почастете ги малку работниците. Сега ова е важно и за компаниите и за граѓаните и за државата. Ако некој има, газдите имаат, бизнисмените имаат можат малку да отворат ќесето повеќе. Ова е директен повик за поткуп при избори и гласање казниво согласно чл.162 од КЗ и е директно загрозување на правото на слободата на гласачите, со што се крши чл.160 од КЗ.
Од оваа изјава на Заев постојат доволно индиции и укажување на докази кои се доволни против Заев веднаш да биде покрената постапка. Јавното обвинителство наместо да постапи веднаш и без одлагање чекаше да помине референдумскиот процес за да соопшти дека ќе поведе истрага”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
,,Помина еден месец откако Јавното обвинителство кажа дека ќе покренува истрага, но резултат од тоа уште нема, од ова произлегува само едно, дека институциите на системот не се заинтересирани да постапуваат по случаи каде постојат индиции за криминал извршен од страна на Зоран Заев. Хаосот и криминалот кој се прави од власта не смее да продолжи. Секој еден претставник на власт треба да знае дека за било кое нелегално дејствие одговорност ќе има, кога ќе се врати правната држава”, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Предновогодишен РЕсет со Елена Бубало во СРЦ „Борис Трајковски“
Сите кои се трудат да го одржат своето тело во добра кондиција, во недела на 1.12.2024 година ќе можат да се приклучат на фитнес вежбите под раководство на познатата инструкторка Елена Бубало и нејзиниот тим.
Настанот ќе се одржи во малата сала на Спортско рекреативниот центар Борис Трајковски во Скопје, со почеток од 10:30 часот. Сите заинтересирани можат да се пријават на следниот линк
„РЕсет“ настанот е во организација на Реплек, а како и на претходниот, покрај можноста за вежбање со искусната инструкторка Бубало, ќе биде поставено и детско катче со спортски реквизити за деца до 6 години, додека поголемите деца ќе можат слободно да се приклучат и да вежбаат заедно со своите родители. Во рамките на „РЕсет“ настанот, Реплек обезбедува соодветна опрема и освежување за сите кои ќе вежбаат.
Ова е веќе трет настан од ваков вид и последен за оваа година. Претходните два, одржани во јуни и септември, привлекоа голем број учесници кои имаат сè поголем интерес за активниот начин на живот.
Овој тип на настани ќе продолжат и во 2025 година, како дел од платформа за добросостојба на Реплек именувана „РЕсет“. Платформата има за цел да поттикне ведар дух, здраво тело и ментална сила сѐ со цел создавање промени и унапредување на општествената култура.
Покрај промоција на активниот живот, платформата „РЕсет“ беше домаќин и на едукативни работилници со Илина Арсова и Борче Стаменов, со кои се разговараше на повеќе теми, меѓу кои и добросостојбата.
Соопштенија
Нептун со најголемиот Black Friday досега!
Нептун, најголемиот малопродажен ланец за бела техника и електроника во Македонија, е подготвен да ги воодушеви своите клиенти со најголемите попусти досега за Black Friday!
До 02ри декември, посетителите ќе имаат можност да уживаат во: неверојатни попусти на широк асортиман производи, до 60 рати со haPPy инстант кредитот, ограничени количини за најдобрите понуди – затоа побрзајте!
“Black Friday е нашата шанса да ги наградиме нашите клиенти со цени кои не можат да се одбијат. Оваа година ветуваме уште поголема понуда и најдобра шопинг авантура. Не пропуштајте ја можноста да купите врвна техника и брендови по најдобри цени. Ајде во Нептун! и откријте зошто сме број еден избор на пазарот.” изјавија од Нептун. Посетете ги продавниците на Нептун или купувајте онлајн на www.neptun.mk.
Соопштенија
Центарот на Тиквешијата расте во модерен град: поглед кон Кавадарци низ илјада ARTEVO-прозорци
Новиот повеќенаменски комплекс во Кавадарци, LittleAmerika ветува висок комфор во домовите со високо енергетско ефикасни решенија, и со извонредна топлинска изолација благодарение на прозорците изработени од најновите профили на РЕХАУ Македонија, ARTEVO.
Ликот на Кавадарци полека, но сигурно се менува. Не само од естетски аспект како модерен европски град, туку и според изборот да се вградат градежни решенија чиј фокус е одржлива иднина, и иднината на новите генерации. Новиот повеќенаменски комплекс на вкупна површина од 35.000 м2 во новиот центар на Кавадарци, LittleAmerika почна да заличува на ветениот грандиозен објект чиј главен приоритет е највисоко ниво на енергетска ефикасност. Комфорни домови и пријатни деловни простории со можности за заштеда на енергија до 70 отсто, извонредна топлинска и звучна изолација кои обезбедуваат услови за удобност, квалитетно минато време, и мир за станарите и за вработените.
Довербата да се обезбедат најдобрите решенија за прозорци и врати достапни на македонскиот пазар, инвеститорот на објектот ја додели на Рехау Македонија, водечкиот премиум бренд за полимерни решенија, кои ќе вградат профили од најновиот прозорски систем, ARTEVO.
Можностите на ARTEVO се неограничени, објаснува Сашко Даев директор на РЕХАУ Македонија, Косово и Албанија.
„Потрошувачите на македонскиот пазар препознаваат квалитет кој носи додадена вредност на инвестицијата. Едноставно на пазарот од секогаш сме имале понуда која исполнувала стандарди за квалитет и ја оправдувала инвестицијата. ARTEVO е најновиот прозорски систем на нашиот пазар, и веднаш стана препознатлив по карактеристиките кои овозможуваат енергетската ефикасност до совршеност, односно обезбедува извонредна топлинската и одлична звучна изолација. Со инвеститорот на LittleAmerika договоривме да се вградат профили за речиси 1.000 прозорци за комплексот кој е во изградба“, вели Сашко Даев директор на РЕХАУ Македонија, Косово и Албанија.
Современиот станбено – деловен комплекс LAShoppingandliving ќе се состои од три станбени објекти и еден деловно-трговски објект, а ќе биде центарот на новото урбано живеење во градот и во регионот, но визија на инвеститорот е да привлече и туристи во најпознатиот македонски вински регион.
Со овој систем за архитектите веќе нема невозможно, затоа што е лесно прилагодлив за исполнување на нивните идеи и замисли. Односно, системот ARTEVOго користи иновативниот материјал со високи перформанси RAU-FIPRO X – компoзитен материјал зајакнат со стаклени влакна кој во потполност ги редефинира границите на она што е изводливо во поглед на големините на прозорците. Материјалот овозможува висина на прозорските елементи до плафон, односно висина на крилото до 2,80m.
Новиот комплекс ќе ја подигне свеста за комфор на повисоко ниво поради квалитетот на материјалите и удобноста на живеење која ќе ја креираат во новите станови.
Севкупниот простор со објектите е дизајниран да ги задоволи највисоките естетски и архитектонски критериуми преку примена на модерен архитектонски израз и современи материјали. Зградите ќе имаат деловни простории на приземјетo, а на останатите седум ката и поткровјата предвидени се двособни, трособни, четирисобни станови и дуплекси. Секоја зграда е опремена со паркинг на две нивоа, зеленило и заеднички простори. Невообичаено ќе изгледа и кровниот дел, или како што популарно го нарекуваме “rooftop”-от на секој од објектите ќе биде уреден како заеднички простор за дружење со зелена градина, базен, сауна и теретана, обезбедувајќи приватност на станарите. Во комплексот се вградува и најсoфистицираниот систем за греење и ладење што ќе придонесе за заштеда на електрична енергија приближно до 70%.
Како треба да изгледа комплекстот LittleAmerika и што се е предвидено да има можете да најдете на нивната страница – https://littleamerica.mk/
Инвеститор: Тиквеш Инвест Дооeл, Кавадарци
Архитектонско биро: Студио К2 Архитекти Доо Скопје, архитект: Крсте Петров, диа
ПР објава