Македонија
Полицaјците добија нови униформи
Во рамки на нашите континуирани активности, а согласно примарната задача за подобрување на условите за работа на полициските службеници, поделивме нови униформи за потребите на нашите најмлади колеги- новопримените полициски службеници од последните конкурсни циклуси, рече министерот Оливер Спасовски на претставувањето на новонабавените униформи за полициските службеници во кругот на СВР Скопје. Станува збор за набавка на 1.200 униформи за припадниците на полицијата кои што се состојат од капи, кошули, вратоврски, виндјакни, маици, ремени…

,,Затекнавме многу лоша состојба со опременоста на полициските службеници, скоро една деценија без набавка на униформи. Сега таа состојба ја менуваме од корен, создавајќи базични предуслови за нормално и непречено функционирање на полициската служба во целина. Она што го затекнавме беше субстандардни услови во кои што работеа полициските службеници. Таа недопустлива состојба ја менуваме и нема да престанеме во нашите напори се додека не се воспостави еден нормален, пристоен и функционален амбиент за работа на сите полициски службеници. Затоа што само со овозможување на тие елементарни услови за работа, полицијата ќе биде ефикасен и квалитетен сервис на граѓаните”, рече Спасовски.

Пред десетина дена беше набавена униформата за Единицата за специјални задачи, претходно за припадниците на Одделот за обезбедување, како и за други полициски службеници, а и во наредниот период продолжува опремувањето на полициските службеници. Продолжуваат и активностите за реновирање на полициските станици, а од наредниот месец се зголемува и платата на полициските службеници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)
Македонија
СДСМ-Кисела Вода бара итна исплата на надоместоците за избирачките одбори
Општинската организација на СДСМ-Кисела Вода од градоначалничката на оваа општина бара итно постапување по одлуката на Советот на Општина Кисела Вода од 7-та пленарна седница одржана на 29 јануари 2026 година, со која е предвидена исплата на надоместоците на членовите на избирачките одбори од последните локални избори.
Во писмото се наведува дека одлуката е донесена, средствата се обезбедени, но дека изостанува извршната постапка.
„Одлуката е донесена. Обврската е јасна. Средствата се обезбедени. Она што недостасува е – Ваша извршна постапка“.
Од СДСМ – Кисела Вода порачуваат дека станува збор за средства обезбедени од државата за реализација на изборниот процес и оценуваат дека секое понатамошно одлагање претставува поткопување на институционалниот интегритет.
Тие бараат најдоцна до утре да се пристапи кон исплата на средствата согласно одлуката на Советот.
Во спротивно, советничката група на СДСМ најавува испраќање официјален допис до Државната изборна комисија, известување до Министерството за локална самоуправа и информирање на претставници на меѓународната заедница.

