Македонија
Скопјани чекаа во редици за да дознаат како би изгледале нивните дневни соби во иднината
По големиот успех на јавното предавање и работилницата со Форензик Архитектура во соработка со Музејот на современата уметност во Скопје, Британскиот совет продолжува со презентација на програмата во рамки на фестивалот PlayUK Arcadia 2018.
Британската амбасадорка Рејчел Галовеј официјално ја отвори изложбата на видео игри синоќа, на 2 ноември во Младинскиот културен центар и во нејзиното обраќање нагласи: „Иновативноста е одличен начин за поврзување на луѓето бидејќи постојат извонредни индивидуи и во Велика Британија и во земјите од Западниот Балкан. Преку оваа програма, Британскиот совет создава врски помеѓу професионалците од Обединетото Кралство и од земјите од регионот. Тоа е во сржта на работата на Британскиот совет.“
Повеќето посетители имаа единствена можност да уживаат во алтернативните видео игри, дел од нив претставени пред публиката за прв пат, од Велика Британија и од Западен Балкан. Највпечатлива беше инсталацијата „Дневна соба на иднината“ за која луѓето чекаа во редица и до еден час за да дознаат како нивните дневни соби би можеле да изгледаат во иднината.
Во музичкиот дел од програмата, светски познатиот диџеј Бен Пирс ќе ја заземе сцената вечерва заедно со Ода Халити и Нино Наумов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

